Моќно изигра вчера Вардар, браво, човек и да сака не може да им најде ни најмала забелешка вчера за играта Лацковиќ е човекот кој позитивно ме изненадува иако на почетокот сите се сомневавме во него со оглед на годините и повредите засега одлично се држи и игра одлично. Алекс вчера исто распали, после Лац, Столе ме израдува вчера што добро изигра во одбрана и даде голови нека продолжи така. Најдобрата работа вчера беше што Раул ги изротира играчите ја смени првата постава па ги измеша во текот на второт полувреме, а тоа најдобро го искористија и Прибак и Марковиќ особено сите беа на ниво вчера. Иако имаа мал пад на почеток на второ, тоа се однесува најмногу на Диви сепак се разбрани Дивиот тогаш кога требаше.
Одличен вовед во посериозните мечеви во ЛШ, рано е сеуште но според мене вистинските предизвици доаѓаат против Рајн и Веспрем тогаш ќе момците ќе бидат на сериозен испит и ќе треба да ја потврдат играта од последниве мечеви против Целје Загреб и Медведи.
Што се однесува за салата, вака на прв поглед е добра и нова модерна сала за тим што сака да прерасне во европски тим, не може на сите да им се допаѓа факт е тоа, мене лично (покрај локацијата

) ми се допаѓа е што има 4 трибини, има доволно влезови, опремена е на високо ниво од аспект на техника, семафарот е

, првпат во Македонија во некоја сала да можеш да дишеш.
Не ми се допаѓа единствено што салава бидејќи се градеше од 0 можеше да биде поголема, но кога е веќе изградена делот со ВИП кремците не го разбирам и единствено нешто што ми пречи. Тотално неправилно искорситен простор.
Околу целиот метеж, навикенте се, булевар АСНОМ е единствената патна поврзаност до салата и нормално е дека ќе има таков метеж, само се чудев вчера зашто не беше пуштен паркингот или тој ќе биде резервиран само за ВИП-от што ќе се паркира, но и да биде дозволено паркрање мислам дека паркингот е мал.
Фан шопот е одлично осмислен, дресовите се солени, сувенирите како што очекував се со пристпани цени, и единствено нешто што во овој период планирам да си купам за да направам и јас сефте од ФУН шопот.
Му пукнававме сеир на спикерот после снимката што ја изгледав мислам дека играчите ги преставуваше како и отворањето на салата го најави Гораст Цветковски се надевам дека сум грешка ама до толку слабо читање не бројките немам слушанато

.
ПС И моментот е кога пациенти што ги имам на фб, што се за Металург ќе ми напишат дека Самсонеко го купил натпреварот по руска линија не е можно Вардар да е толку јак
.