Според Лико, Недановски, Јовчевски и Чаневски се префрлени во обновениот МРК Вардар...
Многу нелогична одлука. Што бараат дрво како Чаневски да го држат во тимот

Кизиќ, голманот на младинците е добар голман во најава, и место да брани он, ќе ни брани голман што веќе не е толку млад, а и не покажал ништо особено во претходниве сезони...
Недановски според мене е потребен за првиот тим. Доколку игра за МРК Вардар, тогаш на мечевите од Македонско првенство нема да може да игра за РК Вардар, па тогаш ќе мора да ги играме Дибиров и Марковиќ на утакмици на кои реално шанса треба да добиваат други играчи. Ќе им се фати да ги играат сите мечеви во сезоната.
Иста ситуација и на
десен бек со Јовчевски. Јовчевски додуша и не е квалитет за првиот тим, така да нека се проба во МРК Вардар, да фати некој континуитет на настапи и потоа да се продаде некаде...
Во ЛШ или во СЕХА ако се јави потреба да биде земен некој од нив, можат да бидат земени иако ќе настапуваат за МРК Вардар.
Кукоски нигде не е спомнат што по некоја логика ќе значи дека останува во првиот тим
Инаку на МРК Вардар тренер ќе биде Пепи Манасков и официјално почнуваме од прва лига (втора лига по квалитет, после суперлигата).