Фан клуб - РК Вардар

Тој што гсе пали највеќе по нивнине евенти имаше забрана од Комити да носи реквизити во школо, и цело време лижеше гз кај Комити. А брат му негов до 2008 молеше да оди на утакмици на ФК Вардар. Истовремено е запален по МЗТ. Пошто идна година Самсоненко ќе го земе и МЗТ, баш ќе биде интересно како во еден спорт ќе навиваат за тим спонзориран од Самс, во друг спорт против тим спонзориран од Самс.

П.с.сум ја пропуштил забавата на темава :(
 
Следниот паметњаковиќ кој ќе дојде во темава со муабетот Никој како тебе друг не го ебе Вардар, ќе си заработи казнени поени. Песнички што немаат ни поента, ни рима, во соодветната тема, не во противничкиот фан клуб. Фала многу, пријатно.
Парти брејкер, што да ти кажам :)
 
Тој што гсе пали највеќе по нивнине евенти имаше забрана од Комити да носи реквизити во школо, и цело време лижеше гз кај Комити. А брат му негов до 2008 молеше да оди на утакмици на ФК Вардар. Истовремено е запален по МЗТ. Пошто идна година Самсоненко ќе го земе и МЗТ, баш ќе биде интересно како во еден спорт ќе навиваат за тим спонзориран од Самс, во друг спорт против тим спонзориран од Самс.

П.с.сум ја пропуштил забавата на темава :(

Ова јас не го разбирам. Што има врска кој го спонзорира клубот за кој навивам? Пример јас можеби не ги сакам Самсунг, а они се главни спонзори на Челзи и сега јас не треба да навивам за Челзи??? Нема логика. Ти ако си за СДСМ нема да навиваш за Вардар зашто Самсоненко ги поддржува вмро?
 
Леле споредбава бе, у исти кош стави мултинационална компанија со политичка партија.
Не зезај, аман.
Политиката треба да биде надвор од спортот, нема што некоја политичка партија да користи одреден клуб за своја промоција.
Самсоненко нека биде за кого сака, ама тоа нека си биде негово лично убедување, а не да го користи клубот за политички цели.
 
Судиите ќе биле познати на еден час пред натпреварот.

Мое мислење е дека титулата делумно е изгубена во Борис. Да видиш цела утакмица да имаш по 3-4 гола разлика и на крај да победиш со еден е испуштена шанса. Друг е муабетот да отидевме со 3-4 гола предност.

Би сакал да грешам, би бил пресреќен ако испадне обратно али според ова до сега мислам дека во голема мера шансата за титулата ја испуштивме во Борис. Али ќе дознаеме утре за тоа.

Највеќе ќе ми биде криво зашто сме за цела класа поквалитетен тим и играчки и тактички. Али коа нејќе, нејќе.
 
Леле споредбава бе, у исти кош стави мултинационална компанија со политичка партија.
Не зезај, аман.
Политиката треба да биде надвор од спортот, нема што некоја политичка партија да користи одреден клуб за своја промоција.
Самсоненко нека биде за кого сака, ама тоа нека си биде негово лично убедување, а не да го користи клубот за политички цели.

Ти читаш кого сум цитирала и за што? Ајде еве не мешам политика, не ми е логично да не навивам за клубот (еве да речеме МЗТ) само затоа што Самсоненко ќе го спонзорира истиот, а јас сум за Металург. Тебе ти има логика? Или вие сега сите што навивате за Вардар, ќе навивате за МЗТ заради истата причина.

Пошто идна година Самсоненко ќе го земе и МЗТ, баш ќе биде интересно како во еден спорт ќе навиваат за тим спонзориран од Самс, во друг спорт против тим спонзориран од Самс.
 
Највеќе ќе ми биде криво зашто сме за цела класа поквалитетен тим и играчки и тактички. Али коа нејќе, нејќе.

Ова подолго време веќе го читам од повеќемина од вас. Зошто сте толку убедени дека Вардар е за цела класа поквалитетен тим од Металург? Јас мислам дека во последно време почнавте да мешате убав и модерен со квалитетен. Металург можеби не игра убав или атрактивен ракомет, ама воопшто не мислам дека заостанува во квалитет сезонава зад Вардар. Напротив, цела сезона велам, а еве и пак, и двете екипи се прилично изедначени оваа година. И баш е убаво што играат драстично различен ракомет, па може да се следи судир на комплетно различни филозофии.

П.С. За тоа дали сте ја изгубиле титулата во БТ, ќе видиме. Мене ми се чини, дека домашниот терен и салата, одамна престанаа да бидат важен фактор во дуелите меѓу Вардар и Металург. Веќе сите се навикнати на се, нема никаков фактор изненадување.
 
Пак добро мислењето го базирам на повеќе аргументи. Играчкиот кадар е класа поквалитетен и посебно во нападот е многу поразновиден. Крилата на Вардар од позиционен напад се далеку поквалитетни и поопасни за разлика од крилата на Металург кои при пасивен напад како да не постојат. Генерално нападот на Металург е многу едноставен, се базира на правење простор и шут на Вугринец и со повремени блесоци на другите играчи. Доколку Вугринец е добро затворен или индиспониран, многу е веројатно Кил сценарио. Нападот на Вардар е далеку поразновиден и како машина по доаѓањето на Гонзалес. Закана има од крилата од пикер и од вкрстувањето на брзите бекови. Единствен недостаток е бек шутер. Одбраната исто игра на високо ниво.

Доколку се тргне во отворена игра и бркање резултат неспорно е дека ќе бидат топовско месо за Вардар.

Во врска со квалитетот ,не спорам дека не се квалитетни, туку напротив сметам дека Лино го вади максимумот од нив. Може не изгледа убаво но дава резултати точно, но сметам дека се сепак класа подолу од моменталниот Вардар.

Е сега има тука и џокер фактори како на пример, голмански ден и каков критериум ќе наметнат судиите.

За ова со домашен терен не сметам дека Вардар ќе се уплаши од десетици девојачки гласови, туку предноста ја гледам во искуство на теренот. Додека они секојдневно тренираат на тој терен, Дибиров, Душебаев, Брумен и уште некои никогаш или само еднаш играле таму. Тоа по мене е голема предност.

Единствена причина зашто дуелот не беше решен по првиот натпревар е зашто Вардар не функционираше како што треба во крајот на натпреварот.

Поради лошата карма, нов терен, психички колку паднаа некако не сум оптимист.[DOUBLEPOST=1399463463][/DOUBLEPOST]П.С.

Ми се свиѓа што резултати од филозофијата на Гонзалес и Давис најубаво се гледаат кај Филип Лазаров и неговиот пристап кон играта.

Додатно за филозофијата на Лино може да кажам дека ќе дава резултати и одговара на играчите кои се таму за да го дадат својот максимум. Но сум сигурен дека никогаш нема да даде резултати против екипи како Рајн Некар, Кил, Хамбург, Киелце и слични од самиот врв.

Оти тренери како Гисласон, Гудмурсон и Душебаев го читаат Лино како читанка за прво одделение, тука и Раул би го додал се разбира со овој кадар и доколку тимот игра по договореното. На таа негова филозофија одамна и е најдено чарето.
 
Последно уредено:
Ова јас не го разбирам. Што има врска кој го спонзорира клубот за кој навивам? Пример јас можеби не ги сакам Самсунг, а они се главни спонзори на Челзи и сега јас не треба да навивам за Челзи??? Нема логика. Ти ако си за СДСМ нема да навиваш за Вардар зашто Самсоненко ги поддржува вмро?
Споредбава ти вришти.
Како прво овде се работи за два различни спорта и две различни екипи.
Во ракомет навиваат за РК Металург, а РК Вардар им е најголемиот непријател. Цело време го исмеваат Самсоненко и тоа што влегол во кампања (патем првејќи се наудрени дека целата нивна екипа заедно со спонзорот беше истотака вклучена во партиска кампања), па дури и како причина за гостувањето во Струмица рекоа : "Одиме пошто Руското педерче сакал нечесно да игра". Демек на нив им е испод чест да идат на мечеви од Мак лига, али ваму ќе иделе само зашто слушнале дека Самс им ветил пари на Струмичани ако ви скинат бодови.

Во исто време голем дел осд нив (меѓу кои и типот што го посочив) навиваат за МЗТ Скопје, тим во кој идна година спонзор ќе им биде истото тоа Руско педерче кое го вреѓаат на ракомет.
Најди НЗС?
 
да не се повторувам по сто пати, само ќе се цитирам :D

Ти читаш кого сум цитирала и за што? Ајде еве не мешам политика, не ми е логично да не навивам за клубот (еве да речеме МЗТ) само затоа што Самсоненко ќе го спонзорира истиот, а јас сум за Металург. Тебе ти има логика? Или вие сега сите што навивате за Вардар, ќе навивате за МЗТ заради истата причина.

Пошто идна година Самсоненко ќе го земе и МЗТ, баш ќе биде интересно како во еден спорт ќе навиваат за тим спонзориран од Самс, во друг спорт против тим спонзориран од Самс

јас не можам ни тие да ги сфатам и да им најдам НЗС, а ни вас :) Они го исмеваат Самсоненко зашто толку им сече, а и немаат за што друго да се фатат.
А и не е ни битно кој го спонзорира клубот, битно е клубот да опстојува, да игра убав ракомет/кошарка/фудбал и да вреди да одиш на утакмици и да навиваш.
Јас конкретно навивам за МЗТ, ама нема да престанам да навивам само зашто Самсоненко ќе го спонзорира клубот.
 
Ајде вака, ќе одиме со ред.

Пак добро мислењето го базирам на повеќе аргументи. Играчкиот кадар е класа поквалитетен и посебно во нападот е многу поразновиден. Крилата на Вардар од позиционен напад се далеку поквалитетни и поопасни за разлика од крилата на Металург кои при пасивен напад како да не постојат. Генерално нападот на Металург е многу едноставен, се базира на правење простор и шут на Вугринец и со повремени блесоци на другите играчи. Доколку Вугринец е добро затворен или индиспониран, многу е веројатно Кил сценарио. Нападот на Вардар е далеку поразновиден и како машина по доаѓањето на Гонзалес. Закана има од крилата од пикер и од вкрстувањето на брзите бекови. Единствен недостаток е бек шутер. Одбраната исто игра на високо ниво.

Апсолутно не се согласувам дека играчкиот кадар на Вардар бил за класа поквалитетен. Еве ќе одиме позиција по позиција:

бекови - Вугринец е поквалитетен бек од сите што ги има Вардар. Атман, најверојатно исто така, со тоа што тука некаде е во напад со Карачиќ и Душебаев, но е подобар во одбрана. Миркуловски е подобар од Прибак, Циндриќ е на слично ниво, ама понеискусен. Ф.Лазаров е тука некаде со Борозан, Петриќ е подобар од Кеџо. Намерно не го ни спомнав Наумче, бидејќи одамна не е фактор во оваа сезона, а инаку и тој би бил од рангот на Карачич/Душебаев. Се на се, предност: Металург
крила - крилата на Вардар се подобри и на левата и на десната страна, особено на левата, но и крилата на Металург се адекватни за да може тимот да биде јак. Тие не би рекол дека се слабост. Предност: Вардар
пикери - пикерите на Вардар се далеку подобри и покомплетни играчи од пикерите на Вардар. Тука е слабоста на Металург, пред се затоа што Димовски не може ни да се врати, а не пак да игра одбрана. Сите 3 на Вардар се подобри. Голема предност: Вардар
голмани - голманите на Металург се поквалитетни. Всушност Станиќ е многу поквалитетен, додека Мијатовиќ и Митревски се на слично ниво на Милиќ и Ангелов (Малумбрес според мене не е добар голман но е корисен како трет бидејќи може многу да му тргне на секоја 15та утакмица). Предност: Металург

Кога ќе ставиш се на кантар, екипите се тука некаде по играчкиот кадар.

Што се однсува до тактиката, Вардар игра повеќе системски ракомет, со прецизно осмислени акции, а Металург е повеќе read and react со елементи на одлична уиграност меѓу некои играчи бидејќи долги години се заедно. Едноставен е релативна работа, исто како што и комплексен не значи подобар. Навидум можеби делува едноставно, ама факт е дека тие до стотинка прецизно осмилени акции за Вугринец преку блокови од Димовски/Миркуловски не се воопшто лесни да се изведат без губење на многу топки. Да не ни зборувам за проигрувањето на пикерот. Дека Вардар многу повеќе може да рашири во напад преку крилата не е спорно таму е појак, ама при централни бековски напади, Металург е неспорно подобар. Не го потценувајте значењето на бековите шутери, убаво ви вели Коњаникот кој цела сезона е потресен што нема Вардар бек што може да распали од 9 без проблем.

Од друга страна, во одбрана Металург е поквалитетна екипа, макар што Вардар е подобрен последние месеци.

Доколку се тргне во отворена игра и бркање резултат неспорно е дека ќе бидат топовско месо за Вардар.

А зошто би се тргнало? Има некое правило каде пишува дека така треба да се игра? И обратно може да се каже нели, ако Вардар игра бавно и централно на граница на пасивен ќе биде топовско месо за Металург.

Нормално е и двете екипи да си ја форсираат играта кој повеќе им одговара, едните брзо и широко отворено, другите бавно и централно, ама тоа не ги прави едните подобри од другите и обратно.

Е сега има тука и џокер фактори како на пример, голмански ден и каков критериум ќе наметнат судиите.

Точно е тоа, ама затоа се споредува просечен ден на голманите кога се анализира. Константноста е битна. А за судиите, најчесто играта која тие ја дозволуваат е измеѓу онаа која ја посакуваат и двете екипи во една ваков дуел на тотално различни пристапи. Конкретно, мене ми изгледа дека Вардар често бара алиби во тоа што Металург сака бавно да игра. Па не можете вие сосила да ги натерате брзо да играат оти така ви одговарало. Се додека се во рамки на правилата што сакаат може да прават. А нападите на Металург не се бавни толку многу затоа што судиите им дозволуваат туку затоа што, штом се стигне до пасивен знаат како одејќи на шут да изнудат фаули и губат време при изведувањето на 9те метри. Не прекршуваат никакви правила со тоа ниту пак судиите ги фаворизираат.

Додатно за филозофијата на Лино може да кажам дека ќе дава резултати и одговара на играчите кои се таму за да го дадат својот максимум. Но сум сигурен дека никогаш нема да даде резултати против екипи како Рајн Некар, Кил, Хамбург, Киелце и слични од самиот врв.

Оти тренери како Гисласон, Гудмурсон и Душебаев го читаат Лино како читанка за прво одделение, тука и Раул би го додал се разбира со овој кадар и доколку тимот игра по договореното. На таа негова филозофија одамна и е најдено чарето.

Тактиката на Червар на секој полуписмен тренер од втора лига му е јасна и прочитана. Тоа не е нешто посебно. Ама 90% од екипите пак не можат да ја победат. Разликата во дуелите против овие тренери ја прават многу појаките играчи кои ги имаат, а не толку прочитаноста на тактиката. И најбитно од се, и во ракометот постојат противници и тактики кои ти лежат и противници и тактики кои не ти лежат. Ова го кажувам бидејќи добивам впечаток дека перцепцијата многу ви ја испореметија дуелите Вардар-Хамбург и Металург-Кил. Мое лично мислење е дека Вардар ќе изгубеше поблаго од Кил, но и Металург ќе го победеше Фленсбург без поголеми проблеми, па сега вие сфатете си го тоа како сакате. Сепак не смеете да заборавите дека Хамбург не игра добро сезонава, а Кил е во страшна форма моментално, по 20+ разлика победува во Бундеслигата и го презеде првото место пак од РНЛ.

П.С. Се ова ќе испадне дека ги бранам Металург и тактиката на Червар, ама не ми е тоа воопшто целта (и јас тактиката ниту пак однесувањето на Червар воопшто не ги сакам, ама дека човекот носи резултати-носи). Целта ми е дека различното не треба да се потценува затоа што е различно. И ако утре титулата ја освои Металург нема да биде затоа што судиите или салата одлучиле, ќе биде затоа што играчите на Металург + тактиката на Червар ги победиле играчите на Вардар + тактиката на Раул. И обратно, истото важи и Вардар ако ја освои титулата.
 
атман ќе игра утре против вардар?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom