Druze, ti poim nemas so sto se soocuvaat komitite godina ipol, 2 unazad, znaci poim nemas, procitaj go mojot post od temata za LS ,vikendot napisan, za del od rabotite i represiite so koi oni se soocuvaat.
јас сум комита 20 години, со лесно срце можам да изјавам дека се што им се случува на комити, од сам почеток до денес, е третман кој си го заслужуваме. потпишувам со две раце.
освен помаливе т.е. поновите генерации, точно знам каков профил на членови имаат. сум поминал многу време со нив. особено со оние кои сега им се водство, особено главниот. пикантерии, биографија можам да напишам. ништо од тоа нема да биде позитивно. гнасни работи.
надвор од здрав разум е комити да бараат еднаков третман од сите останати регуларни навивачи. може комити да спијат на тоа уво, и да се повикуваат на еднаков третман, но тоа е лудост. инциденти во секоја една прилика. пред, за време и после утакмица.
значи секој еден пост, секој еден текст, каде се изнедначуваат нормални гледачи со комити, за мене е нерелевантен, бидејќи такво нешто не е можно. како аргумент паѓа у вода, а гледам на најголем дел им е појдовен.
пред да пишам било што: проблемите кои си ги имаат внатре во група, партии и притисоци, не е причина да не се влезе на трибина. никаде не реков дека такви дејствија не постојат, или дека има и такви кои работат за лош имиџ на групата. тоа, со невлегување на трибина на најважниот натпревар на рк вардар во историја на клубот, во кој се колнат, е предаство.
повтороно во полуписменото соопштение на комити, нема еден единствен издржлив аргумент, околу кој секој објективен, и јас, би се сложил.
пример:
За крај, искрено сме изненадени покрај тоа што бевме оштетени со најголемата казна за еден навивач односно недозволувањето да го пратиме својот тим, додатно и бевме медиумски нападнати од управата поради нашата одлука.
ем не им било дозволено, ем нивна одлука. кој е тој што им ги пишува овие соопштенија? ај што голем дел од луѓево не ги интересира за проблемите на комити, ама мене што ме интересира, кога ќе прочитам вакво соопштение ми иде да си пукам во колено.
околу сликата со картите. прво: 700 карти ли има на таа слика? второ: кога е сликана таа слика? трето: што докажува таа слика дека картите не се продавани, и покрај јавното признание членови на таа група дека се продавани, ама за други цели, кои биле договорени со управата?
четврто: сите карти биле прво поделени (или продадени, небитно) па вратени кај главниот за овој да ги слика?
петто и главно: оваа слика е пак аргумент?
јас не им солам памет, биле со вардар во најтешките моменти, освен во најважниот. за твоја информација, кога веќе изнесуваш дека јас не знам ништо, јас знам во детали кој раководи со групата моментално, кој носи одлуки, кој сака да делува, кој сака да ја превземе. со име и презиме , дури и си ембг. знам и зошто. чисто колку да знаеш, бидејќи не можеш да знаеш ако не ти кажам.
како навивчка група, се подразбира дека тука се за клубот, ќе придонесуваат за добра атмосфера, ќе бидат со клубот и кога на клубот не му оди - СЕ ТОА СЕ ПОДРАЗБИРА за тоа и постои групата, тоа не е нешто кои комити го прават ексклузивно на светов! секоја ебана група го прави тоа. тоа што комити го прават ексклузивно во светов е инциденти на секоја утакмица, два пати вадење око на свој играч, меѓусебни тепачки, стол на терен, и нормално прикривање на членовите. ова се само работи кои се десија и која цела јавност ги виде. за другите знаат само оние кои се инволвирани, во исто време иземање од колективна одговорност, бидејќи пази молимте тоа биле индивидуални ицниденти, на изолирани членови кои најчесто се инфлитрирани. абе немој да ме јебеш во мозок бре.
се додека мислат дека светот се врти околу нив, дека се толку важни сами по себе (иако само се група која пее на трибина, да не збориме каде реално една навивачка група спаќа во сферата на општествениот живот) дека цела држава е во војна со нив, само од таа перспектива ќе мислат дека нивното име и презиме и ембг се недостапни информации за државата и државата може да ги дознае само ако овие самоволно се потпишат пред влез во сала. реалноста од мое време беше дека секој еден член имаше досие, меѓу кои и јас, и ден денес тоа стои, секој еден преспал во станица и јадел пендреци, меѓу кои и јас, дури и за утакмици и нереди на кои не сум присуствувал.
кога решив дека да се биде вардарец и комита, нема ништо заедничко со тоа да се оди по паметот на воџата, ми беше дојдено преку глава да одам по паметот на некој што го нема. подеднакво исто си го сакам вардар и тогаш и сега, разликата е што со мене никој не манипулира, карта се купува од билетара, никој не дава изјави и соопштенија во мое име, на утакмица се оди да му се помогне (исклучиво) на клубот и да ужуваш во настанот.
е сеа, децава од комити, ги разбирам дека им е супер да се здружени во група, ама свеста за колективна одговорснот им е мртва. докажаа многу пати. јас ги разбирам комплетно, до детали како се осеќаат. никој не сака да трпи критики, не сакав ни јас кога бев активен, не сакам ни сега групата да има лоша репутација. ама има, и нема бегање од тоа. виновни се комити, не самсоненко, не власта и полицијата, ни ѕинго ни хари, ни управа ни бутур. тешко ли е да се воочи дека комити имаат вечен непријател? константното делување од типот "ние правиме она што и другите го прават" е само делување во погрешен правец, групата тоа не може да го воочи. сваќам, еве читам и тука. безгрешни се, ама и кога се грешни, не се они криви.
роден и заколнат македонец сум. колку пати им е речено да не се пее на европски утакмици (или на утакмици кај што нема допирни точки) "добар шиптаp мротв албанец" и "клетите шиптаpи", колку пати? кој е крив, водството? тој со мегафонот, треба да го кажеме по име и по презиме? он е поголем патриот и повеќе си ја сака државата и клубот од мене? паметни деца ќе го сватат ли тоа? да. ама немаме работа со такви.
да не одголговлечувам, ставот мој е јасен, форумот постои за тоа, да се изнеуваат ставови. познато ми е како функционира групата во детали, одлуката да се остави трибината празна е срамна и предавничка во односот на клубот. за жал, не сум ни некој инфилтриран, не сум ни од партија, уште пострашно, комита сум од кога знам за себе. ете, има и такви како мене.
ви посакувам се најдобро, од срце. средета си ја групата, на форумов има паметни деца, особено еден комшија мој хромец, делувајте ако мислите дека можете, бидејќи нема да помине долго време кога ќе се тргнете на страна и повторно ќе си бидете комити, но овој пат сами за себе. тогаш работите ќе ги гледате од друга, различна, своја перспектива.
се надевам проблемите ќе се средат моментално во ваша полза, но тоа проблемите нема да ви ги реши. иако утакмицата помина, белегот остана.