Фан клуб - РК Вардар

Абе сите вие сте Комити/фанови на Вардар 20 години, само пред да влезе Сергеј не знаевте кај е влезот на Кале/Борис.
 
А оние што купуваат од Уан на пример? Која црна лична карта таму? :D Не заебавајте, друго е мктикетс или кога купуваш со картичка.
 
Cico kumplug, e vaka da ti ukazam ne nesto. Porano koga idev na vardar vatrostalna, ne se odese vo kale. Ako sakas da znaes kaj se odese ke ti kazam. A Boris bese livada zolto seno.
 
Борис не е постара повеќе од 6-7 години. Од кога почнав да идам на ракомет сум идел на Кале, а ти очигледно си заостанал во 90те.
 
Во секој случај Комити треба да си ги средат работите и внатре и со управата а не да се препуцаваат по медиуми. Времињата кога Жути, Јохан и останати палеа и гасеа поминаа (не викам дека нема пак да дојдат) ама прво нека се средат внатре. Не можете сами против сите тоа е тоа.
 
Борис не е постара повеќе од 6-7 години. Од кога почнав да идам на ракомет сум идел на Кале, а ти очигледно си заостанал во 90те.
pa jebi ga, ako ja uptrebam tvojata logika za relevantnost, jas sum porelevanten od tebe, ama od koa uvide deka ne ti ide u prilog togas jas sum zahlaven vo 90te.

I pred samsonenko postoese vardar. Kolev, maljcev, kotevski, brestovac...Rasadnik, kisela voda. Da podnaucis malce :)
 
Нема збор тука, ти и Лионот сте најрелевантни :D
Постоел бе и пред Самсоненко, само немало шминкерации како сега.
 
јас сум комита 20 години, со лесно срце можам да изјавам дека се што им се случува на комити, од сам почеток до денес, е третман кој си го заслужуваме. потпишувам со две раце.
освен помаливе т.е. поновите генерации, точно знам каков профил на членови имаат. сум поминал многу време со нив. особено со оние кои сега им се водство, особено главниот. пикантерии, биографија можам да напишам. ништо од тоа нема да биде позитивно. гнасни работи.
надвор од здрав разум е комити да бараат еднаков третман од сите останати регуларни навивачи. може комити да спијат на тоа уво, и да се повикуваат на еднаков третман, но тоа е лудост. инциденти во секоја една прилика. пред, за време и после утакмица.
значи секој еден пост, секој еден текст, каде се изнедначуваат нормални гледачи со комити, за мене е нерелевантен, бидејќи такво нешто не е можно. како аргумент паѓа у вода, а гледам на најголем дел им е појдовен.

пред да пишам било што: проблемите кои си ги имаат внатре во група, партии и притисоци, не е причина да не се влезе на трибина. никаде не реков дека такви дејствија не постојат, или дека има и такви кои работат за лош имиџ на групата. тоа, со невлегување на трибина на најважниот натпревар на рк вардар во историја на клубот, во кој се колнат, е предаство.
повтороно во полуписменото соопштение на комити, нема еден единствен издржлив аргумент, околу кој секој објективен, и јас, би се сложил.
пример: За крај, искрено сме изненадени покрај тоа што бевме оштетени со најголемата казна за еден навивач односно недозволувањето да го пратиме својот тим, додатно и бевме медиумски нападнати од управата поради нашата одлука.
ем не им било дозволено, ем нивна одлука. кој е тој што им ги пишува овие соопштенија? ај што голем дел од луѓево не ги интересира за проблемите на комити, ама мене што ме интересира, кога ќе прочитам вакво соопштение ми иде да си пукам во колено.
околу сликата со картите. прво: 700 карти ли има на таа слика? второ: кога е сликана таа слика? трето: што докажува таа слика дека картите не се продавани, и покрај јавното признание членови на таа група дека се продавани, ама за други цели, кои биле договорени со управата?
четврто: сите карти биле прво поделени (или продадени, небитно) па вратени кај главниот за овој да ги слика?
петто и главно: оваа слика е пак аргумент?

јас не им солам памет, биле со вардар во најтешките моменти, освен во најважниот. за твоја информација, кога веќе изнесуваш дека јас не знам ништо, јас знам во детали кој раководи со групата моментално, кој носи одлуки, кој сака да делува, кој сака да ја превземе. со име и презиме , дури и си ембг. знам и зошто. чисто колку да знаеш, бидејќи не можеш да знаеш ако не ти кажам.

како навивчка група, се подразбира дека тука се за клубот, ќе придонесуваат за добра атмосфера, ќе бидат со клубот и кога на клубот не му оди - СЕ ТОА СЕ ПОДРАЗБИРА за тоа и постои групата, тоа не е нешто кои комити го прават ексклузивно на светов! секоја ебана група го прави тоа. тоа што комити го прават ексклузивно во светов е инциденти на секоја утакмица, два пати вадење око на свој играч, меѓусебни тепачки, стол на терен, и нормално прикривање на членовите. ова се само работи кои се десија и која цела јавност ги виде. за другите знаат само оние кои се инволвирани, во исто време иземање од колективна одговорност, бидејќи пази молимте тоа биле индивидуални ицниденти, на изолирани членови кои најчесто се инфлитрирани. абе немој да ме јебеш во мозок бре.

се додека мислат дека светот се врти околу нив, дека се толку важни сами по себе (иако само се група која пее на трибина, да не збориме каде реално една навивачка група спаќа во сферата на општествениот живот) дека цела држава е во војна со нив, само од таа перспектива ќе мислат дека нивното име и презиме и ембг се недостапни информации за државата и државата може да ги дознае само ако овие самоволно се потпишат пред влез во сала. реалноста од мое време беше дека секој еден член имаше досие, меѓу кои и јас, и ден денес тоа стои, секој еден преспал во станица и јадел пендреци, меѓу кои и јас, дури и за утакмици и нереди на кои не сум присуствувал.

кога решив дека да се биде вардарец и комита, нема ништо заедничко со тоа да се оди по паметот на воџата, ми беше дојдено преку глава да одам по паметот на некој што го нема. подеднакво исто си го сакам вардар и тогаш и сега, разликата е што со мене никој не манипулира, карта се купува од билетара, никој не дава изјави и соопштенија во мое име, на утакмица се оди да му се помогне (исклучиво) на клубот и да ужуваш во настанот.
е сеа, децава од комити, ги разбирам дека им е супер да се здружени во група, ама свеста за колективна одговорснот им е мртва. докажаа многу пати. јас ги разбирам комплетно, до детали како се осеќаат. никој не сака да трпи критики, не сакав ни јас кога бев активен, не сакам ни сега групата да има лоша репутација. ама има, и нема бегање од тоа. виновни се комити, не самсоненко, не власта и полицијата, ни ѕинго ни хари, ни управа ни бутур. тешко ли е да се воочи дека комити имаат вечен непријател? константното делување од типот "ние правиме она што и другите го прават" е само делување во погрешен правец, групата тоа не може да го воочи. сваќам, еве читам и тука. безгрешни се, ама и кога се грешни, не се они криви.

роден и заколнат македонец сум. колку пати им е речено да не се пее на европски утакмици (или на утакмици кај што нема допирни точки) "добар шиптаp мротв албанец" и "клетите шиптаpи", колку пати? кој е крив, водството? тој со мегафонот, треба да го кажеме по име и по презиме? он е поголем патриот и повеќе си ја сака државата и клубот од мене? паметни деца ќе го сватат ли тоа? да. ама немаме работа со такви.
да не одголговлечувам, ставот мој е јасен, форумот постои за тоа, да се изнеуваат ставови. познато ми е како функционира групата во детали, одлуката да се остави трибината празна е срамна и предавничка во односот на клубот. за жал, не сум ни некој инфилтриран, не сум ни од партија, уште пострашно, комита сум од кога знам за себе. ете, има и такви како мене.
ви посакувам се најдобро, од срце. средета си ја групата, на форумов има паметни деца, особено еден комшија мој хромец, делувајте ако мислите дека можете, бидејќи нема да помине долго време кога ќе се тргнете на страна и повторно ќе си бидете комити, но овој пат сами за себе. тогаш работите ќе ги гледате од друга, различна, своја перспектива.
се надевам проблемите ќе се средат моментално во ваша полза, но тоа проблемите нема да ви ги реши. иако утакмицата помина, белегот остана.

Абе преку тасета од тебе жими се.
Сто пати ти имаме реплицирано и тебе и на оној Пантер пунтер, како и да беше, се гледа дека сте биле членови на Комити од времињата пред распадот на групата во 99.

Комити од средината на минатава декада и Комити до 99 па и некоја година подоцна, НЕМААТ ДОПИРНА ТОЧКА.
Никој не крие дека дотогаш Комити освен што биле навивачи на Вардар, нивните воџи биле продолжена рака на политичките партии.
Помина тоа време алооо, тие со кои не споредуваш, сега Вардар го сакаат само од ФБ, заборавиле како изгледаат Градски и Кале.
Знаат да се појават од време на време, но нивната улога во групата е иста како и твојата, НИКАКВА.
Во последниве веќе 10 години, групата ја водат лица кои се АНТИ ПОЛИТИКА.
Што мислиш зошто падна нагло моќта на Комити?
Затоа што позади нас не стои политичка партија, затоа што ВРЕМИЊАТА СЕ СМЕНИЈА, не не споредувај нас, со оние кои ја распаднале групата.
Слободно ќе ти пратам профили од воџите на ЦПБ, Центар бојс, Пирати, Шверцери, да видиш во колкава партиска кампања се вклучени во моментов.
Но, тоа нема да го видиш кај нашето водство.
Жути го споменува, Жути нема навивачка улога на нашата трибина, 10 години веќе.
Никој не може да им забрани да одат на трибина, сепак и тие се важен дел од минатото на групата, но они немаат никакво влијание во сегашните одлуки на групата.
Ќе оставевме ние копиљана од 13 години да ни се курчат од Пиратине? Автокоманда нема да постои ако сакаме, ама не смееме, затоа што зад нив стои цела рекетарска екипа на ВМРО.
За Шверцери нема ни да ти зборам, затоа што такви рботи не се за кажување, ќе треба 10 страни даиспишам со настани во кои ни криви ни должни сме јаделе казни.

Порано Комити биле на мета дека правеле инциденти од големи размери.
Кој инцидент го имаш дечко во последниве години бе?
Порано имало инциденти бидејќи биле активни 30 групи во државава, затоа што неделно имало по неколку утакмици на кои имало две навивачки групи.
Кои инциденти ги бараш кога нема ни 5 утакмици годишно каде што има две навивчки групи?

Викаш те тепале без причина, те апселе без причина, и на крај ние сме биле тие без развиена свест?
Па кој ве терал да ќутите тогаш, ако тебе ти било убаво да дремеш во станица без причина, нас не ни е. Свеста е на високо ниво, затоа што овојпат не сме зависни од политички партии и можеме комотно да се буниме за репресиите од ЧИСТА МИРА.

Ај дека се правиш на луд да ти објаснам за картите.
Како прво, Комити имаа состанок со Самс уште на старт на полусезона, состанок на кој се направи договор, картите да си ги продаваме своеволно (како прво за да не дојдат до било какви фаци, туку сдо некои што стварно ќе навиваат), и парите нема да одат за клубот туку за КАЗНИТЕ ОД НЕРЕЗИ.
Ниедни навивачи во државава, па ни на Балканов НЕ КУПУВААТ КАРТИ од билетара, сите добиваат од клубот.
Во минатото и во сегашноста навивачите се презависни од клубовите.
Како прво во Македонија не можеш да оствариш гостување, ако клубот не го најави, ако не побара карти итн.
Комити од пресд некој госдина почнаа дел осд сумата за превоз да си ја плаќаат од свои пари, а не од клубот како што било пракса во минатото.
Со управата се направи договор дека откако ќе ги собереме тие пари за Нерези, тотално ќе преминеме во само финансирање.
10 души ќе одиме на гостување ако треба, ама се да се плати од наш џеб.

Да ти објаснам некои работи, каков е овој модел на самофинансирање.
Клубот ти дава карти, тие карти Комити ги продаваат на своите членови, а парите одат за групата. Одма што ви оди прво е дека тие пари некој ги пика во џеб. НЕ, ПОМИНАА 90-ТИТЕ...
Тие пари одат за кореографии, за мотки, за карти за гостување во случај управата да не постигне дсоговор со противникот дека ние ќе влеземе гага и во возрвратинот меч и они ќе влагаат гага, како и за превоз (кој рака на срце не е целосно платен од тие пари).
Порано како било? Карти не се плаќале, ама затоа клубот давал пари за знамиња, кореографија, мотки, реквизити, гостувања итн.
Сега клубот ни помага со тоа што ни дава рандом број на карти и практично ја губи само заработката од тие карти (кои без нас и онака не би ги продале), а навивачката група со свои пари ја финасира самата група, но за возврат секој навивач добива карта за мечот.
Да напоменам дека некогаш газдите на клубовите, сами се нудат да платат некое гостување, да ја спонзорираат кореографијата итн.

И управата покрај тоа што го знаеше цело ова, испаѓа со соопштенија во кое се прави наудрена и нагласува дека сме ПРОФИТЕРИ?
Картите НЕ БЕА ПРОДАВАНИ за твое инфо, групата проба да оствари контакт со управата откако пази преку ФБ дозна дека клубот го прогласил мечот од висок ризик и со тоа побарал од навивачите да се бара лична карта, но одговор немаше.
Не се правеше голема помпа за мечот, затоа што веќе знаевме дека 95% нема да влеземе.
Картите од групата останаа во групата (и тие се тие на сликаа), а им беше кажано на навивачите дека ако сакаат имаат карти на билетара за другите трибини и може да си купат и да седат на соодветните места.

И нашата група искочи со осуда на инцидентите за време на натпреварите. Еве ти ја и најавата за мечот со Тун, после инцидентите со Динамо.
Во недела Вардар го игра последниот домашен меч во групите од ЛШ. Победа во овој дуел би значела шанса за борба за втората позиција на гостувањето во Париз, позиција која на Вардар ќе му донесе полесен противник во осмина финалето кое веќе го обезбедивме на мечот со Динамо Минск. Меч кој го добивме на теренот, но го загубивме на трибините. Време е да сфатите дека на трибината нема поединци. Проблемите предизвикани од поединец се проблеми предизвикани од целата група. Време е да се стави крај на фрлање предмети во терен, закачки со други членови од групата, седење на шипка, насилно земање на дресови од играчи итн. Не дозволувај групата да те знае како некој кој фрлил црна дамка врз името на КОМИТИ! Твоето место е горе на трибината, а твојата задача е гласно да го бодриш својот тим и да ги следиш инструкциите од водството на групата. Затоа во недела да им се извиниме на дечките за нашиот лош ден, и да им дадеме поддршка каква што само ние знаеме и умееме. За нив сме секогаш најдобрите, играчот број 8 и тоа само уште еднаш ќе го потврдиме. Големи се оние кои ги признаваат грешките, а уште поголеми се оние кои што учат од нив и ги исправаат во наредната прилика.
Затоа во недела нека грми Борис Трајковски, на крилјата на нашата поддршка нашиот Вардар да дојде до нова многу важна победа!
Собирање : 16.00 пред воена болница, тргање во кортео 16.30
Карта : 100 денари
АЈДЕ СКОПЈЕ АЈДЕ ВАРДАР
Си ја признаваме грешката и ќе пробаме да не се повтори.
Едноставно вакви нешта не се случуваат на мечеви кога сме помалку, ама на дерби мечеви доаѓаат секакви фаци.

Нема ли тепчки по дискотеки?
Има во секоја можна дискотека и кафана во градов? Кој е крив? Сите што се искочени во таа дискотека се тепачи?
Зголемено присуство на алкохол за жал води до неконтролирано осднесување на поединци. Што е до мене, јас би побарал таков закон, да се забрани влез во сала или стадион на видно пијани особи.
Дечкото што го направи инцидентот со Минск од Марс ќе го познаеле дека е пијан, зошто го пуштиле на врата?
Баш бидејќи наши луѓе сакаа да го тргнат од трибина, настана инцидентот, за кој вие останатите си мислите дека којзнае што се случувало по што нкој куртон ја викна полицијата да реагира и оваа уште толку направи хаос на трибина.

Моменталнава ситуација има две објаснувања:
1. Или Самс влегол во шема со власта
2. Самс е многу јако издриблан од поставените директорчиња кои се кадри на власта и против кои Комити неколку пати јавно излегуваа со критики за нивната катастрофална работаа.

Има шанси да е второво, пример му пренеле дека по мечот со Работнички Комити ја искршиле вратата од соблекувалната и сакале да ги напасднат фудбалерите, што е најголема лага.
Има видеа на кои јасно се гледа дека по мечот од трибини ечи И АКО ИЗГУБИТЕ, НЕМА ДА ВЕ ОСТАВИМЕ... и после тоа, ние сме ги нападнале играчите?
Али и он е изгледа бајаги глуп, штом дозволува да му го вртат паметот.
 
Последно уредено:
Има во секоја можна дискотека и кафана во градов? Кој е крив? Сите што се искочени во таа дискотека се тепачи?

Голема разлика брат, голема. На трибина сте група. Ти како член на таа група ги сносиш последиците на секој што се наоѓа заедно со тебе. Јас во дискотека одам како индивидуа и сам ги сносам последиците.

Вака од страна, мислам дека немате хиерархија.
Потребни сте на трибина, несомнено и се надевам дека ќе најдете решение.
Притисоци имате, некогаш непотребно и малтретирани ама за да се реши, мора да се најде заеднички јазик помеѓу трите страни. Вие, Самс и се знае кој!

Верувам дека никој од вистинските навивачи не сака Комити да згаснат.
Во врска со алкохолот. Не сум да се забрани туку да му се забрани влез на тој што ќе направи проблем на трибина. Го спомна дечкото со Динамо Минска. Сите го знаете, допис до клубот или до МВР (како и да одат тие работи) и чао за него. Не само со навивачка група, него да заборави настапи на Вардар.
 
Абе преку тасета од тебе жими се.
Сто пати ти имаме реплицирано и тебе и на оној Пантер пунтер, како и да беше, се гледа дека сте биле членови на Комити од времињата пред распадот на групата во 99.

Комити од средината на минатава декада и Комити до 99 па и некоја година подоцна, НЕМААТ ДОПИРНА ТОЧКА.
Никој не крие дека дотогаш Комити освен што биле навивачи на Вардар, нивните воџи биле продолжена рака на политичките партии.
Помина тоа време алооо, тие со кои не споредуваш, сега Вардар го сакаат само од ФБ, заборавиле како изгледаат Градски и Кале.
Знаат да се појават од време на време, но нивната улога во групата е иста како и твојата, НИКАКВА.
Во последниве веќе 10 години, групата ја водат лица кои се АНТИ ПОЛИТИКА.
Што мислиш зошто падна нагло моќта на Комити?
Затоа што позади нас не стои политичка партија, затоа што ВРЕМИЊАТА СЕ СМЕНИЈА, не не споредувај нас, со оние кои ја распаднале групата.
Слободно ќе ти пратам профили од воџите на ЦПБ, Центар бојс, Пирати, Шверцери, да видиш во колкава партиска кампања се вклучени во моментов.
Но, тоа нема да го видиш кај нашето водство.
Жути го споменува, Жути нема навивачка улога на нашата трибина, 10 години веќе.
Никој не може да им забрани да одат на трибина, сепак и тие се важен дел од минатото на групата, но они немаат никакво влијание во сегашните одлуки на групата.
Ќе оставевме ние копиљана од 13 години да ни се курчат од Пиратине? Автокоманда нема да постои ако сакаме, ама не смееме, затоа што зад нив стои цела рекетарска екипа на ВМРО.
За Шверцери нема ни да ти зборам, затоа што такви рботи не се за кажување, ќе треба 10 страни даиспишам со настани во кои ни криви ни должни сме јаделе казни.

Порано Комити биле на мета дека правеле инциденти од големи размери.
Кој инцидент го имаш дечко во последниве години бе?
Порано имало инциденти бидејќи биле активни 30 групи во државава, затоа што неделно имало по неколку утакмици на кои имало две навивачки групи.
Кои инциденти ги бараш кога нема ни 5 утакмици годишно каде што има две навивчки групи?

Викаш те тепале без причина, те апселе без причина, и на крај ние сме биле тие без развиена свест?
Па кој ве терал да ќутите тогаш, ако тебе ти било убаво да дремеш во станица без причина, нас не ни е. Свеста е на високо ниво, затоа што овојпат не сме зависни од политички партии и можеме комотно да се буниме за репресиите од ЧИСТА МИРА.

Ај дека се правиш на луд да ти објаснам за картите.
Како прво, Комити имаа состанок со Самс уште на старт на полусезона, состанок на кој се направи договор, картите да си ги продаваме своеволно (како прво за да не дојдат до било какви фаци, туку сдо некои што стварно ќе навиваат), и парите нема да одат за клубот туку за КАЗНИТЕ ОД НЕРЕЗИ.
Ниедни навивачи во државава, па ни на Балканов НЕ КУПУВААТ КАРТИ од билетара, сите добиваат од клубот.
Во минатото и во сегашноста навивачите се презависни од клубовите.
Како прво во Македонија не можеш да оствариш гостување, ако клубот не го најави, ако не побара карти итн.
Комити од пресд некој госдина почнаа дел осд сумата за превоз да си ја плаќаат од свои пари, а не од клубот како што било пракса во минатото.
Со управата се направи договор дека откако ќе ги собереме тие пари за Нерези, тотално ќе преминеме во само финансирање.
10 души ќе одиме на гостување ако треба, ама се да се плати од наш џеб.

Да ти објаснам некои работи, каков е овој модел на самофинансирање.
Клубот ти дава карти, тие карти Комити ги продаваат на своите членови, а парите одат за групата. Одма што ви оди прво е дека тие пари некој ги пика во џеб. НЕ, ПОМИНАА 90-ТИТЕ...
Тие пари одат за кореографии, за мотки, за карти за гостување во случај управата да не постигне дсоговор со противникот дека ние ќе влеземе гага и во возрвратинот меч и они ќе влагаат гага, како и за превоз (кој рака на срце не е целосно платен од тие пари).
Порано како било? Карти не се плаќале, ама затоа клубот давал пари за знамиња, кореографија, мотки, реквизити, гостувања итн.
Сега клубот ни помага со тоа што ни дава рандом број на карти и практично ја губи само заработката од тие карти (кои без нас и онака не би ги продале), а навивачката група со свои пари ја финасира самата група, но за возврат секој навивач добива карта за мечот.
Да напоменам дека некогаш газдите на клубовите, сами се нудат да платат некое гостување, да ја спонзорираат кореографијата итн.

И управата покрај тоа што го знаеше цело ова, испаѓа со соопштенија во кое се прави наудрена и нагласува дека сме ПРОФИТЕРИ?
Картите НЕ БЕА ПРОДАВАНИ за твое инфо, групата проба да оствари контакт со управата откако пази преку ФБ дозна дека клубот го прогласил мечот од висок ризик и со тоа побарал од навивачите да се бара лична карта, но одговор немаше.
Не се правеше голема помпа за мечот, затоа што веќе знаевме дека 95% нема да влеземе.
Картите од групата останаа во групата (и тие се тие на сликаа), а им беше кажано на навивачите дека ако сакаат имаат карти на билетара за другите трибини и може да си купат и да седат на соодветните места.

И нашата група искочи со осуда на инцидентите за време на натпреварите. Еве ти ја и најавата за мечот со Тун, после инцидентите со Динамо.
Во недела Вардар го игра последниот домашен меч во групите од ЛШ. Победа во овој дуел би значела шанса за борба за втората позиција на гостувањето во Париз, позиција која на Вардар ќе му донесе полесен противник во осмина финалето кое веќе го обезбедивме на мечот со Динамо Минск. Меч кој го добивме на теренот, но го загубивме на трибините. Време е да сфатите дека на трибината нема поединци. Проблемите предизвикани од поединец се проблеми предизвикани од целата група. Време е да се стави крај на фрлање предмети во терен, закачки со други членови од групата, седење на шипка, насилно земање на дресови од играчи итн. Не дозволувај групата да те знае како некој кој фрлил црна дамка врз името на КОМИТИ! Твоето место е горе на трибината, а твојата задача е гласно да го бодриш својот тим и да ги следиш инструкциите од водството на групата. Затоа во недела да им се извиниме на дечките за нашиот лош ден, и да им дадеме поддршка каква што само ние знаеме и умееме. За нив сме секогаш најдобрите, играчот број 8 и тоа само уште еднаш ќе го потврдиме. Големи се оние кои ги признаваат грешките, а уште поголеми се оние кои што учат од нив и ги исправаат во наредната прилика.
Затоа во недела нека грми Борис Трајковски, на крилјата на нашата поддршка нашиот Вардар да дојде до нова многу важна победа!
Собирање : 16.00 пред воена болница, тргање во кортео 16.30
Карта : 100 денари
АЈДЕ СКОПЈЕ АЈДЕ ВАРДАР
Си ја признаваме грешката и ќе пробаме да не се повтори.
Едноставно вакви нешта не се случуваат на мечеви кога сме помалку, ама на дерби мечеви доаѓаат секакви фаци.

Нема ли тепчки по дискотеки?
Има во секоја можна дискотека и кафана во градов? Кој е крив? Сите што се искочени во таа дискотека се тепачи?
Зголемено присуство на алкохол за жал води до неконтролирано осднесување на поединци. Што е до мене, јас би побарал таков закон, да се забрани влез во сала или стадион на видно пијани особи.
Дечкото што го направи инцидентот со Минск од Марс ќе го познаеле дека е пијан, зошто го пуштиле на врата?
Баш бидејќи наши луѓе сакаа да го тргнат од трибина, настана инцидентот, за кој вие останатите си мислите дека којзнае што се случувало по што нкој куртон ја викна полицијата да реагира и оваа уште толку направи хаос на трибина.

Моменталнава ситуација има две објаснувања:
1. Или Самс влегол во шема со власта
2. Самс е многу јако издриблан од поставените директорчиња кои се кадри на власта и против кои Комити неколку пати јавно излегуваа со критики за нивната катастрофална работаа.

Има шанси да е второво, пример му пренеле дека по мечот со Работнички Комити ја искршиле вратата од соблекувалната и сакале да ги напасднат фудбалерите, што е најголема лага.
Има видеа на кои јасно се гледа дека по мечот од трибини ечи И АКО ИЗГУБИТЕ, НЕМА ДА ВЕ ОСТАВИМЕ... и после тоа, ние сме ги нападнале играчите?
Али и он е изгледа бајаги глуп, штом дозволува да му го вртат паметот.

во дискотека кога се оди, се оди најчесто сам - у смисол мало друштво, си плаќа секој карта и секој си е одговорен за своите постапки.

коа вие одите на утакмица сте организирана група, со посебен начин на набавка на карти, со најавено собирање пред утакмица, со колективна одоговорност. сите инциденти доаѓаат од местото каде што вие сте лоцирани, скоро без исклучок. фрлате на терен, со пелистер влеговте ко индијанци, мислам гледам некоја афричка лига, а групава жива среќна колку биле будали. тепање пред и после утакмица, каде се соберете поголема група, нема закон за вас. пијани по правило, инаку ви нема смисла.

увек криви други, увек полицијата се желки, управата се педери.

да ми извиниш, ама нема никаква разлика од пред 99, и сеа. освен годината.

реков неколку пати, политика не ме интересира. ни тогаш, ни сега.

на секоја утакмица што сакате да одите - одите, правите што сакате, ги криете барабите (сведок бев), нанесувате штета парична на кубот, на угледот на клубот и на државата. константно. го прекардашивте и улздуж и попреку. кога еднаш не влеговте бидејќи така одлучивте во афект, власта ви е крива, бидејќи секој еден друг нормален не разбира под каков притисок сте биле вие. име и презиме ќе ви барале еј... полиција не ви знае име и презиме на 300 души во град од пола милион.

немате оправдување. ајде не цела, ама голем дел од одговорнста е ваша.
време ќе покаже се, кој бил во право кој не, ќе дојдат други утакмици. не посакувам, ама не гледам дека ќе има промена во вашето однесување.
 
Да бе, као Комити да се единствените што фрлаат столче и 5 денарка у терен.
Сте виделе што се дешава у Аргентина пред и после Супер Класико или у Хрватска после Динамо-Сплит, или у турција, полска, грција?
 
Е да Жути и Коки имаа(т) врска со партиите ама тогаш групата беше страв и трепет. Значи сепак имале некаков авторитет (сакам да кажам и да биле партиски врзани не беа нивни потрчковци, барем тогаш). Не е ништо страшно да имаш врска со некоја партија, страшно е да бидеш нивни потрчко. Откако наводно станавте (анти партија) групата ја тресат цело време скандали а претходно беше гордост. Тоа е факт.
 
увек криви други
реалноста од мое време беше дека секој еден член имаше досие, меѓу кои и јас, и ден денес тоа стои, секој еден преспал во станица и јадел пендреци, меѓу кои и јас, дури и за утакмици и нереди на кои не сум присуствувал.
Прекини да се правиш ти господин кој не си. Кажуваш сеа како секогаш другите ни се криви, а сам објаснуваш си бил тепан, а не си присуствувал.
 
Е да Жути и Коки имаа(т) врска со партиите ама тогаш групата беше страв и трепет. Значи сепак имале некаков авторитет (сакам да кажам и да биле партиски врзани не беа нивни потрчковци, барем тогаш). Не е ништо страшно да имаш врска со некоја партија, страшно е да бидеш нивни потрчко. Откако наводно станавте (анти партија) групата ја тресат цело време скандали а претходно беше гордост. Тоа е факт.
Има ли поголем скандал група да искочи со кореографија ПРОМЕНИ во чест на ВМРО во 99-та?

Епа јебига скоро сите што се страв и трепет се врбувани од партии, најди нкој што ќе воведе ред (со сила) а не е продолжена рака на партија, јас ќе те частам каде сакаш.
Не е поентата да ги плашиш другите и да имаат страво почит, туку треба да имаат свест дека треба да ги почитуваат одллуките на групата.
Мечот со Пелистер беше организиран на највисоко ниво. Немаше луѓе на шипшка освен воџите, максимално беше обележано каде треба да се стои, со најлони се затвараа влезовите за местата за кои не требаше да биде копот, но одново имаше луѓе кои седеа над копот.
Беше апелирано сто пати да се симнат, ама меѓу нив имаше дел од постарите Комити кои есдноставно сакаа да си го изгледаат мечот од запад, али да не навиваат.
Еве ако настанеше тепачка пошто не ги почитуваа одлуките на групата, сите ќе викавте хулигани, животни се тепаат, а вака без реакција, сите викаат им се плашат уште на тие и тие, нема хиерархија во групата.
Епа нема, пошто некои свесно одат против групата.

Мисли си дека бе биле поттрчковци на партии тие што ги наброја.
Во тоа време кривични пријави се кинеле како партали поради фактов од погорнава реченица, и затоа Комити имале одрвзани раце и биле страв и трепет, ама оди сега направи инцидент со кој ќе си го вратиш тој епитет.
Стигаме на дереџе одземени реквизити од други групи (особено Шверцери) да не ги сликаме и покажуваме, за и од тоа да не ни лупнат некоја кривична.

И кои скандали бе дечко?
Не оговараат по месдиуми затоа што не им трчаме по гзот.
 
Пријателе можеби не се разбравме најдобро. Ова што вие сега го правите е најчесно од навивачки аспект, само факт е дека ви треба некое подобро решение пошто постои опасност да исчезнете. Се разбира не мислам дека треба да отрчате во штаб и да се ставите на располагање но потребен ви е некој "дипломат" кој ќе знае да ја избалансира работата. Факт е дека сте на пик и вие продолжувате со истото темпо кое очигледно ве уништува.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom