Фан клуб - РК Вардар

Зарем има слика на сезонската?

Има, ама мора да биде исклучиво од полуматурата, а од позади ти ја пишува песничката од алманахот (заедно со најголемиот кикс во п.с.) :icon_mrgr:

Не ме јеби дека помисли дека сериозно прашува Мрзата? :icon_mrgr:
 
Да се вратиме на ракометната дискусија :icon_mrgr:
Денес не очекува интересен дуел против Татран Прешов. Екипата која е единствена која во двете сезони на постоењето на СЕХА се вратила со победа од Кале :)

Составот горе доле им е ист од лани, Крупа на голот, Антл лево крило, Томас Урбан на десно крило, Петро на пикерска позиција, Рабек на лева бековска, Радченко во средината и секако Криштофанс на десната бековска позиција :icon_mrgr:
Во составот го имаат и Жарко Пејовиќ кој беше дел од Вардар во минатото :icon_mrgr:

Лани Антл, Рабек и Криштофанс не растурија, така да годинава очеклувам реванш. Токму во Прешов го одигравме можеби и најдобриот гостински меч лани, во кој не смеевме да загубиме. Заврши нерешено со што се пласиравме во фајнл 4, а блиску бевме и до победа пошто при наше водство на минута до крај Столе утна зицер :)
Татран воглавно домашна екипа, ако не се лажам само Загреб и ние им имаме земено бод на домашен терен.
Годинава добија едно тешко гостување кај Брест Мешков, но затоа се посраа на гостувањето кај непредвидливиот Нексе. На домашен ја растурија Војводина...

Така да денес не очекува еден од поинтересните дуели (веројатно после дербињата со Металург и Загреб, ова му доаѓа како трет по неизвесност натпревар:) ) и нормално СИТЕ НА КАЛЕ :icon_mrgr:
 
Заврши нерешено со што се пласиравме во фајнл 4, а блиску бевме и до победа пошто при наше водство на минута до крај Столе утна зицер :)

Абе не беше ова со Нексе во гости? Ако мислиме на истата утакмица, кога промашивме и на Столе му се врати филмот од Македонија-Данска и при контра на Нексе(?) го лупна несреќникот од земја.. :icon_mrgr: Или некој друг промаши, зошто не може Столе толку брзо да промаши и да го патосира овој, :D а и не се заебавме само на една утакмциа така лани.. :cautious:
 
За со Нексе не сакам ни да се потсетувам. Имавмне напад за победа, ама ни испадна топката. И овие тргнаа во контра ама Прибак или Петриќ им ја украдоа и ја фрлија мислам до Јовчевски кој заедно со Марковиќ беа сами пред гол. Прво Јовчевски погоди статива, топката се одби до Марковиќ и овој место да го погоди празниот гол истотака погоди статива. Топката се одби кај играчиве на Нексе кои отидоа во контра пред Столе да се убаци од позадина и да го сотре нивниот играч за директен црвен картон :pos:
 
Да бе, така беше ги имав смешано, Јовчевски тогаш изигра одлична утакмица, ама во последниот клучен напад промаши..:)
 
Да бе, така беше ги имав смешано, Јовчевски тогаш изигра одлична утакмица, ама во последниот клучен напад промаши..:)

Колку пати има промашено напад за победа Вардар во последните 2 сезони е ненормално.Па сетете се само против Магденбург каде место на четри завршивме на 2 и пак на крај промашивме шут.Со Загреб во СЕХА каде топката го помина блокот и тој голманот како ја виде ( блокот беше на еден метар пред него ) и ја фати на линија.Против Металург и Барселона оваа сезона.

Во последен напад само Прибак би требало да ја има топката.Крилата и Столе се изнапромашија последи удари.
 
Кај е бе тој трансот Македонија позади гол што седеше цело време?:DТука бил само погоре го качиле, висеше без врска дека.

Инаку дефинитивно со Петриќ не ја бива, човекот може само да му биде замена на Алекс и тоа по 5,6 мин да игра максимум колку да одмори...
 
Што им е? Од 4 разлика водство, сега губат со три? И дали веќе еднаш конечно Душебаев ќе игра пред Петриќ, стариов не е материјал повеќе за овој тим.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom