Во меѓувреме во фудбалот радикални промени

Наеднаш титулата која навидум изгледаше сигурна повеќе не е толку на дофат. Мистер Џиџи просто го уништи тимот. Катастраофален пораз од ОФК на последната подготовка за зовривање на страстите. Во меѓувреме промени и во Комити, што катастрофално се одрази на групата во најлош можен момент. Практично се распаѓавме (не дека се реши ситуацијата и сега), а луѓето се повеќе бегаа од западот. Прво коло добиваме дозволаа за Битола,но во режија на МВР и ФФМ им се забранува на сите превозници да не носат за Битола. И покрај се најден е превоз, но со инцидентите во Скопје, работата се изјалови. Во знак на револт гостување НЕМА.
Прв наптревар што го следев од јужна беше Вардар-Шкендија. Вардар надмоќен, а за чудо од запад од единствените кои навиваа Комнбат 87 се слуша Џиџи мајсторе

Набрзо тоа се покажа како крајно погрешно скандирање. Групите лека полека и официјално бегаа од запад, а јас лично се решив да останам на матичната трибина. Многумина сфгатија дека тие што сме таму (Комити Ченто, The club, плус поединци од други групи) му даваме поддршка на моменталното раководство што воопшто не беше виостина и после тоа беше изнесено во јавност. Бевме сведоци и на немили сцени кога се степаа наши членови со моменталното раководство, по што дополнитлно се испразни западот.
Во знак на добра волја решивме да пробаме да функционираме заедно за викендот од СЕХА лигата, и дербито со Пелистер. Добивањето на забрана за Чкембари од нашата управа (веројатно потврдено и од некои наши структури) дефинитивно значеше дека групите не се враќаат на западот.
Па така функциониравме по 80-120 души, се навиваше како да селска група, се пееше едно полувреме, после сите седеа. Искрено сите се исплашија да не се случи 1999, па таман застанавме колку-толку на здрави нозе, пак да пропаднеме... Затоа имаме утнување на цели генерации, од моите генерации нема живо пиле, пошто во тој период кога требало да почнеме со навивање, Комити функционираа во релативно мал број и воопшто не се работеше на привлекување на нови луѓе. Се надевам нема да се повтори тоа и сега.
Изгубивме од Пелистер, само втор пат во историјата на Македонија, на домашен терен. Играчите беа сомнителни на тој меч, како да сакаа да го избркаат Џиџи, и успеаа во тоа. Се врати човекот кој најпрвин никој не го сакаше, Бобан Милевски, кумот

Со неговото враќање се вративме и на победите. Џиџи донесе низа промашени инвестиции, но го донесе и Стојков кој игра кога сака, кога несака ништо... Голем удар беа повредите на Георгиев и Таневски. Покажавме дека освен прв состав, вториот не може доволно да покрие ако некој играч е отсутен.
Рибарот иако очекувавме одлично да покрие на лева бековска позиција, тој изигра катастрофална полусезона. Турново не се даваше. Ни требаа неколку кола за конечно да ги поминеме на табела. Со помош на Шкендија, која најверојатно ја пуштивме во финале на куп. Ова никогаш не се докажа, НО...
Реваншот во Скопје изобилуваше со возбуда. А се започна мирно. Меч игран на први мај. Повеќето бојкоираа, така да на запад жалосна слика. Прво полувреме се навива, второ сите се раштркаа. Кајгана тим отидовме на јужна

Вардар губеше, но потоа пшочќна да притиска. Судијата не оштети неколку пати по што го навлече гневот на цел стадион. Сите бевме застанати во први редови. Вардар израмни, но промаши и шанса за победа. ЗАГУБИВМЕ!
Никој не можеше да претпосави што ќе се случува, и дека не очекува долга ноќ

Дел од нашите членови се зарчкаа со некои наши фудбалери, незадоволни од нивното залагање. Командирот дава наредба да се чисти цела трибина. Упад на специјалците на запад, начекувајќи село без кучиња. Маваат по се и сешто, но има и батки кои им враќаат. Пред влезот на запад, го јадат дел од специјалците и обичните плавци. Тука ја имав среќата да ме зденат со бокс по глава, многу педерски, од позади. Броев ѕвезди, не го видов специјалецот дека улетал од позади мене

Имаше фешти во парк, борба меѓу 70-тина Комити и специјалците. Овие апсеа и луѓе од јужна, кој им дојде.
Во меѓувреме ги распоредиле алфите по сите околни улици. Ни се пуштија со дифендери по тревата, така да настана општ хаос

Кој влага во кафичи, кој седнува во нкои од друштвата што седеа во парк, некој како мене се криеше по згради итн.
Цела улица кај што се криев ја опколија со дифендери, морав саат и кусур да се кријам во подрумот на зградата

И кога искочив по Партизанска фрчеа дефендери накај рекорд.
Уапсени 20-тина луѓе, мешу нив и член на ЦПБ кој се враќал од меч на Работнички како и тип кој си ја чекал девојката кај Универзална

Цел ден беа држени во притвор, а следниот ден ослободени.
Резил за Македонската полиција, одново удрија само по своето без реално никаква причина.
Првенството мораше да се доигра. Одново истите членови бевме на запад, а со нас за овие мечеви уште цела сурија специјалци иако игравме со екипи од типот на Силекс.
Паѓаа доста заебанции, околу нашата "нова" подгрупа. Во меѓувреме се средуваа колку толку работите во групата.
Сами закажавме меч со Шалке, иако никој од управа тоа не го кажа.
Мисирите не се потрудија да има никаква реклама, а пошто и состојбата во групата ни беше хаос, добро што и толку публика се собра.
На тој меч беше покажано незадоволството од сегашната структура во Комити, па сите неистомисленици стоеа во горниот лев агол на трибината.
Вардар не изигра лошо на овој меч, и само среќата не дозволи да останеме непоразени.
Следуваше и организирано гостување во Автокоманда. Полн нашиот дел. На полуивреме ја имавме титулата на дофат, но Сашо Крстев по милијардити пат ни ја скрати радоста во дуелите со Металург. Остануваат тим кој сеуште не сме го тепале на гости

Иако со Пирати имаме наводно ривалски односи, овде можеше да се види дека голем дел од нашите и нивните членови се пријатели, па се испоздравија едни со други.
Нешто што искрено не го правдувам. Пирати лижат гз кај нашите постари членови, а после им се закануваат на некои копиљаци

Па едни фаци што до пред некоја година лично со мене одеа по утакмици, сега станаа најзакоравени Пирати

Добро што навреме се тргнаа од наша трибина, доста беа такви бескичмењаци.
Од такви профитери е дојдена до ова ниво состојбата во Скопјево, место да има една врвна навивачка група, они благодарение на бојата на парите формираа уште дузина други групи, лажејќи ги децата од нивно маало да го мрзат Вардар.
Какви се тоа фаци кои некогаш оделе за Вардар, па дури имале и видни улоги, а сега наводно ради политиката која влагала на запад смениле трибина. Требало да сменат трибина, ама трибина на истиот стадион, а не да сменат целосно клуб за кој навиваат. ПРОФИТЕРИ, кај се парите таму се и они
Во ракомет во втората полусезона почнавме релативно лошо, со пораз во Мешков. Брест фати залет, па сите калкулации велеа дека ако не освоиме бод во Прешов ГОТОВИ СМЕ. Тек сега сфатија колку скапо можеше да не кошта поразот во Ловќен. Вечните наши душебрижници кога дознаа дека се наоѓаме во незавидна позиција, веќе славеа. НО, Вардар изигра одлично во Прешов, имаше шанса да победи, Столе утна зицер за +2 на 30 секунди до крај, па заминавме само со нерешено. Тоа САМО значеше дека треба само да си ги победиме планираните домашни мечеви и да почнеме со подготовки за фајнл фор.
Нексе се покажа како најглавна пречка. Се надминаа себеси, и беа на дофат да ни го загорчат пласманот во фајнл фор.
Мораше да победиме, а ние губевме скоро цел втор дел во Скопје.
Со притисок од публиката, Вардар направи пресврт, но мора да се рпизнае дека имавме и голема помош од судиите. Недановски беше човекот на одлука, со два гола на крајот не прати на чекор дсо фајнл форот. Борац и Извиѓач беа лесно совладани на гости, па остана уште ослабениот Ловќен да падне во Скопје.
Токму од Ловќен го земавме Даскаловски од кого сите очекувавме многу, а го отпуштивме ШИМЕ

Шиме маскотата на тимот, што смеење падна со него годинава

Секој што не идел на утакмици годинава треба да зажали. Не жалам ни минута од изгубеното време

Особено во втората полусезона, после хаосот во Комити, РК Вардар остана без поддршка на неколку меча. Тогаш кајгана екипа стапи на сцена, и може да се каже дека сами ја одржувавме атмосферата во салата, со заебанции, со правење ОЛЕ на секое додавање итн

Ловќен беше торпедиран и славејто можеше да почне.
Остана уште небитното гостување во Автокоманда. Небитно и за нашите домаќини кои и онака не сакаа да играат во лигава

Врти сучи пак со прв состав, можеби единствен пат кога не надиграа сезонава.
Но полека ги стигаа пворедите. Манасков во аут, Мојсо влече ситни повреди.
Се беше подготвено за фајнл форот.
Сите ја чекавме наводно 7 илјадната публика на Металург

Што се случи?
Ова...
Е на ова не остана рамнодушен никој. Прилично емотивно и страствено навивање, на група која наводно не го сака клубот, туку одела ради дедовците нивни

Сите беа сложни во едно, АРГЕНТИНСКА АТМОСФЕРА ВО СКОПЈЕ. Се разбудија и некои спонзори од страна, стигаа пораки до Михајло за можно спонзорство.
Од 4 000 и кусур луѓе во сала, дали 300 беа фанови на Металург

ОПРАВДУВАЊЕ: Они биле господа, испод чест им било да се мешаат со луѓе ако нас. А пустите пола публика им е вон Скопје, студенти од студентскине домови во Автокоманда. И пак испадна сме победиле ради тоа што сме биле насилни. А вистината е дека секогаш кога доаѓаме во водство, нивните навивачи напаѓаат обични фанови на Вардар или играчите на Вардар. Како договорено, во тие прекини нивните играчи фаќаат залет и после се враќаат во игра.
Можат да сонуваат за нашата брза игра. Уште не знаеа кај се, а веќе губеа со 5-0.
Од нигде искочи новата песна за Металург. Т.е. против Металург

Само благодарение на прекинот се вратија во игра. Израмнија

Си реков не пак...
Па животот ми се скрати за 10 години на мечот со Магдебург и првиот со Металург

Карачиќ погодува за водство, а на Димовски му испаѓа топката за делириум во салата.
Аууу што се случуваше. Партизанска преплавена во црвено-црно. Околу 1 800 Комити имаше во сала. Сите авобуси беа преполни. Свират коли, Карпош во црвено-црно славје.
Викендот немаше да биде целосен ако не го совладавме Загреб.
Со Металург игравме во петок, во сабота игравме дерби со Пелистер, а во недела веќе сите бевме исцедени ко лимони.
Ради некои преписки на фудбал, некои подгрупи не беа на наша трибина за мечот со Загреб, затоа бевме во помал број од полуфиналето. Имаше лош избор на песни, затоа и навивањето не беше најсјајно. А Вардар играше релативно лошо. Приобувавме на сила, но малиот СтепанчИќ (
TheTrooper 
) не растури. Уште една инфаркт завршница. Губиме еден разлика и имаме неколку секунди за напад. На Петриќ му бега топката, но тука е Прибак да ја спроведе во голот. Ерупција на трибините. Срце ќе ми застанеше, чекав официјална потврсда за голот, па да почнам да славам. Голот е признат!
Не чека продолжение. Сите очекуваме да победиме, затоа што имавме ракометар плус, а и ние требаше да бидеме помотивирани откако се вративме од веќе изгубен меч. НО...
Загубивме...
Тешка беше завршницата за мене, одново имавме напад за да оди мечот на пенали но утнавме...
Не можев да се соземам. Сите си отидоа, а јас уште во сала. Дремев како мисир во неверување

Какво беше ова засладување за форумските Металуршки фанови. Сега очекуваа да освоиме 0 титули, пошто нели они не им е битна оваа лига, на нас ни ја оставија, и пак не ја освоивме...
Се вративме на главното. ДОМАШНОТО ПРВЕНСТВО.
Оваа година можам да се пофалам дека од домашните мечеви во фудбал пропуштив само еден меч (со Работнички дома, ради неизбежна фамилијарна прослава, на гостувањата не бев само со Турново и Дрита ради револт после мечот со Тетекс

), а на ракомет од СЕХА мечевите и од домашното првенство не бев само на мечот со Пелистер дома ради работни обврски, дури успеав и на гостување со Тинекс Пролет да одам

).
На сите мечеви пешки од Пржино до Кале и назад (добро некогаш и со автобус

)
Прво коло дома со Куманово. За домашни услови, во сала солидно, 250 души

Реклама за мечот никаква, а во Комити општ хаос...
Вардар губеше 20 минути, но после ги демолиравме.
Следуваше гостувањето кај што сите се плашевме од губење бодови.
Само нерешено со Зомимак во Струмица

Струмичани имаа земено дебела премија од Металург.
Металург веќе се радуваа на титулата, им требаше победа во Автокоманда за да слават. А и нивните фанови веќе славеа.
Особено на форумов

Слесдеше победа над Тинекс Пролет, па падна и Пелистер на домашен.
Дојде гостувањето во Автокоманда. Педерите не даваат карти, а истовремено нмаат доволно публика да исполнат сала од 1 000 - души

Не можев да го гледам второ полувреме. Во прво полувреме Вардар игра одлично. Можев од време на време да следам резултат иако имав работни обврски. Оуштам на кратко гледам губиме 3-4 разлика. Аххх...
Пуштам последен напад, гледам нерешено. Замолив да го догледам мечот. Утнува Мојсо и се фрлам на славје, на зачудување на сите.
Телефонот не престанува да ѕвони.
Прва порака од
Mr.X : Извадивме нерешено, ќе гори Кале.
Ѕвонат сите, цело маало се напнаа.
Се вратија апетитите. Одеднаш ние станавме фаворити за титулата

Останав присебен, побарав од сите да се дочека на другите мечеви.
Победивме во Куманово. Куманово играа за нас

Братската екипа

И единствени што ни честитаа подоцна.
Следуваше меч во Битола.
Ние на фгудбал навиваме,
Дим4е ни пишува порака губиме 16-9 во Битола.
Срце ме стрефи...
Цела трибина во паника, и кога стига порака НИЕ ВОДИМЕ 16-9.
Уххх, Димче ми скрати уште 10 години од животот

Победивме и во Битола.
Останаа мечевите со Зомимак како домаќин и Тинекс како гости во салата 11 Октомври.
Како кец на десетка ми дојде играњето во оваа сала.
Одма се забележа разлика, со Зомимак имаше скоро полна сала, со Тинекс околу 250 души. Зомимак ги торпедиравме, а мечот мина и во навивање спонтано од повеќе расцепкани Комитски групи.
Со Тинекс бевме помалце од мечот со Зомимак, но уживавме во демлирање на противникот.
Голманот на Пролет имаше тренерки Металург, се му ебам

Столе до ден денес го дупи на Фб.
Му рокна 3 гола за 5 минути тогаш

А Милиќ им даде гол на Зомимак од гол на гол

Инаку Тинекс Пролет имашеб 6-7 дечиња кои им даваа поддршка, со тапан

На возраст од околу 8-10 години.
На врата имаше обезбедување што не отече осд проверување. На еден му земаа 80 денари во ситни 10-ки

Демек ќе гаѓа некој со 10-ки на меч на кој горе-доле се знае кој ќе биде победник

На крај ја испративме пораката: САКАМЕ ТИТУЛА!
______________________________________________________________
Следен пост утре, пост за 02 јуни
Данке
Near на помошта

Кој ограничил на 18 000 карактери ММЕ
