Фан клуб - РК Вардар

Ајде еден мал осврт на сезонава, воглвно од моја лична навивачка гледна точка.
Можев да го напишам постов и во темата за ФК Вардар, ама сепак годинава ракометарите мислам дека повеќе не сплотуваа, така да заслужуваат да ја добијат честа :D

Ќе одам паралелно, и со фудбал и со ракомет. После еуфоричната одисеја во квалификациите за фудбалската ЛШ, си се вративме на домашното Македонско фудбалско сивило.
ФК Вардар влезе како тотален фаворит за титулата во домашното првенство, а главен противник му беше Турново. Ебате лигата кога маалски екипички како Турново и Металург ни се главни противници во лигата :mad: Неатрактивност на ниво...
Првенството отворено на ниво, со победа против градскиот ривал. Прво гостување, прв пораз, први поголеми инциденти. Кој беше во Кичево со воз знае како поминавме дента :icon_mrgr: Целосна доминација на теренот, но гол од единствената шанса на Напредок и пораз од 1-0 за ерупцја на Кичевската публиа. Празнење на Кичевските кафанчиња, човекот мораше од локалната трафика да купува пиво за да не снабди :icon_mrgr: На крај за 15-тина души, сметката излезе околу 2 000. Уште еднаш секоја чест за домаќинот во кафанчето :cuc: Кулминацијата на денот беше каменувањето во Чаир. Здраво каменување од двете страни на воз во стоење, од страна на 30-тина Шверцери. После еден куп фрлени камења (претпоставувам околу 50-тина) исчезнаа со брзина на светлината. Нормално педерчињата новинарски ништо не снимија, претсавија како божем во движење биле фрлени два-три камења. А педерчето дур снимаше му фрштеа камења над глава, и се жалеше како во секој момент летаат нови камења, додека на ТВ излезе снимка само од најмалку искшениот прозор. За среќа немаше посериозно пворедени, само неколкумина со исекотини. Вардар брзо им се врати на победите. На домашен терен гостите си заминуваа со полна мрежа. Не им бегаа по 3 гола. Конкурентот Турново си замина со петарда во мрежата :icon_mrgr: Следуваше и мечот кој докажа дека имаме најснеспособна полиција. Гостување на Пелистер после една сезона мината во втора лига. Чкембари во број за респект, околу 550-600 луѓе. Фрчеа напади цел ден, за малку украден транспарент, со кулминација по утакмицата и бркање со полицијата низ сите Скопски населби (заигруваа и полициските вучјаци :D). Да ги занемариме негативните моменти од дербито. Вардар за прв пат се соочи со потежок противник. Во крајните моменти го скршивме отпорот и победивме со 3-1.
Според мене можеби најдобро навивање на фудбал :cuc:
Од 1:30, невидено :cuc:
И од 4:20 секако :icon_mrgr:
http://www.youtube.com/watch?v=-5DdBZKapok
И Чкембари беа солидни, тешки вака да ни биде секое дерби...
За жал ФФМ брзо ни го скратија мечтаењто по вакви дербиња, носејќи глупи забрани за гостувања. Набрзо игравме во купот, нормално победивме и во Скопје и во Битола :D, но и двата меча поминаа без гостинска публика.
Вардар се мачеше на гостувањата. Никако не можевме да победиме. Во Кратово џабе отидовме. Само во Македонија го има ова. Отидени сдо стадионот, таму ти прават кордон од четири страни и дури не заврши мечот те држат во 20 метри квадратни. Кој како се снајде, кој гледаше низ дупчињата од вратите, кој од кровот... :D
Но и немаше што да се види, катастрофална игра на нашите пулени. Во Штип бевме малце пдообри. Уште едно одлично гостување, со многу коли, два автобуси, комбиња, поддршка од Радовишките Комити итн.
По пат смеење, молење да застане шефот да јадеме пастрмајлии :pos:
На мајка ми кога и кажав дека ќе гостуваме во Штип ми вика да ти дадам пари да ми купиш пастрмајлија. И викам жено не идеме на ескурзија ебате :pos:
Убавата страна на Македонскиов фудбал е што ќе ги прошеташ повеќето од градовите :)
А уште поубаво е ако дојдеш во сопствена режија. Штета што постојат еден куп кретени што ќе ти ја скршат колата итн.
Гостувањето во Тетово беше уште полегендарно :pos:
374004_368093553285595_1510740696_n.jpg

И Осама навива за Вардар :)
Плус гратис патосирање на група Балисти кои сакаа да го украдат знамето. Таму полицијата нема гајле, си грицкаат семки, мува не ги лази :icon_mrgr:
Тука ми пукна филм. Краен резултат 0-0, со 0 шутеви кон гол.
Цел стадион пееше НЕ Е МЕСТЕНА, НЕ Е МЕСТЕНА...
Па на крајот имаше и вербален конфликт со фудбалерите.
Затоа во Турново и во Боговиње отидоа помал број на луѓе.За во Турново тортура од полицијатам, земање лични податоци, од Боговиње вратени ради одложување на мечот. Вардар одлично ја заврши полусезоната со победа над Дрита во презакажниот меч одигран во Тетово. Таму во сопствена режија Вардар имаше поддршка од членови на Комити Ченто :D


Да се префрлиме малце на ракометот.
Три сезони потрошивме во НИШТО. Бескрајно менување на играчи, никаква стратегија. Мада се ми се чини дека тоа беше последица на тоа што немавме многу пари, па се носеа странци кои на крајот на беа исплаќани :icon_lol: Стар лисец е Михајло.
КОнечно минатата сезона се стабилизираа работите. Ги подзадрживме некои играчи, а составот дополнително се засили.
Почна да се создава хемија меѓу играчите. Едноставно не можеш а да не ги обожаваш овие фаци :icon_mrgr:
Лани за малку не успеавме да ја освоиме титулата, но им лапнавме два трофеја. Годинава сите сакаа само една титула - ДОМАШНОТО ПРВЕНСТВО.
Се влезе со поголеми апетити и за Европа.
Сите чекавме да видиме какви засилувња ќе бидат донесени. Како замена за Собол долета Раковиќ. За десен бек дојде Рајковиќ од кој многу се очекуваше. За жал очкувањата околу него воошто не се исполнија. Ситуацијата не зависеше само од нас. Сите го очекувавме заминувањето на Станиќ од Металург. Студен туш, тоа не се случи, ама бар го загубија Марковиќ. Надежите меѓу нас се зголемуваа, но во последен момент Металург го зема Вугринец, екстремно засилување за нив.
Но ние го вративме Прибак. Ладнокрвниот ѕвер!
Колку сакаат нека лажат, со 3 пати помал буџет направивме екипа која слободно може да се носи со нив.
Почнавме со учество во СЕХА лигата. На стартот во Скопје прегазена новата екипа Брест Мешков.
Вардар годинава го доби можеби и најважниот играч, а тоа беше враќањето на организираната поддршка од трибините. Катастрофален потег беше ланската одлука за неорганизирана поддршка. Целта беше да не изгледаме дека идеме само по дербиња (со оглед на тоа што сме навивачи воглавно на ФК, а стадионот и салата ни се прилично далеку, ретко кој има финансии два пати во викендот да оди на овие релации), а на крај само им се даде повод на клошаранана што гледа ракомет еднаш во деценијата, да коментира дека Комити не навивале дека не добивале веќе пари од Михајло :pos: Јас па се чудам од каде ми се парине на трансакциона, тоа од Михајло да ти биле :icon_mrgr:
Се гледаше напредок во играта, но сеуште некако бевме тенки на бековска позиција.
Како се одвиваа мечевите, се гледаше дека тимот се карактерзира со одличната хемија меѓу играчите. Но и тоа си има свои маани, со оглед на тоа што често знаевме да ги затекнеме како лумпуваат по Скопските дискотеки и кафани :icon_mrgr:
Вујо преку за две сезони го направи Вардар супер модерен тим, со брз ракомет, без многу ротации во трансформацијата напад-одбрана. Секој играч добиваше подеднаква минутажа на мечевите, и тоа беше нашата предност пред Металург. Лино постојано играше со едни исти ракометари, имаше 9-10 ракометари на пик и тоа беше тоа.Дојде и денот за првата пресметка.
Полно Кале, врие атмосферата уште од самиот почеток. Овие мечеви одамна се претворија во нешто поголемо. Циркуз на теренот, НАРКО МАНИЌ добива црвен и покажува к*р кон фановите на Вардар. Металург распрачен, Вардар води со 6-7-8 разлика во текот на целиот меч. Страшен пад во вториот дел, и израмнување во крајните минути. И кко од бајка, ПРИБАК повратникот во екипата со удар од 9 метри по истекот на времето го фрла во делириум цело Кале. Немаше сила што можеше да не задржи. На трибина гз преку глава, знам дека рипнав на тој до мене и паднавме, се искршивме на столовите :D Пола влегоа да слават, пола се пуштија по Пирати :D
Нормално, педерчињата само плачеа, како ние само така сме можеле да победиме, заборавајќи КАКО ЈА ЗЕМАА ТИТУЛАТА во ланската сезона. Плус за нив ова било небитно натпреварување :icon_lol: Секогаш играа со "втор тим", а најдобри стрелци константно им беа Миркуловски, Вугринец, Манасков, Мојсо :icon_mrgr:
Ги занемаривме, продолжи ова натпреварување.
Вардар добиваше поддршка на сите домашни мечеви воглавно од подгрупата The club (за волја на вистината некои подгрупи придржувајќи се на ултрас правилата во текот на цела сезона седеа на други трибини или воопшто не одеа). Бевме во бројка околу 80-150 на сите мечеви. Иако со никаква реклама, и трибините лека полека почнуваа да се полнат, па во просек сигурно имавме по 800 гледачи во СЕХА лигата, што реално за ваков анти спортски град ко Скопје е солидна посета. Тоа е главоболка на сите главни градови во околината, освен Ѕвезда која привлекува голем дел на публика вон Белград, сите други мака мачат со пополнување на стадионите/салите.
Противниците лека полека беа делкани, а особено вреди да се издвои мечот со Борац Бања Лука, кој помина во голема забава на трибините.
Руски рулет од Тоше полека стана заштитен знак на нашиот ракометен клуб, а особено на овој меч беше занимливо кога се пееше песната од цела сала. Се пдоеливме на две групи и се навиваше од двете страни. На гостувањата игравме топло-ладно. Нерешено кај Загреб, нерешено кај Нексе во меч кој МОРАВМЕ да го сдобиеме пошто бевме за класа подобри, со неверојатни промашувања на крајот.
Годинава имавме зголемени апетити и за Европските настапи. Прво игравме со противник од Чешка, искрено не се сеќавам како се викаа :D
Дома ги растуривме, на нивни терен, ЗАГУБИВМЕ.
Ова беше голема опомена за нашиот тим...
Следен противник беше Германскиот Магдебург.
Од сите екипи баш они...
Да не се навраќам да звучам злобно, ама педерине во ЛШ играа со класа послаби тимови од Магдебург, а нас во КВАЛИФИКАЦИИ НИ СЕ ПАДНАА ОВИЕ :tapp:
Во најлош можен момент кавга во нашиот состав. Вујо се скарал со Столе.
Столе аут за првиот меч.
На чудо на сите загубивме само 3 разлика во Германија, нешто што порано ни беше научна фантастика. Не бев во можност да го гледам мечот па секои две минути му се јавував на Mr.X да го прашам колку е резултатот :D
Во Македонија во тој период имаше навивачко обединување, па кулминацијата се очекуваше токму на реваншот.
Не можам да опишам што се случуваше во Кале. Кулминација во секаква смисла на зборот. Вардар играше добро, но голманите катастрофа. Губевме 3-4 разлика, а требаше да тепаме со 3...
Големиот пресврт го најавува Стоолен Стоилов со фантастичен гол од 9 метри.
Во Кале делириум. Германците не знаеа кај тераат, Вардар одеднаш доаѓа во водство од +3 и напад за да го запечати пласманот во групи. И тоа не е се имавме играч повеќе. Зицер ситуација за Јовчевски НО ПРОМАШУВА.
Оди Магдебург во напад, а јас почнувам да го гризам шалот. Салата грми од свирежи. После долг напад даваат гол од 10 метри :place:
Прибак брзо ита за да погоди за пласман понатаму, но неговиот удар еблокиран, и по милијардити пат Германците не поминуваат во ракомет...
Освен Пелистер ниедна друга екипа не се држела волку добро со Германска екипа :)
После мечот барем ја одбранивме честа на Скопје, уништувајќи ги Шверцерсските заседи и разбивајќи ги нивните помлади екипи, додека нивната постара екипа бегаше накај Кале. Ќе налетав за малку во нивна заседа, да не поминеа дел од една наша подгрупа плус уште некои кајганџии на истото место претходно :icon_mrgr:
Зимскиот дел завршува со кикс кај Ловќен, кикс за кој нашите не беа свесни дека може да значи многу за понатамошниот тек на сезоната.
 
Во меѓувреме во фудбалот радикални промени :confused:
Наеднаш титулата која навидум изгледаше сигурна повеќе не е толку на дофат. Мистер Џиџи просто го уништи тимот. Катастраофален пораз од ОФК на последната подготовка за зовривање на страстите. Во меѓувреме промени и во Комити, што катастрофално се одрази на групата во најлош можен момент. Практично се распаѓавме (не дека се реши ситуацијата и сега), а луѓето се повеќе бегаа од западот. Прво коло добиваме дозволаа за Битола,но во режија на МВР и ФФМ им се забранува на сите превозници да не носат за Битола. И покрај се најден е превоз, но со инцидентите во Скопје, работата се изјалови. Во знак на револт гостување НЕМА.
Прв наптревар што го следев од јужна беше Вардар-Шкендија. Вардар надмоќен, а за чудо од запад од единствените кои навиваа Комнбат 87 се слуша Џиџи мајсторе :pos:
Набрзо тоа се покажа како крајно погрешно скандирање. Групите лека полека и официјално бегаа од запад, а јас лично се решив да останам на матичната трибина. Многумина сфгатија дека тие што сме таму (Комити Ченто, The club, плус поединци од други групи) му даваме поддршка на моменталното раководство што воопшто не беше виостина и после тоа беше изнесено во јавност. Бевме сведоци и на немили сцени кога се степаа наши членови со моменталното раководство, по што дополнитлно се испразни западот.
Во знак на добра волја решивме да пробаме да функционираме заедно за викендот од СЕХА лигата, и дербито со Пелистер. Добивањето на забрана за Чкембари од нашата управа (веројатно потврдено и од некои наши структури) дефинитивно значеше дека групите не се враќаат на западот.
Па така функциониравме по 80-120 души, се навиваше како да селска група, се пееше едно полувреме, после сите седеа. Искрено сите се исплашија да не се случи 1999, па таман застанавме колку-толку на здрави нозе, пак да пропаднеме... Затоа имаме утнување на цели генерации, од моите генерации нема живо пиле, пошто во тој период кога требало да почнеме со навивање, Комити функционираа во релативно мал број и воопшто не се работеше на привлекување на нови луѓе. Се надевам нема да се повтори тоа и сега.
Изгубивме од Пелистер, само втор пат во историјата на Македонија, на домашен терен. Играчите беа сомнителни на тој меч, како да сакаа да го избркаат Џиџи, и успеаа во тоа. Се врати човекот кој најпрвин никој не го сакаше, Бобан Милевски, кумот :D
Со неговото враќање се вративме и на победите. Џиџи донесе низа промашени инвестиции, но го донесе и Стојков кој игра кога сака, кога несака ништо... Голем удар беа повредите на Георгиев и Таневски. Покажавме дека освен прв состав, вториот не може доволно да покрие ако некој играч е отсутен.
Рибарот иако очекувавме одлично да покрие на лева бековска позиција, тој изигра катастрофална полусезона. Турново не се даваше. Ни требаа неколку кола за конечно да ги поминеме на табела. Со помош на Шкендија, која најверојатно ја пуштивме во финале на куп. Ова никогаш не се докажа, НО...
Реваншот во Скопје изобилуваше со возбуда. А се започна мирно. Меч игран на први мај. Повеќето бојкоираа, така да на запад жалосна слика. Прво полувреме се навива, второ сите се раштркаа. Кајгана тим отидовме на јужна :D Вардар губеше, но потоа пшочќна да притиска. Судијата не оштети неколку пати по што го навлече гневот на цел стадион. Сите бевме застанати во први редови. Вардар израмни, но промаши и шанса за победа. ЗАГУБИВМЕ!
Никој не можеше да претпосави што ќе се случува, и дека не очекува долга ноќ :(
Дел од нашите членови се зарчкаа со некои наши фудбалери, незадоволни од нивното залагање. Командирот дава наредба да се чисти цела трибина. Упад на специјалците на запад, начекувајќи село без кучиња. Маваат по се и сешто, но има и батки кои им враќаат. Пред влезот на запад, го јадат дел од специјалците и обичните плавци. Тука ја имав среќата да ме зденат со бокс по глава, многу педерски, од позади. Броев ѕвезди, не го видов специјалецот дека улетал од позади мене :icon_mrgr:
Имаше фешти во парк, борба меѓу 70-тина Комити и специјалците. Овие апсеа и луѓе од јужна, кој им дојде.
Во меѓувреме ги распоредиле алфите по сите околни улици. Ни се пуштија со дифендери по тревата, така да настана општ хаос :D
Кој влага во кафичи, кој седнува во нкои од друштвата што седеа во парк, некој како мене се криеше по згради итн.
Цела улица кај што се криев ја опколија со дифендери, морав саат и кусур да се кријам во подрумот на зградата :D
И кога искочив по Партизанска фрчеа дефендери накај рекорд.
Уапсени 20-тина луѓе, мешу нив и член на ЦПБ кој се враќал од меч на Работнички како и тип кој си ја чекал девојката кај Универзална :pos:
Цел ден беа држени во притвор, а следниот ден ослободени.
Резил за Македонската полиција, одново удрија само по своето без реално никаква причина.
Првенството мораше да се доигра. Одново истите членови бевме на запад, а со нас за овие мечеви уште цела сурија специјалци иако игравме со екипи од типот на Силекс.
Паѓаа доста заебанции, околу нашата "нова" подгрупа. Во меѓувреме се средуваа колку толку работите во групата.
Сами закажавме меч со Шалке, иако никој од управа тоа не го кажа.
Мисирите не се потрудија да има никаква реклама, а пошто и состојбата во групата ни беше хаос, добро што и толку публика се собра.
На тој меч беше покажано незадоволството од сегашната структура во Комити, па сите неистомисленици стоеа во горниот лев агол на трибината.
Вардар не изигра лошо на овој меч, и само среќата не дозволи да останеме непоразени.
Следуваше и организирано гостување во Автокоманда. Полн нашиот дел. На полуивреме ја имавме титулата на дофат, но Сашо Крстев по милијардити пат ни ја скрати радоста во дуелите со Металург. Остануваат тим кој сеуште не сме го тепале на гости :confused:
Иако со Пирати имаме наводно ривалски односи, овде можеше да се види дека голем дел од нашите и нивните членови се пријатели, па се испоздравија едни со други.
Нешто што искрено не го правдувам. Пирати лижат гз кај нашите постари членови, а после им се закануваат на некои копиљаци :facepalm:
Па едни фаци што до пред некоја година лично со мене одеа по утакмици, сега станаа најзакоравени Пирати :D Добро што навреме се тргнаа од наша трибина, доста беа такви бескичмењаци.
Од такви профитери е дојдена до ова ниво состојбата во Скопјево, место да има една врвна навивачка група, они благодарение на бојата на парите формираа уште дузина други групи, лажејќи ги децата од нивно маало да го мрзат Вардар.
Какви се тоа фаци кои некогаш оделе за Вардар, па дури имале и видни улоги, а сега наводно ради политиката која влагала на запад смениле трибина. Требало да сменат трибина, ама трибина на истиот стадион, а не да сменат целосно клуб за кој навиваат. ПРОФИТЕРИ, кај се парите таму се и они :)

Во ракомет во втората полусезона почнавме релативно лошо, со пораз во Мешков. Брест фати залет, па сите калкулации велеа дека ако не освоиме бод во Прешов ГОТОВИ СМЕ. Тек сега сфатија колку скапо можеше да не кошта поразот во Ловќен. Вечните наши душебрижници кога дознаа дека се наоѓаме во незавидна позиција, веќе славеа. НО, Вардар изигра одлично во Прешов, имаше шанса да победи, Столе утна зицер за +2 на 30 секунди до крај, па заминавме само со нерешено. Тоа САМО значеше дека треба само да си ги победиме планираните домашни мечеви и да почнеме со подготовки за фајнл фор.
Нексе се покажа како најглавна пречка. Се надминаа себеси, и беа на дофат да ни го загорчат пласманот во фајнл фор.
Мораше да победиме, а ние губевме скоро цел втор дел во Скопје.
Со притисок од публиката, Вардар направи пресврт, но мора да се рпизнае дека имавме и голема помош од судиите. Недановски беше човекот на одлука, со два гола на крајот не прати на чекор дсо фајнл форот. Борац и Извиѓач беа лесно совладани на гости, па остана уште ослабениот Ловќен да падне во Скопје.
Токму од Ловќен го земавме Даскаловски од кого сите очекувавме многу, а го отпуштивме ШИМЕ :D
Шиме маскотата на тимот, што смеење падна со него годинава :icon_mrgr:
Секој што не идел на утакмици годинава треба да зажали. Не жалам ни минута од изгубеното време :) Особено во втората полусезона, после хаосот во Комити, РК Вардар остана без поддршка на неколку меча. Тогаш кајгана екипа стапи на сцена, и може да се каже дека сами ја одржувавме атмосферата во салата, со заебанции, со правење ОЛЕ на секое додавање итн :icon_mrgr:
Ловќен беше торпедиран и славејто можеше да почне.
Остана уште небитното гостување во Автокоманда. Небитно и за нашите домаќини кои и онака не сакаа да играат во лигава :icon_lol: Врти сучи пак со прв состав, можеби единствен пат кога не надиграа сезонава.

Но полека ги стигаа пворедите. Манасков во аут, Мојсо влече ситни повреди.
Се беше подготвено за фајнл форот.
Сите ја чекавме наводно 7 илјадната публика на Металург :icon_mrgr:
Што се случи?
Ова...
Е на ова не остана рамнодушен никој. Прилично емотивно и страствено навивање, на група која наводно не го сака клубот, туку одела ради дедовците нивни :icon_lol:
Сите беа сложни во едно, АРГЕНТИНСКА АТМОСФЕРА ВО СКОПЈЕ. Се разбудија и некои спонзори од страна, стигаа пораки до Михајло за можно спонзорство.
Од 4 000 и кусур луѓе во сала, дали 300 беа фанови на Металург :pos:
ОПРАВДУВАЊЕ: Они биле господа, испод чест им било да се мешаат со луѓе ако нас. А пустите пола публика им е вон Скопје, студенти од студентскине домови во Автокоманда. И пак испадна сме победиле ради тоа што сме биле насилни. А вистината е дека секогаш кога доаѓаме во водство, нивните навивачи напаѓаат обични фанови на Вардар или играчите на Вардар. Како договорено, во тие прекини нивните играчи фаќаат залет и после се враќаат во игра.
Можат да сонуваат за нашата брза игра. Уште не знаеа кај се, а веќе губеа со 5-0.
Од нигде искочи новата песна за Металург. Т.е. против Металург :icon_mrgr:
Само благодарение на прекинот се вратија во игра. Израмнија :confused:
Си реков не пак...
Па животот ми се скрати за 10 години на мечот со Магдебург и првиот со Металург :свиркам:
Карачиќ погодува за водство, а на Димовски му испаѓа топката за делириум во салата.
Аууу што се случуваше. Партизанска преплавена во црвено-црно. Околу 1 800 Комити имаше во сала. Сите авобуси беа преполни. Свират коли, Карпош во црвено-црно славје.
Викендот немаше да биде целосен ако не го совладавме Загреб.
Со Металург игравме во петок, во сабота игравме дерби со Пелистер, а во недела веќе сите бевме исцедени ко лимони.
Ради некои преписки на фудбал, некои подгрупи не беа на наша трибина за мечот со Загреб, затоа бевме во помал број од полуфиналето. Имаше лош избор на песни, затоа и навивањето не беше најсјајно. А Вардар играше релативно лошо. Приобувавме на сила, но малиот СтепанчИќ (TheTrooper :D) не растури. Уште една инфаркт завршница. Губиме еден разлика и имаме неколку секунди за напад. На Петриќ му бега топката, но тука е Прибак да ја спроведе во голот. Ерупција на трибините. Срце ќе ми застанеше, чекав официјална потврсда за голот, па да почнам да славам. Голот е признат!
Не чека продолжение. Сите очекуваме да победиме, затоа што имавме ракометар плус, а и ние требаше да бидеме помотивирани откако се вративме од веќе изгубен меч. НО...
Загубивме...
Тешка беше завршницата за мене, одново имавме напад за да оди мечот на пенали но утнавме...
Не можев да се соземам. Сите си отидоа, а јас уште во сала. Дремев како мисир во неверување :confused:
Какво беше ова засладување за форумските Металуршки фанови. Сега очекуваа да освоиме 0 титули, пошто нели они не им е битна оваа лига, на нас ни ја оставија, и пак не ја освоивме...
Се вративме на главното. ДОМАШНОТО ПРВЕНСТВО.

Оваа година можам да се пофалам дека од домашните мечеви во фудбал пропуштив само еден меч (со Работнички дома, ради неизбежна фамилијарна прослава, на гостувањата не бев само со Турново и Дрита ради револт после мечот со Тетекс :D), а на ракомет од СЕХА мечевите и од домашното првенство не бев само на мечот со Пелистер дома ради работни обврски, дури успеав и на гостување со Тинекс Пролет да одам :icon_mrgr:).
На сите мечеви пешки од Пржино до Кале и назад (добро некогаш и со автобус :D) :)

Прво коло дома со Куманово. За домашни услови, во сала солидно, 250 души :icon_mrgr:
Реклама за мечот никаква, а во Комити општ хаос...
Вардар губеше 20 минути, но после ги демолиравме.
Следуваше гостувањето кај што сите се плашевме од губење бодови.
Само нерешено со Зомимак во Струмица :confused:
Струмичани имаа земено дебела премија од Металург.
Металург веќе се радуваа на титулата, им требаше победа во Автокоманда за да слават. А и нивните фанови веќе славеа.
Особено на форумов :icon_mrgr:
Слесдеше победа над Тинекс Пролет, па падна и Пелистер на домашен.
Дојде гостувањето во Автокоманда. Педерите не даваат карти, а истовремено нмаат доволно публика да исполнат сала од 1 000 - души :pos:
Не можев да го гледам второ полувреме. Во прво полувреме Вардар игра одлично. Можев од време на време да следам резултат иако имав работни обврски. Оуштам на кратко гледам губиме 3-4 разлика. Аххх...
Пуштам последен напад, гледам нерешено. Замолив да го догледам мечот. Утнува Мојсо и се фрлам на славје, на зачудување на сите.
Телефонот не престанува да ѕвони.
Прва порака од Mr.X : Извадивме нерешено, ќе гори Кале.
Ѕвонат сите, цело маало се напнаа.
Се вратија апетитите. Одеднаш ние станавме фаворити за титулата :D
Останав присебен, побарав од сите да се дочека на другите мечеви.
Победивме во Куманово. Куманово играа за нас :)
Братската екипа :D
И единствени што ни честитаа подоцна.
Следуваше меч во Битола.
Ние на фгудбал навиваме, Дим4е ни пишува порака губиме 16-9 во Битола.
Срце ме стрефи...
Цела трибина во паника, и кога стига порака НИЕ ВОДИМЕ 16-9.
Уххх, Димче ми скрати уште 10 години од животот :D
Победивме и во Битола.
Останаа мечевите со Зомимак како домаќин и Тинекс како гости во салата 11 Октомври.
Како кец на десетка ми дојде играњето во оваа сала.
Одма се забележа разлика, со Зомимак имаше скоро полна сала, со Тинекс околу 250 души. Зомимак ги торпедиравме, а мечот мина и во навивање спонтано од повеќе расцепкани Комитски групи.
Со Тинекс бевме помалце од мечот со Зомимак, но уживавме во демлирање на противникот.
Голманот на Пролет имаше тренерки Металург, се му ебам :D
Столе до ден денес го дупи на Фб.
Му рокна 3 гола за 5 минути тогаш :D
А Милиќ им даде гол на Зомимак од гол на гол :)
Инаку Тинекс Пролет имашеб 6-7 дечиња кои им даваа поддршка, со тапан :D На возраст од околу 8-10 години.
На врата имаше обезбедување што не отече осд проверување. На еден му земаа 80 денари во ситни 10-ки :pos:Демек ќе гаѓа некој со 10-ки на меч на кој горе-доле се знае кој ќе биде победник :pos:
На крај ја испративме пораката: САКАМЕ ТИТУЛА!


______________________________________________________________
Следен пост утре, пост за 02 јуни :D


Данке Near на помошта :D
Кој ограничил на 18 000 карактери ММЕ :D
 
Неарен си, ќе те прочитам после со кафе :D
 
:vozbud::vozbud::vozbud: Царе утре да не забравеш да пишеш и за 2 јуни...:vozbud::vozbud::vozbud::pos:
 
Aiii ova postov ko Danilo Kocevski da se rasplinil za Skopje. Taka ti za Vardar:D Brao masko toa e toa koga samo izleguva od tebe. Da dae gospod narednata sezona i use podolg referat da imas:D
 
:cuc: за пишуваново, а моментот е "Ајде еден мал осврт на сезонава" :icon_mrgr:

Најдобра утакмица на Кале беше со Лоќвен во СЕХА лига, какви заебанции само имаше со оваа екипава од Кајгана, а ни денес не беше лошо, плус во добра бројка бевме, што би рекол Mr.X спремна екипа :pos::pos::pos:

Со душа ја чекам следната сезона пред се во ракомет каде ќе играме во ЛШ :vozbud:
Најмалку 10 мечеви каде животот ќе го оставиме на ризик :vozbud: :icon_mrgr:

Мотив повеќе за Коњаникот да ни напише барем 4-5 поста :sneaky: :icon_mrgr:
 
Следуваше меч во Битола.
Ние на фгудбал навиваме, Дим4е ни пишува порака губиме 16-9 во Битола.
Срце ме стрефи...
Цела трибина во паника, и кога стига порака НИЕ ВОДИМЕ 16-9.
Уххх, Димче ми скрати уште 10 години од животот :D
Победивме и во Битола.

Прво мрднат си...
Второ така објавија на фб профилот ни они не знаеле дека Вардар е пишан како домаќин зошто претходната на еден трошок во Скопје, Пелистер ги изигра утакмиците со Вардар во купот и првенството. И мене ми беше се отидено у курац тој момент и му се јавив на wiz khalifa зошто знаев дека беше во сала и си се јавувам со очекување да си јадам битолски ремет :D овој ми го кажува истот резултат и му викам е добро бе што прават нашиве и овој ми вика абе водите ти што мислеше и мене срцево на место... па ви јавив одма :D
 
Прво мрднат си...
Второ така објавија на фб профилот ни они не знаеле дека Вардар е пишан како домаќин зошто претходната на еден трошок во Скопје, Пелистер ги изигра утакмиците со Вардар во купот и првенството. И мене ми беше се отидено у курац тој момент и му се јавив на wiz khalifa зошто знаев дека беше во сала и си се јавувам со очекување да си јадам битолски ремет :D овој ми го кажува истот резултат и му викам е добро бе што прават нашиве и овој ми вика абе водите ти што мислеше и мене срцево на место... па ви јавив одма :D

Ако те излажев пола фан клуб Вардар ке погинеше тој ден од проблеми со срцето:pos: памет за друг пат:D
 
Додајте и вие уште нешто, сигурно нема до некоја наредна година да ги памтиме сите настани, вака фино лепо си отвараш, си читаш и си ја исполнуваш душата :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom