Фан клуб - РК Вардар

Треба да отвориме тема : Сите осврти на Коњаникот Сабја
Или така нешто насловот да биде, и онака после секоја утакмица пишуваш "мал осврт" а скоро и да не пропушташ натпревар. Така да нема да треба да се мачиш овака да пишуваш :D
 
Ракометниот турнир во Струга прераснува во елитен евро-собир!

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=18598

Добро ќе ни дојде турниров за да се уиграат играчиве и да видиме на што сме.
 
Одиме со последниот дел :D

Не сакајќи сум заборавил да напишам за послесдниот ракометен пораз во завршница која ја помина секоја можна граница на баксузноста :icon_mrgr:
Веќе општо познато беше дека во Автокоманда не дупат со карти цело време, и дека на последниот меч не добивме НИЕДНА карта, а карти немаше ни во слободна продажба. Мислеа ќе освојат титула, но... :icon_mrgr:
Пред завршната утакмица во Кале имавме куп на Македонија на програмата.
Според мене Металург тактички ни ја препушти организацијата на купот. Михајло не требаше да прифати според мене, но веќе бидна што бидна.
На состанок со наши членови им е соопштено дека од Металург планираат да провоцираат и нивните навивачи да предизвикаат инцидент, и замоли да останеме присебни, затоа што единствена цел им е последниот меч да се игра пред празни трибини. Како превентива КАРТИ ВО СЛОБОДНА ПРОДАЖБА НЕМАШЕ, а гостите добија симболични 25 билети.
На тој меч единствено бев насочен да не се фрла кон терен, живци искинав :icon_mrgr:
Како и што очекувавме гостите реагираа на секоја судиска одлука, а мечот се разжешти кога при еден обичен фаул од Карачиќ над Вугринец, скокна цела клупа на Металург и се стрча во терен. Какви подли копилиња...
Наркосот не искина тој ден. Вардар изигра многу лошо, да бидеме реални. Но голема улога имаше и среќата, сто зицери ни скрати Станиќ, стативата го послужи неколку пати, они сто гола дадоа на одбиени топки, се кај нив паѓаше топката. И покрај се, со максимална поддршка од навивачите, Вардар се врати. На 10 минути до крај дојдовме на -1. На трибини хаос. Цела сала грмеше, штета што нема клип од моментите кога одеше нашата химна. ЕЖЕЊЕ...
И место нашите да го искористат тој момент, плус моментот што Миркуловски доби црвен, они се посраа. Металург водеше благодарение на Димовски :confused: Дебелово се надмина себеси последните два мешусебни меча...
Но пак добивме инфаркт завршница. Вардар оди во напад за нерешено и пенали, одлична акција, зицер за Марковиќ и.... СТАТИВА...
Неверојатно...
Се осеќав ко Балотели ебате, WHY ALWAYS US :pos:
Си одам разочаран накај дома, и ми ѕвони една другарка од Автокоманда, и ме ребра, ме ребра...
Ајде викам, ќе се видиме на 2 јуни :sneaky:
Во меѓувреме комшијата (возраст на татко ми) цела година ми сере. Пациенти вечни сме им биле, и во фудбал и во ракомет. Типот не навива за никој, ама знае дека се нервирам кога ми кења :LOL: Отварам врата да искочам, и он одма, кај си бе пациент бе...
Ааааа си викам, само да земеме титула ќе видиш тогаш :D

Реков и после купот:
Негоооо јас веќе ги смислив сите ритуали (воглавно од кога бев мал ми останале во сеќавање :D) што ќе ги направам тој ден за да се скрши малерот:

1.Кога ќе мијам лице ќе го измијам 5 пати. Секоја страна од вилицата ќе ја четкам по 25 секунди.

2.Пред да тргнам за на утакмица ќе ја пуштам Раце горе од САФ.

3.На излагање од двор, првата скала во дворот ќе ја качам и симнам 5 пати.

4.Ќе се ишишам во понеделникот од неделата кога играме :D

5.И во црква ќе отидам после сто години. Пошто не иде ова вака :D После 15 години ќе ги однесам во црква свеќите што ми ги дале кога ме крштеваме :pos:

6.Со досегашната "среќна" маица загубивме :( Заборавив декасо нив победуваме кога носам маица во нивните бои :D Така да ќе носам сина маица. Можно е и дресот Депортиво (јебеш ултрас правила битно да тепаме у пм), ем е сино бел, ем ќе им кобам нив, ем секогаш ми нсоел среќа :D

Ако и тогаш не победиме...


Инаку до последни моменти не се знаеше точно ога и во колку часот ќе се игра мечот со Металург. На Тинекс-Вардар сите препрашуваат. Абе кога ќе играме? Од Вардар ни викаат, тактиризираат, чекаат да се опорави Наумче. Им понудивме во недела, ама после фудбалот. Конечно понудата беше прифатена и мечот беше закажан за 2 јуни во 20 и 15 часот.


Поради фудбалските местенки во втората полусезона, плус неколкуте немили настани во групата, фудбалот некако им се одмилуваше на сите. Сомнително го загубивме мечот со Металург на гости, сомнително загубија со Работнички (гарантирам дека ја наместија), па кого и да го прашав викаше дека за ракомет им се прави повеќе мерак. Едноставно ракометарите не наведоа на тоа.
Кој не одел на утакмици не знае што се случувало.
Триста заебанции си правеа на тренинзи. Кога требаше да извадат групна слика Лазаров и Столе им правеа уши на другиве, не можеа пет саати да се сликаат :icon_mrgr:
Џамбо пред секоја утакмица можеше да се сретне во ГТЦ како ждере и пие вино :icon_mrgr:
Кога пазари кај мене во продавница, како зема работи ги остава на каса, па се враќа и само додава уште и уште :D
Топка не фати во купот и со Магдебург, ама затоа не спаси во Автокоманда, а беше добар и на другите меѓусебни дуели со нив. На крајот се разбрани бајаги, thanks to Бојана Атанасовска :icon_lol:
Меѓу другото сда не се заборави мечот со Куманово, кога наши членови од Комити влегоа на полувреме и се загреваа на теренот. Еден отиде во контра и му даде гол на голманот на Куманово :pos:DracevoTheCity знае за што зборам :D Сме се превртувале од смеа :)

Цело маало почна да доаѓа да ме прашува како ќе биде за карти. Голема возбуда кај мене во населба, секој се плаши да не нема место во Кале за 2 јуни. На последните фудбалски мечеви на Вардар група од постари фанови од моја населба редовно одеа. Има и еден Американец меѓу нив. Особено беше фасциниран од навивањето во ракометниот куп и од гостувањето во Автокоманда. Затоа 2 јуни го очекуваа со нетрпение не само помладите туку и многу возрасни фаци од моја населба.
Децата си знаат, не смее да навиваат за друг клуб освен за Вардар :icon_mrgr:
Како растат така се повеќе и повеќе изразуваат желба да одат по утакмици. Засега само на поважните, ама ќе ги биде за некоја година :D

Пред мечот во СЕХА лигата со Металург, од сабајлето имав работа со едни Албанки. Така и сега одбрав со нив да поработам од сабајлето на 2 јуни, иако имав повеќе опции, сепак тој ден мораше се да оди според однапред зацртани ритуали :icon_mrgr:
Првата точка од ритуалите ја направив во вторникот пред мечот, иако претходно реков во понеделник, сепак не ми работеше берберот тој ден. Ден мање више ништо не менува :D
Така шишан си го дочекав 2 јуни :icon_mrgr:


Дојде денот Д!
Станувам сабајлето уште во 8 и 30. Го мијам лицето 5 пати, мијам заби по 25 секунди секоја страна :D
Од 10 до 14 работно, после тоа почнуваат да ѕвонат телефоните. Тргаме од населба во 3 наводно :D
Во меѓувреме како и секогаш пред да одев на тест/колоквиум рокнато Раце горе од САФ до даска :icon_mrgr:
Доаѓа другарот и ми вика не можам веќе да издржам ајде да одиме. Му викам дур не заврши песната (ја пуштив едно 10 пати :D) не тргаме. Во мѓувреме доаѓа и татко ми од работа и одма кења, абе што ќе одиш кога ќе изгубите.
Сега викам следи главниот дел: Да ја искачам последната скала од сдворот пет пати и да се симнам исто толку пати :pos:
Човече ритуалот го немав правено од 9-10 години кога имав. Тоа ни беше среќниот ритуал за да ги победиме долно маало во фудбал :icon_mrgr:
Облакам сина маица, да им кобам на противниците :D
Следна цел - ЦРКВА.
Одиме да ги собереме и другите и дур ги чекаме да се спремат решивме да одиме до Света Петка со другаров.
Не сум некој голем верник, ама проклетството мораше да се скрши. На влез на црква, еден старец вика по нас. Што е работава се чудиме, кога не смеело да се влегува со шорцеви во црква :oops: Го замоливме он да ни купи свеќи од внатре па ги запаливме надвор. АЈДЕ ЗА ВАРДАР! :icon_mrgr:
Следна станица - СОБОРНА.
До соборна одевме по строго зацртан пат. СРЕЌНИОТ ПАТ :pos:
Еден другар вика абе таму копаат не може да поминеме има лимови. Му викам какви лимови, ако треба ќе ги скокаме, ама мора од таму да поминеме. За среќа уште не беше скроз заградено :icon_mrgr:
Одиме во соборна, а таму лека полека почнуваат да доаѓаат Комитски екипи од сите краишта. Во соборна се собиравме помладите членови на Комити. Атракција беа Комити Стајковци, т.е. едно дете што имаше таков шал кој му го сплетила баба му :icon_mrgr:
Новите маици се продаваа како алва.
Тргнавме и накај Градски, а таму веќе беа влезени приврзаниците на моменталното раководство, како и THe club кои си се неутрални во оваа ситуација. Поделени на три групи, се прецизиравме на западна некаде во 10-тата минута од мечот. Грмна Комитска песна. На стадион реално слаба посета, околу 5 000 гледачи. Но со оваа управа и таа реклама, ТОЛКУ. Беа дојдени и едно 100-тина навивачи на Турново кои имаа транспарент Турново шампион за Гинисови рекорди :pos:
Вардар брзо покажа кој е кој. Еднаш ги испративме со петарда, а дента можевме и со 20 гола да ги пратиме. Разлика во класи, и само работи Џиџи моравме да се молиме за титулата до последен момент :tapp:
Голеадата ја отвори кој друг ако не Битолчанецот во екипата :icon_mrgr:
Борче Маневски, човекот на одлука :icon_mrgr: Блесна во последните кола, особено ја памтиме асистенцијата со ножички и прекрасниот волеј на Костовски во мечот со Напредок.
Делириум на трибините. Уште не се опоравија гостите, а веќе имавме пенал за 2-0. Костовски стрела прецизно :icon_mrgr:
Стојков конечно погаѓа за 3-0 :vozbud:
Веќе беше се извесно. Вардар е на праг на 7-мата првенствена титула во Македонија, 8-ма сосе најзначајната титула во Југославија.
Западот гори. Убава атмосфера иако за волја на вистината не беше како ,лани. бројката горе-доле беше слична, но сепак се забележуваше несплотеноста и фактот дека имавме хаос во вториот дел од сезоната. Сепак мечот си беше изнавиван на ниво. Запалени бајаги димни и баклји и ечи АЈДЕ АЈДЕ АЈДЕ ВАРДАРЕЕЕЕЕЕ :D
Нашите играчи запнаа уште толку. Редот му дојде на Петров. Каков гол играч, може не го бива ама секогаш е на правото место за да даде гол :icon_mrgr:
Судбината им ја запечатува Стојков со вториот гол, а комотно можеше уште 2-3 да даде...
И без Георгиев покажавме кој е кој.
Натпреварот според семафорот не ги дочека сите 90 минути. Негде при крајот на 89-тата сите влегоа во терен, означувајќи ја втората титула во серија.
Тука беше единственото нешто што не ми се допадна и никогаш не го поддржувам. Некои фаци што еднаш годишно доаѓаат на стадион се тегнат за дресови, после ги продаваат :tapp:
Али затоа имаме и легенди кои го извадија голот и го качија на трибина :D
Џандарине прво се спротиставија, после тоа не можеа да одолеат :icon_mrgr:
Јас си откорнав малце трева, и си ја чувам во кесичка за успомен :icon_mrgr:
Прославата на фудбалската титула мораше да се прекрати пошто не очекуваше шлагот на денот, РАКОМЕТНОТО ДЕРБИ.
 
Во последниве месеци имам некои проблеми со срцето, и воопшто не трпам гужви, така да за мене ова беше и повеќе од обичен меч, туку и борба за преживување :icon_mrgr:
Уште на фудбал почна да ми се темни, ако се земе во предвид и дека рано бев станат и скоро ништо не бев јаден.
Кснавме некои благи работи во меѓувреме и се уптивме кон Кале.
Купив и крем банана но на крајот решив да не ја изедам, па ќе си ја чувам како спомен на овој ден :icon_mrgr:
Не знаев што е поарно, да одам саат време пред утакмица во сала за да фатам место и да се гушам како што ќе се полни или да влезам на крај. Ја одбравме првата опција, и ЗГРЕШИВ :icon_mrgr:
Саат време пред мечот салата веќе беше полна колку што има столчиња, а надвор имаше цели колони од навивачи, а допрва се очекуваше да дојдат и остатокот од фудбал :confused:
Не може да се опише што се случуваше внатре.
Саат време пред мечот а веќе грми И НИКОЈ КАКО ТЕБЕ ДРУГ, НЕ ГО ЕБЕ МЕТАЛУРГ... :icon_mrgr:
Како и што се сомневав беше направена грешка што пред нас имаше влезено и некои обични фанови, кои многу подобро ќе беше да беа на спротивна трибина. Ептен крши филм кога некој меѓу тебе не пее цело време а седи во навивачка трибина.
На 40-тина минути пред почеток на мечот, почна да ми се врти и да ми се темни пред очи :icon_mrgr:
Си викам ваљда нема да скинам конци за најглавното у пм :icon_mrgr:
Одам до ВЦ, да пијам вода, и кога искачам гледам нема веќе назад. Трибината ПРЕПОЛНА, на едно столе по 3-ца стоеа. А надвор минимум уште 300 луѓе имаше. И специјалциве упорно гураат, качувајте се на трибина, не смее да има никој овде. Се натегав така пола саат, се качив горе,. ама ми се слоши и морав да се симнам. На трибината ако собира 1 000 луѓе, гарантирам дека имаше 3 000 :pos:
Нешто невидено!
Надвор едно 100-тина души воопшто не влегоа и си отидоа дома.
Ги дочекавме и фудбалерите во еуфорија.
Ечи ШАМПИОНЕ ШАМПИОНЕ АЛЕ АЛЕ АЛЕ АЛЕЕЕЕ ВАРДАРЕ....
И тука уште толку ми се слоши и веќе немав избор, морав да искочам.
А кога искочив, НАЗАД ВРАЌАЊЕ НЕМА...
Бев во дилема, што да правам. Одам од другата страна на истата трибина, ситуацијата потполно иста.
Мечот почна, а јас надвор. Отидов на кеј и дремев како мисир некои 5 минути :icon_mrgr:
Си викам ќе ти ебам мамата, ќе стегнам заби и ќе издржам. Немав избор, морав да одам на спротивната трибина. И таму ситуацијата беше иста...
Да биде ситуацијата посмешна не ме пуштаа да влезам :pos:
Мани ми се му викам на тој, утакмица немам утнато, нема да ме пушташ тука...
Влегов во 10-та минута, а стоев позади знамињата, пошто не можеше да се дојде до трибината.
Вардар водеше 7-4.
Во сала немаше ВОЗДУХ.
Буквално се гушев, да бев на нашата трибина сигурно ќе умрев :D
Педерите одеа на прекин. Скокаа цело време и се случи тоа што се случи.
Сосема непотребен циркуз, кој мораше да заврши со интервенција на специјалците...
На крај Вујо искочи крив како и секогаш :pos:
Не издржа нашиот херој, по осдлуката на судијата непотребно влезе во кавга и доби црвен. Вујо не би бил она што е, ако не го истрча кругот низ сала за да се поздрави со сите наши фанови од првите редови :icon_mrgr:
Не успеаа во намерата, публиката остана присебна. Не сме ние педерчиња да тепаме обична публика на противникот или да гаѓаме со палици по играчи ;)
Вардар гази, остана уште едно полувреме до долго очекуваниот момент.
Конечно најдов место на спротивната трибина. Во долните редови што да видам, цела моја населба. Урлаат ли урлаат тоа старците, плус засилени со некои помлади, како и стандардната екипа од другарите на Столе:icon_mrgr:
Ја забележувам другарка ми што навива за металург во нивниот дел. И се јавувам и ми вика, само едно можам да ви признаам АЛАЛ ДА ВИ Е НА КОМИТИВЕ КАКО НАВИВАТЕ СО СРЦЕ :icon_mrgr: Али во второ полувреме ќе ве тепаме ми вика :icon_mrgr:
Почнува второ полувреме. Металург остана и без Миркуловски. Дека глумеа многу фраери на претходните мечеви останаа без пола екипа, георгиевски се повреди, Козлина, а не беше скроз зазсдравен ни Мојсо.
Ги одржуваше Димовски. Колку клетви му фрлив во вториот дел ауууу :icon_mrgr:
Никој од пред малите екрани нема забележано ама гостите рипаа после 5 секунди од нападите на Вардар барајќи пасивен напад. Гревот скокаше, заедно со тоа залижаното тренерче, Петровски...
Ги изгубија сите адути, Станиќ не можеше да одбрани ништо, Миркуловски доби црвен, не им успеа диверзијата да се испразни трибината. ГОТОВИ БЕА...
Вардар водеше цел меч, но Димовски не дозволкуваше да се одлепиме изнудувајќи 100 пенали во серија :eek:
Времето не минуваше. Не можев да го видам семафорот и цело време само прашував уште колку уште колку.
Доаѓаат на -2. Срцево ми лупаше со сто на саат у пм :icon_mrgr:
Си викам ајде уште малце издржи :icon_mrgr:
Во сала лудница, мада условите не беа човечки. Немаше никакви услови за живот :icon_mrgr:
Карачиќ ја буши нивната мрежа, детето кое се издигна во височините и сега е наш главен адут. Столе утна зицер за победа, но се спасуваме од намалување на -1. Оди Вардар во напад и Карачиќ погодува за +3 на минута до крај.
ЕРУПЦИЈА ВАРДАР Е НОВИОТ ШАМПИОН.
Единствено што памтам е дека трчав позади камерите и мавав со маицата по прозорите и викав АЈДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ АЈДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ АЈДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ:vozbud::vozbud::vozbud:
Даскаловски брани на спротивната страна. Грми ЛИГА ШАМПИОНИ ОООООООООООООО ЛИгА ШАМПИОНИ ООООООООООО. Вардар оди во последен напад, погледите на Станиќ кажуиваат се. Ќе се изедат живи, ИМ ДОЈДЕ КРАЈОТ!
Јас на коленици со солзи во очи :icon_mrgr:
Спонтано започнува ШАМПИОНЕ ШАМПИОНЕ, свири и сирената, големото славје може да почне. Како рој влагаат луѓше на терен, а Комитската трибина е сеуште полна до врв :pos:
А јас па мислев со Магдебург имало многу публика :pos:
Јас не се упатив на терен туку кај навивачите на Металург :icon_mrgr:
И викам на другарката А СЕГА ШТО ЌЕ КАЖЕШ??????
Бегај ми вика, бегај :pos:
Комита Ултрас затоа ме фативте во нивниот дел од трибината, ете како се најдов кај нив :icon_mrgr: Набрзо Фичо се најде до мене, го испогушкав :icon_mrgr:
Од разгласот пука ОЈ ВАРДАРЕ МАКЕДОНСКИ, а веднаш потоа и песната од времето на Кометал.
Некои тука на форумот се прашуваа зошто сме ја пееле песната, се гледа колку следеле ракомет во минатото :icon_mrgr:
Спикерот моли да се напушти теренот за да биде доделена титулата.

Пред тоа имаше одличен гест од Лука Раковиќ. Својот дрес дојде и му го подари на едно дете кое одеше на штаки:cuc:
Беше предадена и титулата.
СКОПЈЕ СЛАВИ, ВАРДАР ШАМПИОН!!!

Како и секогаш доаѓам со другари на утакмица, за време на утакмица ги губам, на крај си одам сам :pos:
Најкриво ми беше што не можев да славам убаво пошто вечерта требаше да го испраќаме еден другар за Америка, па не частеше.
По пат се слуша само свирење и извадени црвено црни шалови од прозорите. Накај Пржино иста слика. Доаѓам кај мене на игралиште и одма се почнува со песна. Се соблакам гол и пеам пеам пеам :icon_mrgr:
Друштвово кое е анти спорт се крстат сите, ми викаат никогаш не сме те виделе волку среќен, камо и ние да можевме да ја доживееме некогаш оваа радост :icon_mrgr: Ги частев после сите во чест на титулите , им се уарни и на нив :icon_mrgr:
Следен ден на игралиште собрани сите, одново се мота цел филм, се прераскажува денот... Среќни фаци, задоволни, го заслуживме тоа славје... :icon_mrgr:

Тешки секоја сезона да ни биде како ланскава. Шампиони во фудбал, ракомет и одбојка :)
Новава сезона ќе биде нова приказна. Тешко нас, спремајте дијазепами на време :)

Голема благодарност до Вујо за се што направи за нас рпед се како група. Од тренер кој воопшто не ми правеше ќеиф на почетокот, прерасна во херој. Спаси многу напши деца од џандарите, лавовски се бореше на секој меч, се обидуваше да воведе дисциплина во нашиот реално недисциплиниран тим, гинеше за боите на клубот! Го стави Лино во малиот џев, го уништи на тактички план со многу помал буџет. Го направи Вардар модерен тим, со брз ракомет, ефективен иако реално тим,от нема некои бекови-шутери.
Го прероди Столе, Стоилов стана икона на нашиот клуб. Како сако се израдува на титулата :vozbud:
Така е Столе, се исполнија ланските зборови дека ЌЕ ГИ ЕБЕМЕ МЕТАЛУРГ :icon_mrgr:

Благодарност и до маскотата Шиме како и до главниот виновник за титулата ПАПАТА. Неговата едномесечна авантура во тимот значеше многу за овој состав :icon_mrgr:


Доста ве мачев, веројатно пропуштив еден куп работи, али ќе се надополниме идна година со се надевам уште многу титули <3
 
Како је добро видети те опет...
07.02droga1.jpg
 
Коњаникот Сабја
А салата у Кавадарци знаеш ли каде е ? :pos::pos:
И трубачи кога влегоа на Кале на една утакмица од СЕХА. :pos:
Каква сезона човече. Скоро и да не пропуштив домашна утакмица, по 4-5 саати трошев за да отидам и да се вратам од Кале, али вредеше. Не жалам ни секунда. Камо среќа повеќе овакви сезони да имаме.
 
Еј на која утакмица беше ова со тапаните :pos:
 
Во недостиг на нови играчи,малку поведри теми.....:drk:
http://grid.mk/fb/news/505372918/iva-stojkovska-nema-hrabri-momci-koi-mi-se-dodvoruvaat-javno
Како ли успеал Доне? ММЕ:X3: :pipi:

Девојчето очајно нема кој да и се пушти во дискотека,па само Доне се нашол.Башка устата и се свиѓала и то је то :ROFLMAO:

Џабе што е убав, ако нема убави усни - вели Ива.
 
Девојчето очајно нема кој да и се пушти во дискотека,па само Доне се нашол.Башка устата и се свиѓала и то је то :ROFLMAO:

Џабе што е убав, ако нема убави усни - вели Ива.
Никој нема такви убави(дебели)усни како Доне(ака куглата)...:X3:којзнае каква оралка прави...:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom