Очајно игравме во прво полувреме, а и наркосот полуде. Којзнае што шмркнал у соблекувална. Во секој случај, ќе се цитирам што пишав неколку денови пред полуфиналето.
И мене ми се чини дека таа највеќе ги боли.
Значи дечки, ширете го муабетов меѓу луѓето. Да нема никакво фрлање предмети на терен, они тоа го чекаат. Гледате прават константен притисок на РФМ, ќе направат се за да бидеме казнети и последната во Кале да ја играме без публика. Ако видите дека некој сака да фрли нешто, спречете го.
и
И јас би ја дал куп титулата за првенствената, ако мора да бирам една од нив. Но дефинитивно не би се откажал од двојната круна.
Мора да играме цврство, за кај нив да има уште поголема доза на замор пред одлучувачката утакмица.
И тоа и се случи. Постојани провокации. Предничеа Станиќ, Лино и Левче, но мора да признаам дека сите си ги имаа добро научено улогите. Станиќ за она што го правеше, едноставно мораше да биде казнет од страна на судиите. Макар со две минути исклучување.
Што се однесува до утакмицата, го реков и тоа: го менувам купот за првенството. Можеби е и подобро што изгубивме, да ги спушти момциве, да не се залетаат дека во решавачката ќе го прегазиме Металург и да го попушат. Сега, после овој пораз мислам дека многу попретпазливо ќе се влезе во последната утакмица, особено во одбраната.
Како што рече Коњаникот, Маркоски е провиден колку не му се игра. Ако мисли вака да игра и на 1ви јуни, слободно уште утре нека оди на тренинг во Автокоманда. Вујо многу згреши со Марковиќ, мислам дека доколку Неданоски го играше последниот напад ќе стигневме до пенали. Нашите голмани очајни. И на крајот, пак имавме шанса да не загубиме.
Металург, за разлика од утакмицата во Автокоманда, беше многу помотивиран и поразновиден. Испаѓа дека неиграњето на Мојсо ги засили. Сега наместо цело време да форсираат напади кои ќе ги заврши он, постојано бараа нови решенија и за наша несреќа - погодуваа.
На крајот, останува да ја бркаме титулата на 1ви јуни. Јебеш куп, на 1ви е утакмицата за која живеевме цела сезона. И убеден сум дека можеме да ја добиеме.