- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.432
- Поени од реакции
- 7.187
![]()
Вардар поднесе жалба за последните секунди од Супер купот! - 24 РАКОМЕТ
Ракометниот клуб Вардар официјално поднесе жалба до Ракометната федерација на Македонија поради спорната ситуација во завршницата од финалниот натпревар на Супер купот, кој се одигра во Кавадарци. Екипата на Еурофарм Пелистер победи со 28-27 со голот на Хоsни Осама во последните 15 секунди од...24rakomet.mk
Комплицирана е ситуацијата, ја враќав 5 пати да ја видам вчера, и јас мислев во моментот дека ќе има пенал, ама ситуацијата не е ни приближно толку едноставна како што тенденциозно укажува исечокот на сликата на 24rakomet.
Клучни моменти што се гледаат ако повеќе пати детално ја вратиш снимката:
- Во моментот кога Јанковски ја исфрла топката (изведува старт после примен гол) Манасков е надвор од кругот на центарот, исечокот на сликата е многу подоцна (главата на еден навивач смета, ама мислам доволно се гледа за да се види дека е за нијанса надвор)
- Талески е прв и единствен што ја допира топката (топката не е пресечена)
- Манасков не се движи по нормална патека туку намерно свртува кон топката и подава раце обидувајќи се да ја фати
- Има контакт меѓу Талески и Манасков тело со тело, не е со значаен интензитет, но влијае врз способноста на Талески брзо да ја изведе акцијата
Се ова кога ќе ставиш на кантар ситуацијата е 50/50. Како и да одлучеа ќе беше контроверзно. Претпоставувам одлуката се водела во насока: Манасков е надвор од кругот при изведувањето -> Талески ја прима топката непресечена -> Нема намерен фаул со екстремитети (контактот е со тело и е случаен)-> ситуацијата не задоволува услови за пенал. По книга веројатно е чисто.
Е ама Манасков личи дека има намера да ја украде топката, има контакт со Талески кој има влијание на неговата можност за игра. И затоа ова е класичен пример зошто ракометот има потреба од појасно дефинирање на правилата и подучување на фановите бидејќи во вакви комплицирани ситуации секогаш ќе има гневни и незадоволни.
П.С. Ако ја исклучиме последната ситуација, мечот беше одлично отсуден, искрено дури и бев изненаден колку солидно судење имаше.
