Фан клуб - РК Вардар

Големината на еден клуб се гледа и по неговите навивачи, а вардаровите се токму такви....достоинствени, кои знаат да честитаат победа и причината за поразот да ја бараат само во своите редови. Има разлика.
 
me razocaravte skros realno jas ocekuvav da ste podobri so ogled na solidni evropski utakmici i uba euforija sho vladeeshe kaj vas, skros imacte shansi so strashno razbranet golman vo prvo poluvreme plus najgolem del odbieni topki kaj vas se odbija, momentalno ne ste nisto podobri od nas ta e realnosta prashanje e kako ke se zasilite i zaradi nashite kiksoj proleta ke bidi kolez i interesna do posledno
 
Со вадењето на Хориха и Малус во 20 минута Чупич ја изгуби целата утакмица , неможеш да ги извадиш двајцата најдобри играчи и да се надеваш дека нападот ке функционира добро ..

Еден од нив мораше да биде на терен , вака со Борозан и Боно 10 минути не дадовме гол и се сврте цела утакмица во полза на Пелистер ..

Немавме игра ниту на пикер ниту на крило и денес убаво се виде неисксутвото на Чупич(се надевам од денес научил лекција) ..

Кај нив играта со пикер преку Пешевски ја направи разликата и тој голманот во второ им се разбрани , заслужено си победија тоа е тоа ...

Се е во наше раце , идеме со два бода предност во плеј офот и титулата пак ке се решава во Скопје ( под услов да ги победиме останатите противници )
 
Само Хориха ви вреди брат тој ви ја држи цела екипа, другите просек ко за во војводина,охрид така некој друго разреди екипи и ова е резултат само на нашата нервоза и притисок дека мора да победат плус голманот шо одбрани повеќе од очекуваното инаку ќе беше поголема разликата фалат модерни играчи и кја вас и кај нас од западна европа(скандинавија) со балканците и ова е многу а Х факторот денес тежок минус ,судиите изгубени во простор и време губите денес со поќе од седум разлика а штета шо до сега нема гостински навивачи да биди појака атмосверата
Далеку сме ние од другите екипи во ЛШ, бсрем оние што се појаки. Се направи голем јаз меѓу нас и екипите со скандинавски играчи. Немаме нови балкански ракометари или руси што можеме да ги собереме кај нас/вас, а како се менуваат правилата во ракометов овие се повеќе и повеќе се одлепуваат во квалитет.

И Малус е класа играч покрај Хориха. Хориха е играчот за кој имав најслаба проценка. Не ми фаќаше око на почетокот, ама ме демантираше. Малус и порано сакав да дојде кај нас, почна многу слабо, но полека гради форма.
Борозан е исто така класа играч. Сепак, не се врати во добра форма после повредата. Го скинаа повредите, константно се случува да фати добра форма и да заработи некоја повреда која ќе го оддалечи подолго време од терените.
Другите се просек. Валах на моменти е топ голман, ниво на Митревски, на моменти слабо. Во екипа што аспирира за ЛШ, би бил резервиста. Боно е играч добар за ротација. И кругот завршува со оние кои фалат Мечка и Тузолана.
Некако низ сезониве ние сме тие кои мака мачиме со повредите на важни играчи, вие имате повеќе среќа особено со константноста на Фитиљот.

Голем удар за нас беше неиграњето на Тузларот и со тоа значително се намалија нашите шанси. Очекував пораз, како што кажав и претходно и не треба да се земе како да е крај на светот. Како што веќе кажав нашето финале за оваа календарска година беше дуелот во Охрид. Другото финале е она во Автокоманда. Како за беља, истото доаѓа мешу домашен дуел со Мелсунген и гостински кај Бенфика. По мене, ол ин треба да се оди во Автокоманда, макар и со младинци играме со Мелсунген. Колку и да се важни тие два дуели (да не речам најважни за ЛЕ), првенството е поважно. Има време дотогаш, следува ЕП, којзнае каква форма ќе имаат играчите по паузата.
И јас се чудам на приказната која се форсира дека не ни требаат појачувања. Требаат и тоа како, особено на десен бек. Не засилување како бразилецот околу кој се шпекулира, туку нешто поасално. Такви играчи имаме 100. Џабе толку бекови кога сите се просечни. Џабе е јапонецот (иако беше најавен како некој со најголем напредок на тренинзи), џабе е Танкосен, џабе е вториот полјак.

За денес, потфрли и Чупиќ. Се уште се делка како тренер, нема простор за критики. Добро се покажавме кај Сесвете и во Охрид, сигурно триумфиравме на домашните дуели со конкурентите (со Охрид малку повеќе се измачивме). Сепак, на двете потешки гостувања, кај посилни екипи, во Шведска и Битола бевме катастрофа. Никаква игра немавме ни кај Кристијанштад, Валах не донесе пред победа сам. Денес исто почнавме добро само ради него.
Најдобра форма имаат Хориха и Малус, апсолутно немаше потреба толку време да ги изротира. Кога виде дека не оди, мораше одма да ги врати во игра. Како Фитиљ не ротира, Хосни исто, така и они. Во време на Вујо вака игравме. На сите играчи им делеше минутажа. Ако имавме три бека, секој по 20 минути ќе добиеше. Нерви кинев тогаш.
Борозан е тотално аут од форма, мораше побрзо да реагира. Во тие минути кога се реши средбата имавме неколку аматерски реакции како утнат пенал, два зицери, пробивање на контра на Стојановски итн.

Спомнав неколку пати. Во 90% од случаите, Вардар и Пелистер ги тепаат домашните дербиња. Многу коцки треба да се поклопат за да тепа некој на гости. Ние се надевавме на притисокот од моралноста да тепаат они, дека ќе им биде контраефект, ама со смената на тренерот добија на поголема мотивација и рутински тепаа.
Се сеќавам пишав дека нашите на домашната утакмица си играа кур последните напади, не напаѓаа, а на крај таа гол разлика од меѓусебни дуели може да го реши шампионот.
Со убедливава победа ги измотивиравме до даска, дека кај нив така оди тоа. Ако изгубат ги прават пепел, ако тепаат одма се најјаки. Осеќам ќе тепаат 15 разлика во Охрид викендов. Кај го сменија тој Гарабаја... :D
Лошо е што кај нас има еден куп незналици кои ќе удрат на јака критика ко да е смак света од денешниов пораз, а реално е очекуван со оглед на повредите и многу не ни менува, ако сами си ја завршиме работата во другите дуели.
Одлична полусезона, тераме понатаму, се надевам со неколку квалитетни засилувања.

П.с. за малку ќе го погодев конечниот резултат. Типував дека ќе изгубиме 3 разлика ако има малку голови и дека ќе тепаме 3 ако има многу голови :D
Screenshot_20251210_210647_Viber.jpg
 
Тоа е тоа, заслужено си победија и треба да им се честита за победата. Нас може да ни биде само криво што одлично го почнавме натпреварот, Валах фати еден куп топки, нападот даваше голови, само не знам што му требаше тоа во 20 мин на Чупиќ, потонаа целосно. Останува да се изигра остатокот од сезоната и да се надеваме на титула.
 
Каде го има комплетниот календар на натпревари за сезона 2025/2026? На кој датум играме против Алкалоид, а кога шурите му гостуваат на Охрид?
 
Каде го има комплетниот календар на натпревари за сезона 2025/2026? На кој датум играме против Алкалоид, а кога шурите му гостуваат на Охрид?
Они викендов одат во Охрид, ние во февруари во Автокоманда.
 
Охрид-Пелистер играат викендов,а Вардар во последното коло на 21ви Фебруари гостува на Алкалоид
 
Охрид-Пелистер играат викендов,а Вардар во последното коло на 21ви Фебруари гостува на Алкалоид
До тогаш, би требало да се вратат и Тузо и Мечка. Мечка ќе игра секако за репрезентација сега во Јануари, така да ќе биде спремен за Алкалоид. Тузо колку што знам, читав негде дека би требало отприлика месец два да закрепне. За Кеита не знам уште колку, ама би требало да се врати напролет?
 
Дали сега ви е јасно колку сте слаби и мизерни? Оти Сесвете го добивате мислите ПСЖ го добивте. Гази ги бееее сељацитеее
Не мислиме, навистина го добивме ПСЖ и тоа во финале. Фала што нѐ потсети на убавите моменти за кои се надевам ти и останатите ќе ги осетите некогаш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom