Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Како улета видеово од сабајле со кафе и цигара, ко лажица у мед, мелем на душаваСаат време уживање, многу приказни за времето поминато во Вардар, вреди да се погледа.
Тешка петарда е Џамбо, животна желба ми е со ликов да одам во кафана.
Тука сме и ние до некаде криви, поради тоа што си дозволивме цела сезона Џамбо да биде втор голман, со таква несериозност и куроболие требало многу одамна да се раскрсти со него, самиот Милиќ си кажува дека последните 2-3 години од кариерата апсолутно не го интресирал ракометот, не тренирал, не се замарал, се прашувал зошто воопшто се бави со овој спорт.Добар е Џамбо за кикики хахаха муабети, ама типот сепак не кошташе титула во ЛШ 2018-та година. Парадоксално, ама ние најсилен тим имавме токму таа година, измеѓу двете титули, а не ја освоивме. Ја свртевме игрицата таа година, walkover ќе и направевме на ЛШ да не беше повредата на Штербик заради која не играше на Ф4. Интересно дека најсилните тимови кои беа створени последниве години и кои беа толку убедливи во настапот низ цела сезона што буквално само се чекаше да поминат сите натпревари и да им се даде титулата, зарибаа на Ф4. Тука мислам на Барса, првата година кога ги собраа Рутенка-Карабатиќ-Кире па им излезе штакорот Гландорф во последни 10 минути од полуфинале, Веспрем кога ја направија линијата Илиќ-Палмарсон-Наѓ, па им се десија 7 гола во последни 6 минути од Киелце во финале и тој Вардар од 2018-та. Само што за разлика од Веспрем и Барса на кои на самите им се деси блокада, нас ни се деси повредата на Штербик и "бранењето" на Џамбо на Ф4. Не ми се верува дека и поред таква катастрофа од настап на голман, ние изгубивме само еден разлика во двата натпревара таму. Дебелото, покрај што имаше број на одбрани кои се бројат на прсти на една рака, дури прими и гол од пола терен во последна секунда од прво полувреме против Монпеље во полуфинале и пак стигнавме до позиција да имаме напад за реми на крај. Толку бевме доминанти таа година и толку се осеќаше таа доминација од почеток на сезона и се уживаше во нивниот настап за на крај он со несериозноста да се посере на се што другите го градеа. Да беше Штербик, ќе се прошетавме на Ф4.
Судбината ни врати на најсладок можен начин следната година, можеби немаше да постои 2019-та ако се направеше back-to-back 2017-та и 2018-та, али си стои ко факт тој настап на Џамбо на Ф4. За кикики хахаха муабети со него сум пишувал и јас на темава од лично искуство.
Порано пиеле, пушеле, и играле, сеа не пијат не пушат и не играат.Тука сме и ние до некаде криви, поради тоа што си дозволивме цела сезона Џамбо да биде втор голман, со таква несериозност и куроболие требало многу одамна да се раскрсти со него, самиот Милиќ си кажува дека последните 2-3 години од кариерата апсолутно не го интресирал ракометот, не тренирал, не се замарал, се прашувал зошто воопшто се бави со овој спорт.
Вака од денешна перспектива кога се раскажуваат приказни звучи интересно, а уствари никој од нас не би посакал пак да функционираме како во време на Вујо, цела тактика да биде базирана само на другарство помеѓу играчите, на тренинг да ти ја нема пола екипа, да те лажат дека ги боли стомак поради тоа што ги мрзи да дојдат, да идат по кафани навечер и сабајлето на тренинг да испаруваат од алхохол, таквиот начин на работа е изумрен пред добри 30 години.
Тогаш само поради среќа, притисок од публика и сплет на околности на крај сме излегувале како победници во неколку наврати против Металург, инаку во принцип во тој период не се знаело кој пие кој плаќа, вака според кажувањата не знам кога сме имале поголем хаос во клубот од тоа време.
Среќа што во новата екипа во Самс ерата се пренесени само позитивните работи од претходната генерација, а благодарение на Раул во клубот е воспоставна дисциплина, подоцна добриот микс на овие две работи ни донесе две титули во Лига на шампиони.
Тука сме и ние до некаде криви, поради тоа што си дозволивме цела сезона Џамбо да биде втор голман, со таква несериозност и куроболие требало многу одамна да се раскрсти со него, самиот Милиќ си кажува дека последните 2-3 години од кариерата апсолутно не го интресирал ракометот, не тренирал, не се замарал, се прашувал зошто воопшто се бави со овој спорт.