Фан клуб - РК Вардар

А да се купи нешто наше, онака за почеток…
Што ?
Единствено Пецаковски ми паѓа на памет,а и тој не знам каков е денес.Некој што го гледал нека каже за него...
Раде е стар и си млати пари по некои леви лиги,Мајнов,Митков,Ангеловски - стар крш.
Темелков ги има одбивано и Металург и Вардар.Не сака да игра во Македонија,си живее он таму сега и за него играње во Македонија е играње во странство.
Оса и Ордев евентуално и тоа е тоа.....
 
Па ете Пецакот за старт, ако е се во ред мислам дека е убедливо најдобар на негова позиција во Македонија… и сигурно има некој од младинска школа кој чека шанса, нека се провери и со младинциве на Металург кој нема цврст договор. Не мора да се најде за оваа сезона, ама шампионите мислат неколку години нанапред.
 
Па ете Пецакот за старт, ако е се во ред мислам дека е убедливо најдобар на негова позиција во Македонија… и сигурно има некој од младинска школа кој чека шанса, нека се провери и со младинциве на Металург кој нема цврст договор. Не мора да се најде за оваа сезона, ама шампионите мислат неколку години нанапред.

Пецаковски веќе играше во Вардар. Дали стварно мислиш дека доколку процениле дека дечкото може стално да го дава својот максимум ќе го пуштат туку така. Премногу се повредува а и не е дете да речеш дека понатаму во кариерата ќе се стабилизира.
Вардар ги собра тие што имаа некаква перспектива и македонците што се во Вардар се со проек 25 години. И тоа не е лошо сега доколку русинот биде стабилен финансиер треба само постепено да се интегрираат нови млади. Твојата замисла дека ќе се стави македонец во преден план и ќе игра стандард прва постава иако тимот може да пати за тоа не е рационална. Поготово не кога се наоѓа ваков извор на спонзорство кој не се знае до кога ќе трае и сигурно ќе бара инстант резултати и за поголеми неуспеси сигурно ќе бара жртви...
 
Доленец во Монпељер потпиша од лето :)

да а сигурно од Горење и од Цеље нема поголем буџет Вардар да им понуди, ама доста добри играчи си отидоа од таму веќе во Франција/Германија/Катар :)
 
Во среда све ќе се знае, најверојатно ќе има и пресконференција па ќе видиме што ќе биде работава со спонзорот и што им е планот за наредната сезона.
 
Tuu sve kvalitetno e veke pod dogovor. Ke bide tesko da se najde kvalitet dostoen za liga na sampioni ajde ke vidime. Inace se zavisi od nacinot na koj Samsonenko vlaga vo Vardar. Dali Mihajlo ke mu go predade klubot kako glaven sopstvenik, ili pa ke bide kako nekoj sponzor od vtor plan. Na fejs stranata objavija deka vo sreda se ke se znae, ke ima pres.
 
Самсоненко да донесе русин тренер и 2-3 руски засилувања и таман сме. Имаме игра, ни треба 2-3ца да повлечат на сила кога треба да шутнат од далеку... Русите за тоа ги бива. Би било интересна комбинација во секој случај.
 
Од друга страна ме плаши влезот на Русинов во клубот.
На никого не му е загарантирана работата, а искрено баш хемијата кај тренерскиот тандем и играчите ни ја донесе титулата.
Не е убаво кога тимот што победува се менува :)
Само да не биде како во другите години, да се смени цел тим.
Имаме изграден тим, костурот на тимот видовме дека ќе се задржи, а се надевам дека Русинот нема да си влезе со свој план па целосно да го смени составот.

Сите мислат Русинов ќе фрла пари како во ЖРК, а реално во машкиот ракомет малце потешко дека ќе се случи тоа. Има екипи кои можат да му парираат со платите, а сигурно некој врвен играч не би решил да се запустува во нашава лига, мада СЕХА лигава може да прерасне во интересна лига.
Јас не верувам дека ќе се расфрла многу со пари и искрено не сакам од почеток да почне така.
Нека има бавно градење на тимот.
Пример ни требаат нови десни бекови.
Плачеме за десен бек шутер...
Добро би било бар од Балканов да ги ловиме младите таленти.
Ако имаме добри финансии тогаш се знае која е мојата единствена желба од Балканов, тоа е Степанчек. Он, плус Липовина, плус Петриќ.
Обавезно би ни требал и втор тим за да се разигруваат помладите.
Имаме солидни играчи меѓу нив кои ако ништо друго нека ги употребат во СЕХА лигава идна година.
Од Македонциве никој не ми прави мерак, барем не од овие моменталниве. Стружаните што одат во Металург може да испаднат некои добри, така да со добри финансии кад-тад може да им ги крадеме.
Да им вратиме за сите кражби во годиниве :D

Од овие што веќе се сениори НИТУ ЕДЕН не би го посакал во тимот. Каков Пецаковски какви бакрачи, човекот е добар но повреден е по пола година во просек...
А гледам дека Струмица го нема за во идниот состав, така да или ќе оди кај Металург или во странство.
Оса порано добро ми изгледаше, ама сега кога го гледав со Куманово бајаги опаднал во формата.
Други не доаѓаат во обзир. Мада има малце надеж во она детено Чурлевски од Пелистер, но со тек на време ако остане таму нема да биде ништо посебно. Голема работа му треба за да напредне.
 
Ситуацијата со трансферите последниве години во ракометот е таква што квалитетните играчи потпишуваат договори за идната сезона во текот на претходната (како што на пример направи ЖРК Вардар). Реално огромен дел од она што вреди во европскиот ракомет веќе има клуб за идната сезона. Дури и да влезе на големо спонзор во Вардар, тешко ќе може којзнае какви играчи да купи на лето. И Металург затоа се мачеше секое лето да наоѓа засилувања, а не се осмелуваа да потпишат некој на пролет пред да знаат дали ќе се шампиони и дали ќе ги минат квалификациските групи во ЛШ.
 
Самсоненко да донесе русин тренер и 2-3 руски засилувања и таман сме. Имаме игра, ни треба 2-3ца да повлечат на сила кога треба да шутнат од далеку... Русите за тоа ги бива. Би било интересна комбинација во секој случај.

Bek nekoj slicen kako na vremeto Tite Kalanadze od Gruzija. Koe igraciste bese. Ne znaes sto so topkata, daj mu ja Tite skok shut od 10 metara i ete ti gol:)
 
Bek nekoj slicen kako na vremeto Tite Kalanadze od Gruzija. Koe igraciste bese. Ne znaes sto so topkata, daj mu ja Tite skok shut od 10 metara i ete ti gol:)


2 такви и тренер. Тоа е се што треба. Си имаме брза игра само требаат шутери ако заглавиме
 
Според порталине на Минчо, Вардар покрај Маркоски кој преминува кај педерите, останува и без Лазовиќ.
Наводно Самсоненко ќе носел Руски играчи на пикерска позиција.
За голманското место се спомнува и Борко.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom