Фан клуб - РК Вардар

Кога дојде Михо во Вардар откако Самсоненко го избркаа од познати причини, јас уште од тогаш кажав дека Михо ќе го расипе Вардар, а вие го величавте и најавувавте поголеми успеси од тие на Самсоненко.
Епа ете ви го Михо господа. И нозе да му бацувате сега.
Од месечината се гледа дека Михо обработува за некого и свесно го уништува клубот.
Тресеш глупости. Ко прво Самсоненко никој не го избрка, ликот ги заглави и РК и ФК и до ден денес не знаеме како да излеземе од тие долгови. И тешко дека ќе се оправиме у догледно време.
Михајло никој не го величал, а уште помалку дека некој очекувал поголеми успеси. Сите сме му благодарни што го спаси клубот од распад и што постоиме. Но, од друга страна сите бевме свесни дека нивото на клубот ќе падне.
 
Во неколку сезони го изгубивме столбот на клубот, легендите Чупко, Тимур, Кара, Калараш а најверојатно и Столе...
Не ми се верува...
:(
 
Еден од најдобрите играчи во последната деценија,пример за спортист и човек,можат младите играчи само да учат од него што значи љубов и лојалност кон еден клуб.
Што е Тоти за Рома тоа е Тимур за Вардар,легенда која поминала и сито и решето со клубот и навивачите,од самото дно како обично клубче што игра во Кале до гигант што 2 пати ја покори Европа,се тоа го доживеавме ние со нашиот Тимур.
Времето во Вардар и македонскиот ракомет треба да се дели пред и после Тимур,како ќе поминуваат годините ќе разбереме дека сме ја имале привилегијата да живееме во негово време и да ги гледаме неговите магии на теренот.

Спасибо мајсторе,ТЕ САКАМЕ!
20220404_142828.jpg
 
Шлаг на торта ќе биде на негово место доаѓа Деки Манасков )))
Кој сака нека дојде, управата и сите внатре мораше да направат све што му треба на Тимур да се пензионира во Вардар. Ако требало и патиките да му ги чистат и врзуваат пред утакмица мораше да го направат тоа
 
Од една страна мислам дека треба да се направат секакви напори да се задржи Тимур. Пред се мора да делуваме од наша навивачка страна а после и од клубот пр. Петиција или нешто слично (Ако се согласувате, некој што се разбира повеќе од тоа да спроведиме што побрзо).

Од друга страна не можеме со сила да го натераме да остане ако не е добро третиран од клубот, а реално ваква легенда треба да биде третирана на највисоко ниво. Ако планира да се пензионира треба да му се даде некоја функција во клубот. Навистина не знам што да кажам, многу ми е криво што луѓе кој биле тука и во најдобрите времиња на клубот а и во најлошите се пуштаат низ вода...
 
Последно уредено:
Ne mi e jasen momentov deka ne e dobro ispoštuvan od klubot, a od druga strana finansiite i uslovite vo dogovorot bile ok. Jedino može da vlijae odnosot so nekoj od rakometarite ili Miho. Očigledno Miho mu se isponašal kao da razgovara so nekoj od juniorite,i Timur se nafural. Ne gledam drugo objasnuvanje.
 
Од една страна мислам дека треба да се направат секакви напори да се задржи Тимур. Пред се мора да делуваме од наша навивачка страна а после и од клубот пр. Петиција или нешто слично (Ако се согласувате, некој што се разбира повеќе од тоа да спроведиме што побрзо).

Од друга страна не можеме со сила да го натераме да остане ако не е добро третиран од клубот, а реално ваква легенда треба да биде третирана на највисоко ниво. Ако планира да се пензионира треба да му се даде некоја функција во клубот. Навистина не знам што да кажам, многу ми е криво што луѓе кој биле тука и во најдобрите времиња на клубот а и во најлошите се пуштаат низ вода...
Ние можеме да правиме петиција и што уште не, ама се сомневам дека ќе смениме нешто. Ко што не сменивме ни кога беше Прибак во прашање, а ни кога беше Чупко во прашање.
Инаку, дефинитивно ова изгледа ко да се отвара место за нашиот "омилен" Деки бој. Ем се ослободува ставка во буџетот, ем ќе има загарантирана минутажа. Не знам, ќе видиме.
 
Проблем се амбициите на клубот, нестабилната положба и нејасната иднина.
Декица е сигурно аут од форма и клуб во ваква состојба ќе му дојде како кец на десетка. Има да се пијанчи деноноќно, да ги затвора дискава.
Во секој случај, тешко да имаме подобар избор од него, особено што не јаде правилово за странци.
 
Идеме следна сезона тим Петров, Деки, странци тип на Раковиќ, Добривоје Марковиќ, Драгаш, Додер ))) Министерот го заборавив плус
 
Од една страна мислам дека треба да се направат секакви напори да се задржи Тимур. Пред се мора да делуваме од наша навивачка страна а после и од клубот пр. Петиција или нешто слично (Ако се согласувате, некој што се разбира повеќе од тоа да спроведиме што побрзо).

Од друга страна не можеме со сила да го натераме да остане ако не е добро третиран од клубот, а реално ваква легенда треба да биде третирана на највисоко ниво. Ако планира да се пензионира треба да му се даде некоја функција во клубот. Навистина не знам што да кажам, многу ми е криво што луѓе кој биле тука и во најдобрите времиња на клубот а и во најлошите се пуштаат низ вода...
Malku e cudno sto vaka nenadejno zaminuva, na edno negovo gostuvanje na televizija izgledase kako da uste barem edna sezona ke ostane. Mozebi ima vlijanie i celava situacija so Rusija i vojnava.
Se slozuvam da mu se dade nekoja funkcija vo klubot i da zamine vo penzija od Vardar.
 
Идеме следна сезона тим Петров, Деки, странци тип на Раковиќ, Добривоје Марковиќ, Драгаш, Додер ))) Министерот го заборавив плус
Добривоје не ми го дирај! :duel:
Види, на крајот на краиштата.. каков и да е тимот, пак ќе сме у сала.
Гледајте ја серијата Sunderland 'Til I Die ако не сте ја гледале. На моменти многу ме потсеќа на нашата ситуација.
We are shit. Who gives a fuck? It's still Sunderland.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom