Фан клуб - РК Вардар

Нека им го дадат Тале назад у Металург како token of appreciation за браќава :ROFLMAO:
Автоматски споено мислење:

Благодарност до скаутинг тимот на Металург :icon_mrgr:
Реално Томовски + Њокаси

Мислам дека најпаметно ќе му е на Металург да инвестира во скаутинг јак и да прави пари од продажба на играчи на Вардар и Пелистер
 
Значи колку ми го наполнија срцето момциве вечерва немам зборови да опишам. Очекував и се надевав на победа секако, меѓутоа ова вечерва беше рапсодија. Уште по првиот натпревар на Њокаси знаец дека ќе бидат тоа што ни треба, и дека господ не виде со тоа што Гурбиндо отиде. Рука давам дека немаше да се види чоекот а ние ќе бевме 50% послаби. Ова што го пружаат Њокасиве на 35 години, едноставно фантастично. За Кевин одма видов дека е во форма, бев скептик малце за Оливие, ама вечерва се виде дека итекако се враќа ѕверот. Кој го прател низ кариерата знае за каков атлета и ракометар се работи. Исто пофалби и за Куни Моралес. Чоеков коа го гледам имам впечаток дека играм Сони со него. И за крај маестро Вујо. Уште коа потпиша знаев во што ќе се претвориме. Знаев во какви ѕверови кои касапат на терен за светиот дрес ќе се претвори Вардар. Тоа се бараше одамна. Секој кој ќе дојде овде да наполни страв у коски, да нема лесен гол и крв да исплука. Маестрално воден натпревар од страна на Вујо, под ротација до совети до тајминг. Се беше перфектно вечерва. Овие момци докажаа дека и 600 денара не е многу да се одвојат за нив, пошо срце и душа оставаат за Вардар уште во првите натпревари. Коа ќе помислам само и дека игравме без Кудуз, па што више да се искоментира. Идеме даље уште појако! Напред Вардар!!
 
Последно уредено:
Се супер. Многу јако и во одбрана изиграа, мотивирано, ама пак се гледа дека ни фали среден бек, дури и во ваква победа бодеше очи тоа.
А зошто не му дадат шанса на Карапалевски имаше одредени блесоци лани кога добиваше минутажа
 
Аууу бравооо! :oeoeoe:
Пред се конечно публика на трибини... :oleee:
Њокаси секоја чест и на двајцата, без разлика што едниот беше подобар, Гурбиндо не покажа ни 1/4 од Њокас, нема за што да жалиме.
Кога го гледам Дибиров не знам дали гледам натпревар од пред 10г. Или сега, капа доле мајсторе, држи неверојатно ниво на 37г.
Томовски исто одличен, и конечно Борко да не биде форсиран, и да беше на денешниот список на играчи сигурно не би го ставиле да виси на гол 60 мин. (Вујо или тренерот на голмани).
Сафар од Кувајт добро се покажа во денешното издание, топ му беше голот. :D
Гаџа и Моралес беа исто супер браво!
Не ми се верува дека го победивме Мешков со 8 разлика ејј...
Сигурно оваа победа ќе е одлична за подигнување на атмосферата.
Дај боже да се множат ваквите натпревари!
Еден живот една љубов ВАРДАР !!!
:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Овој Гаџа ептен ми личи на Кара у првите сезони и во стилот на игра и во психа. Има некои луди потези и шутеви, па асистенција зад грб, па некое апла глупо пробивање. Денес ако не се лажам без промашување беше, мислам дека е добар потег што го задржаа, дефинитивно има висок плафон дечкото.
 
Овој Гаџа ептен ми личи на Кара у првите сезони и во стилот на игра и во психа. Има некои луди потези и шутеви, па асистенција зад грб, па некое апла глупо пробивање. Денес ако не се лажам без промашување беше, мислам дека е добар потег што го задржаа, дефинитивно има висок плафон дечкото.

Добар потез е неговото задржување секако, ама фали и профил на централен типа Циндра, Скубе ( мало, брзо, да отвара простор за Њокасиве и Кудуз. Кај ќе ни биде крајот тогаш.
 
Добар потез е неговото задржување секако, ама фали и профил на централен типа Циндра, Скубе ( мало, брзо, да отвара простор за Њокасиве и Кудуз. Кај ќе ни биде крајот тогаш.
У Келн ;)
 
А зошто не му дадат шанса на Карапалевски имаше одредени блесоци лани кога добиваше минутажа
Епа Кудуз ко од памук да е..аман нека се опорави, или ако нека побараат друг асален среден бек....да го гледаш Дибиров како игра плејмејкер o_O, што да се каже..
 
Океј е Гаџа, ама не е за прв среден бек. Се гледа кога некој атлетски понадарен од него како Дибиров ќе фати да игра среден бек, колку се подинамично станува. Гаџа знае ракомет, ама нема експлозивност во него. Ни треба некој друг. Овој и под притисок грешки прави.
 
Во одбрана од дамна вака не сме биле стабилни. Со еден среден бек, овој тим може многу далеку. Точно се виде дека Гаџа по 40минута издиши. Дибиров на среден бек беше само овој меч се надевам :)
 
Зашто никој Моралес не го спомнува? [emoji3]
На почеток искина, мислам не очекуваа дека он ке стартува
Добар е он. И претходно океј си играше. Има некој индивидуален момент Кубанецов кај што може сам да потегне. Делува ко да има некое кило вишок, ама изненадно е доста подвижен на моменти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom