Фан клуб - РК Вардар

Морам да се согласам со констатациите на членовите кои постираа пред мене. Годинашниов тим на Вардар е олицетворение на се што се случуваше во тимот од сезоната кога не напуштија Прибак,Наум и Ракчевич. Секоја година сменет тим со нови ликови и со тенденција секоја година да бидат послаби. Тимот од пред две години,оној со Бранче, Раде,Диви,Мараковиќ па и претходниов тим со Надовеза и Продановиќ, се измислени и ке го утепаат годинашниов тим на Вардар.

Мачно ми е да го гледам како се мачи клубот. Бев на сите утакмици кои се играа на Кале оваа година и морам да се согласам со ставот на повеќето дека Вујо has lost it.Ок,можеби игра и улога тоа што му откажа главното засилување ,русинот Аслањин,но тоа секако не е оправдување за другиве промашувања. Не знам кој се излажа да го доведе Лазаров,базирано на една добра полусезона во Пелистер. За манекенчено Вујовиќ да не трошам зборови, истото се однесува и за старецот Петриќ. Николиќ вчера покажа дел од она што беше пред 10ина години, но и тој сега за сега е промашување.А заради него не им се дава шанса на два македонски пикера,Марковски и Стоилов. Единсвено сум задоволен од залагањето на Абутовиќ во делот на одбраната. Крилата наши,Ојлески и Јовчевски исто така се покажаа на утакмиците во Сеха и треба да се форсираат двајцата. со Ангеловски е ист случајот и навистина е криминално дело што се форсира оноа дикле Вујовиќ пред Александар.

Криво ми е за Михајло кој толку пари фрла на исвирени труби. овие странциве сигурно бараат големи суми а се ветер и магла во играта. Сега Михо да може да го врати времето,сигурно ке му ги дадеше на Наум 12те илјади евра на месец,заради кои овој замина во металург. подобро тогаш да му се искешираше на Наум него да се фрлаат пари во магла за пензионери. И тука доаѓаме до главниот кривец,Вујо. Фала ти за се што направи другар,али порано носеше топ играчи како Прибак,Александар Стојановиќ,Ракчевиќ,Коваленко и други,а сега сосема безвезе старци со артритис.

и за крај,морам да кажам дека сум малку разочаран од слабата посетеност на КОМИТИ на утакмици на Вардар Про. ок,се сложувам и јас поддржувам одлуката за неидење на СЕХА утакмици. Но на европски мечеви,јас откако знам за себе,Комити одат во пристојни бројки,дури и кога имало фудбалски мечеви на Вардар. Групата беше дури и кога игравме со chocolate boys ако се сеќавате на тој тим, и на сите три квалификациски мечеви за ЛШ,кои патем се игра во три последователни дена. последниот од тие беше со Динамо минск кога и влеговме во ЛШ. топ атмосфера имаше тогаш, и не знам од кои причини не одат КОМИТИ на сегашниве евро утакмици.
 
Овај Михајло не салам. Поарно мене нека ми ги дава парите дури ги фрла без врска. Има среќа што Пелистер уште не е како што треба инаку ќе се збогуваа и од СЕХА од година.

Од кај да почнам... Оваа екипа на Вардар нема ниту еден играч со мадиња. Можете да го критикувате Вујо мали колку сакате, али вчера беше единствениот кој имаше храброст да се крене на шут, па и да влезе во дуел во напад. Од овој состав вреди да се издвои и Собол. Се друго е слабо.
Ратко Николиќ (беш)е играчиште. Во моментов има некое килце повеќе и по тоа што го видов ич не спремен. Кога влегуваше одморен од клупа секој напад на Вардар завршуваше со пенал или гол. Но кога се замори (средина на второ полувреме), тогаш беше ептен тешко за Вардар во напад.
Ете Марковски доби шанса од почеток како стартен пикер но промаши 2 зицери и после речиси и да не заигра во напад. Тие леваците двајцата не знам зошто уште се бават со ракомет, се што шутнаа им беше изблокирано, голот не го видоа цела утакмица. Абутовиќ солидно во одбрана има физички предиспозиции, ќе го биде, ама во моментов е многу послаб од Марковски или Стоилов. Симовиќ, слабо. Дефинитивно требаше да го задржат Надовеза и со парите од Додер и Марковиќ (ништо подобар од Ојлески) да донесат некој bad ass десен бек. Да го пофалам и Куковски кој изигра во второ полувреме одлично во одбрана, откако влезе тој Вардар почна со пресвртот и изигра баш со срце, иако изигра се на се 20-25 мин. беше многу поиспотен и позаморен од те што играа и по 50.
И за крај Вујо. За поздравување е тоа што имаше храброст да го извади Борко (кој кога губеше Вардар на средина од прво полувреме си се смееше, а кога го извадија нешо кршеше/фрлаше на клупа) И тоа што го остави син му (кој кога беше најпотребно ја превзеде одговорноста и го направи пресвртот) кога цела трибина викаше да го извади. Имаше и грешки, еден напад Вардар играше со играч помалку (заборави да стави играч). Еднаш насреде активен напад правеше измена. Според мене Вујо може го сака Вардар и сето тоа но еве не оди, доста е.

Да ги задржуваа правите играчи сега ќе ги имаа екипа која ќе се носи со Металург.
 
И тоа што го остави син му (кој кога беше најпотребно ја превзеде одговорноста и го направи пресвртот) кога цела трибина викаше да го извади.
Не му е син. Во тоа сум сигурен. Дали се во крвно сродство не знам.
 
^
My bad тогаш. Од публиката викаа дека му е син и затоа.... Иначе ќе го биде. 90-та е роден а во што ѕверка има израснато :)
 
Според мене РК Вардар има шанси со РК Металург за победа
 
Според мене РК Вардар има шанси со РК Металург за победа
Aко муабетот се правеше пред некоја година, да, има шанси Вардар да го совлада Металург, но оваа година Металург е далеку поквалитетен тим од Вардар..можи да се речи дека Вардар го има најслабиот тим во последните неколку години и тешко да им парира на Металург.
 
да се надеваме дека Вардар Про ќе слави победа и на реваншот против босанскиот Извиѓач..
2. коло реванш Куп на ЕХФ
Извиѓач-Вардар Про (15 октомври 2011, со почеток во 19:00 часот)
 
Абе нели во четврток се играше...
Ти ебам тоа СЕХА лигата, само си менуваат саатници...
Инаку честитки за победата, изгледа подобро играме на гости отколку дома :D
--- надополнето: Oct 12, 2011 9:05 PM ---
VARDAR: Abadzic 19 odbrana, sedmerac, Stoilov 1, Ojleski 1, Markoski 1, Nikolic, Simovic 3, Doder 2, Vujovic 2, Kukoski , Sobol 4, Petric 1, Jovcevski, Markovic 8(2), Ristovski, Lazarov 1, Abutovic 2
Igrac utakmice: Vladimir Abadzic (Vardar)
Kretanje rezultata: 2:1 (4.) 3:5 (12.) 6:5 (14.) 7:7 (19.) 7:10 (24.) 9:13 (29.) 11:16 (40.) 12:20 (44.) 16:22 (53.) 20:22 (55.) 22:25 (59.)
 
Види го ти Вујо, го седнал Борко на клупа. Очекувајте бунт во Вардар пак, играчите да бараат тренерот да си замине :P :pos:
 
Од 53-та до 55-та минута ни направиле 4-0 серија...
Како и секоја Македонска екипа, мора да се направи од готово вересија. Добро што сме тепале :D
--- надополнето: Oct 12, 2011 9:28 PM ---
Инаку нашиот противник Извиѓач загубил дома од Борац со 20-23...
Треба нашиве сериозно да си ја сватат работата во реваншот и да не дозволат да бидат непријатно изненадени.
 
Мора да сватите посериозно со Извиѓач, таму ќе има големи притисоци од публика
Само незнам дали ќе се врши пренос на некоја ТВ (по се изгледа нема, оти кај нас нема многу место за спортот по медиумите)

Иначе за Звезда незнам шо да речам, зедоја 10 добри играчи, ко излегоја на утакмица ТАПА
Незнам таму шо се случва:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom