Фан клуб - РК Вардар

За каква забрана за навивачи се збори? Да не се патува на гостувања во Белград, Загреб и т.н ?
И со ова неизвесноста на лигата ми е смешно, значи играчите на сите клубови може да играат, а не им е сигурно ништо, а навивачите неможат да навиваат, барем на домашен терен.. (n)
Врска нема, само ја пастирав одлуката на групата.
Реално ние во ракомет сме дерби навивачи, никогаш не ни било приоритетно.
Ете ќе навиваме за Европски мечеви, а кој има време слободно нека си оди на ракомет. Навиваме редовно на фудбал, а тоа ни е примарно секогаш.
Лани отидовме неколку пати на домашно првенство во ракомет пошто бојкотиравме некој период во фудбалот...
 
Вујо на фејсбук за Вардар :D

vujovardar.jpg
 
Влезот вечер во Кале е безплатен, така да кој може нека дојде. За тие што нема да присустуваат, директен пренос на МТВ 1 во 18:00.
 
Многу слаба игра на моменти и мизерна,можеби имаше шанса на крај да победи со повеќе разлика прими 2 гола од никаква позиција до 10 м,но јбг не заслужија толкава победа.До негде и подобро е вака.
 
како заврши ?
26-24.
Ужасен Вардар,не можеа да тепаат екипа во која нема постар од 20 години...............Едвај на крај кога убација во друга брзина ги тепаа.Тоа беше кога веќе губеа 4 разлика.Тогаш Извиѓач даваше голови само благодарение на Борко кој беше катастрофа и тој третиот голман кој си нема појма.......
 
Победа од 2 разлика.... Катастрофа...
Е овој тим дефинитивно треба комплетно да се смени. А не оној ланскиот... Голманите топка не фатија, се чудам како тој Чаневски воопшто е голман. Типот 3 чисти нема од ракомет, слободно можам да кажам дека ја поише топки ќе фатев од него.... Слабо во напад, слабо во одбрана, играчите на Извиџач беа деца повеќето. Сигурен сум дека 90% од нив немаат повеќе од 19-20 години. Малиот Вујо ме изненади, многу подобра игра за разлика од претходните утакмици, Лазаров е катастрофа. Под итно да се прати у Драчево да игра... Ни за тамо не е.
Дефинитивно Металург ќе не напуни до врв сезонава, а стравувам и Пелистер да не го направи истото. Со две раце потпишува нова,незнам која веќе по ред целосна реконструкција на тимот. Со овие стари, истрошени веќе играчи и пропаднати таленти ништо не правиме...
 
Вујо го растури ланскиот тим што стигна до полуфинале за да ги донесе овие скапаници од играчи?! Не можам ни да ги гледам како се мачат со некои потпросечни екипи! Не знам кој му е филмот?!
 
Од оваа екипа само крилата вредат нешто,Борко и пикерите.Под итно нова бековска линија,не мора цела екипа да ја менува.Денес се виде уствари колку е битно искуството на Николиќ.Искусно и мајсторски го насамари тоа детето што играше пикер за Извиѓач и изнуди фаул,во напад прифати и даде доста тешки топки,изнуди многу важни пенали..........
Под итно нови 2 и 3 голман,под итно сите бекови да се сменат !!!!
 
Зашто немаше комити на кале? Не сум во тек не знам стварно. Лани на европските мечеви во ракомет одеа добра бројка
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom