Штета за лошата ротација и измените што се покажаа лошо во тој период од 20-30та минута, Боно веќе месец, месец и пол е во многу слаба форма, без идеја во напад и без решение, кај Вуко се гледаат последиците од не тренирањето, што поради повредата што од делумната незаинтересираност плус и голманот нивни не уби во тој период од 10-15 минути кај што фати чисти 4-5 зицери... Се на се лош ден на цела екипа, Димче, Јака и Валах беа на ниво, останатите многу слабо, ништо страшно, штета само што не ги докусуривме, но што е тоа е, втора полусезона доколку конечно дочекаме да сме целосни без повредени играчи мислам дека нема да имаме некој поголем проблем, плус доаѓа и бразилецот од Војводина па ќе имаме уште поголема ротација на бековските позиции, во плејоф има простор и за повеќе странци во ростер од прва полусезона, така да ќе бидеме добри...
Атмосферата вчера во сала, кој беше знае, мислам дека никогаш послаба атмосфера во Битола, на моменти театар, мислам дека за 60 минути не испеаа ниедна песна за Еурофарм, се беше само пуши Скопје, пуши Вардар и се анти Скопје и анти Вардар....
Друг интересен момент, од официјален разглас на клубот одат песните, што доволно покажува до кој степен е дојден комплексот и омразата кон главниот град, нешто што е неизлечливо за рајата таму...