Фан клуб - РК Вардар

Да али и покрај сите работи кои ги наброја, во последни десет минути влеговме егал (25-25 ако не се лазам) и покрај катастрофалната партија на тој момент на Криштопанс( освен две асистенции), типот у клучните моменти од инат влагаше и шутираше. Зелен е момаков, во такви ситуации коа не иде нема што да силуваш. Ајде како што викаш да не се осудува пред време, али некако тешко да успее да го среди како Борозан. Пред се поради неговото споро движење ( кое за неговата висина е сасвим ок) меѓутоа се одразува на препознатливата игра на Вардар. Многу лесно му излагаа противничките дефанзивци и со еден допир го решаваа а со тоа ја прекинуваа нашата игра. Не знам, дај боже да грешам, ајде почеток на сезона е, па да оставиме времето да покаже како ќе биде.
Апсолутно. Нема збор дека денеска беше катастрофа, се што кажа си во право. Меѓутоа го гледав и на утакмиците против РНЛ и против Гумерзбах. Далеку од тоа дека ќе биде на нивото на Алекс (тешко и дека Вардар ќе има некогаш толку квалитетен десен бек), но таму изигра каде-каде подобро и на тоа го темелам оптимизмот. :)
 
Полека полека долга е сезоната. Секако небитен е мики маус купов спрдачина тешка. Нека ја темпираат сезоната и пак нека екслодираат април мај никој нема ни да се сеќава на турнирчево. Верувам дека Раул знаел што прави кога го зимал Кристо така што ноу ворис.
 
А уствари кој фактор е Барса да игра на турниров за светски шампион? Првакот на Шпанија добива покана за учество?:pos:
Специјална покана од организаторот, долго време беа врзани со Катар.
 
Војводиќ многу ме потсеќа на Циндриќ во начинот на игра иако рака на срце, треба да работи на реализацијата. Ѓорѓески има потенцијал, солиден рефлекс, само му требаат утакмици, добар тренер и малку да му качат килажа :).
 
Последно уредено:
Војводиќ многу ме потсеќа на Циндриќ во начинот на игра иако рака на срце, треба да работи на реализацијата. Ѓорѓески има потенцијал, солиден рефлекс, само му требаат утакмици, добар тренер и малку да му качат килажа :).

Тачно. Војводиќ е таков тип на ракометар. Одличен еден на еден, ја има таа игра како Циндра. Лука е поатрактивен, поелегантен во движењето, али Војводиќ може да го замени. Има и филинг за асистенција и до сега минутажата која ја има добиено од Раул ја има искористено максимално.
 
Доволно е едно влагање во фан шопот да ви стане јасно колку некои работи се само фарса. Во Еуроазија на времето имаше подобар избор на роба :tapp: Ќе имате од ова? Па неее, не знам... што знам? Што ми донесат, тоа. Не ја кривам продавачката ама кажете еден фан шоп на странски спортски клуб што работи на принцип „што ми донесат, тоа“?
 
Реално и продавачките ич не се замараат, можеби мене така ми се погодиле, да ти падне глупо да ги прашаш нешто или да купиш како од дома да ги собрале без плата да работат, али ајде можеби и грешам. Вардарец да е некој барем за делот на Вардар, со мерак би продавал сигурно и би се ангажирал секогаш нешто ново да се извади и штосно, колку мотиви можат да се искористат за маички и шалови ама тоа е :)
 
Ко прво тоа не е фан шоп, се знае какви се фан шоповите по светот.
Така да ова е само едно ќоше на една продавница.
 
Толку доминантни станавме, што неодбележано помина "дерби" против риваливе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom