Фан клуб - РК Вардар

Член од
2 август 2017
Мислења
263
Поени од реакции
365
А тој малиот Димитриоски земен е во Катар или само Тимур е лево крило?
 
Член од
2 август 2017
Мислења
263
Поени од реакции
365
А што е со крилото Димитриоски, синот на поранешниот репрезентативец Златко.Да не е сеуште во Вардар Јуниор?
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
А што е со крилото Димитриоски, синот на поранешниот репрезентативец Златко.Да не е сеуште во Вардар Јуниор?
Таму е. Изигра некоја минута минатата сезона со првиот тим на 3-4 СЕХА мечеви, но не знам какви и дали воопшто имаат планови за него.
 
kelaviot

Prime Сasual Dating - Genuine Damsels
Член од
10 мај 2010
Мислења
531
Поени од реакции
318
Topkite od race im pagaat, neverojatna rabota

Sent from my ALCATEL ONE TOUCH 5020X using Tapatalk
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.723
Поени од реакции
2.083
Ако се ладат, во ред, ама колку е изгубена течноста во нападот поради Алекс, голманите вон форма, одбраната со фластерот од Кањељас е беше партал напред. Да се надеваме дека ова е пролазно. Напред Вардар!!
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Катастрофална игра! Ужасно спор пренос на топка, еден куп технички грешки, пикерите тотално отсечени. Тимур беше циркуз и вчера и денес, делува како уште да е со паметот на одмор. Одбраната меѓу 3-ка и 4-ка пепел. Нема што да бараме против екипа ко Барса со ваква игра.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
381
Поени од реакции
1.078
Добра игра во второ, штета што џинот Криштопанс изигра како глувче во напад.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.568
Поени од реакции
8.184
Требаше Раул да го смени Криштофанс со Македа. После онаква очајна партија, бар последните 15 минути да играше Македа ќе победевме. Штета, Циндра е злато. Ја не знам кој ќе го победи Киелце од сезоната кога Циндра ќе отиде тамо.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Исти коментари како сега за Даинис одеа и на сметка на Борозан претходната сезона после првите 2-3 утакмици, па драстично се сменија за кратко време. Нејсе. Клучно во мечот беа првите 20 минути во кои имавме дадено само пет гола. Бркавме резултат цел меч, а кога бркаш резултат нема простор за грешки.

Даинис имаше катастрофален меч, не знам зошто Раул не го пушти воопшто Македа, но далеку од тоа дека беше единствената причина за поразот. Во напад не држеа само Циндриќ и Борозан, со неколку добри моменти на Фереира. Тимур имаше криминален меч и вчера и денеска, вчера имаше 2 од 8, а денеска сигурно нешто слично. Не памтам да одиграл толку слаб меч од осмина финалето дома против Висла претходната сезона.

Одбраната беше ‚‚ред урда, ред пиперки‘‘ што би рекле старите. Во прво не бушеа помеѓу 3-ка и 4-ка, во второ помеѓу 2-ка и 3-ка. Немаше излези на играчите кои беше преочигледно дека ќе одат на шут, немаше прекини, се беше базирано на дигни се на блок и моли се да не погоди противничкиот играч. Колку и да е талентиран Дика сепак е 19 годишно дете со една сериозна сезона позади него, а беше оставен да игра како сака.

Нема везе, имам доверба во Раул и мислам дека ќе ги склопи коцките. За помалку од недела дена почнува СЕХА со меч против Металург, далеку побитно од турниров. Единствено штета што наградниот фонд е добар (500.000 евра) за победникот па ќе беше убаво да ги лапнеше Вардар.
 
Да али и покрај сите работи кои ги наброја, во последни десет минути влеговме егал (25-25 ако не се лазам) и покрај катастрофалната партија на тој момент на Криштопанс( освен две асистенции), типот у клучните моменти од инат влагаше и шутираше. Зелен е момаков, во такви ситуации коа не иде нема што да силуваш. Ајде како што викаш да не се осудува пред време, али некако тешко да успее да го среди како Борозан. Пред се поради неговото споро движење ( кое за неговата висина е сасвим ок) меѓутоа се одразува на препознатливата игра на Вардар. Многу лесно му излагаа противничките дефанзивци и со еден допир го решаваа а со тоа ја прекинуваа нашата игра. Не знам, дај боже да грешам, ајде почеток на сезона е, па да оставиме времето да покаже како ќе биде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom