Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Само Тимур е во Катар. Вардар ги има Недановски и Ончев на истата позиција, но не се таму.А тој малиот Димитриоски земен е во Катар или само Тимур е лево крило?
Таму е. Изигра некоја минута минатата сезона со првиот тим на 3-4 СЕХА мечеви, но не знам какви и дали воопшто имаат планови за него.А што е со крилото Димитриоски, синот на поранешниот репрезентативец Златко.Да не е сеуште во Вардар Јуниор?
Ако не го изделка Раул, готови сме на десен бек...Не бе, добар е Криштопанс...
... за ракометот кој се играше во 1997ма.
Исти коментари како сега за Даинис одеа и на сметка на Борозан претходната сезона после првите 2-3 утакмици, па драстично се сменија за кратко време. Нејсе. Клучно во мечот беа првите 20 минути во кои имавме дадено само пет гола. Бркавме резултат цел меч, а кога бркаш резултат нема простор за грешки.
Даинис имаше катастрофален меч, не знам зошто Раул не го пушти воопшто Македа, но далеку од тоа дека беше единствената причина за поразот. Во напад не држеа само Циндриќ и Борозан, со неколку добри моменти на Фереира. Тимур имаше криминален меч и вчера и денеска, вчера имаше 2 од 8, а денеска сигурно нешто слично. Не памтам да одиграл толку слаб меч од осмина финалето дома против Висла претходната сезона.
Одбраната беше ‚‚ред урда, ред пиперки‘‘ што би рекле старите. Во прво не бушеа помеѓу 3-ка и 4-ка, во второ помеѓу 2-ка и 3-ка. Немаше излези на играчите кои беше преочигледно дека ќе одат на шут, немаше прекини, се беше базирано на дигни се на блок и моли се да не погоди противничкиот играч. Колку и да е талентиран Дика сепак е 19 годишно дете со една сериозна сезона позади него, а беше оставен да игра како сака.
Нема везе, имам доверба во Раул и мислам дека ќе ги склопи коцките. За помалку од недела дена почнува СЕХА со меч против Металург, далеку побитно од турниров. Единствено штета што наградниот фонд е добар (500.000 евра) за победникот па ќе беше убаво да ги лапнеше Вардар.