Фан клуб - РК Вардар

За очекување беше Вардар да биде доминантен денеска, еден куп промени има во играчкиот кадар на Металург сезонава. За држава која што упорно се удира во гради дека ракометот е спорт број 1 во неа, стварно е срамота да има околу 2000 луѓе во сала на единственото скопско дерби. Иако, рака на срце денеска можеби имаше најмногу народ од кога почнаа работите со Металург да одат надолу. Драго ми е што беа приустни Комити макар и во скромна бројка, не прекинаа да навиваат од моментот кога ги пуштија во сала до крај.
 
Толку доминантни станавме, што неодбележано помина "дерби" против риваливе.

Што сакаш повеќе кога пола од поставата пред утакмица беше на свадба, дојде на утакмица па пак отиде на свадба :pos:
 
Како бе тоа на свадба биле?:pos:
Тоа де, преочигледна е разликата во класи и моментот што не се замараат со мак лигава. Само уште не ми е јасно како можеше да се руга Раул за тој момент, посекако и самите знаат дека поважно е да гледаат да се штитат од повреди отколку да го декласираат Металург со 20 разлика.
 
Информации околу замена на ваучериве за сезонски карти дури во октомври претпоставувам?
 
Информации околу замена на ваучериве за сезонски карти дури во октомври претпоставувам?
Требаше од утре, дури сум си ја запишала датата на стикер да не заборавам. :pos: комедии од организација.
 
https://rkvardar.mk/news/vardar-domakjin-na-prviot-super-kup-na-makedonija

17:00 во работен ден, просто како да сакаат што е можно помалку публика да оди во сала! Исто како и термините за СЕХА мечеви. Далеку од тоа дека ќе биде комплетно полна салата доколку се игра во нормално време, меѓутоа гарантирам дека барем 30% повеќе публика ќе има. Во РФМ има ли барем еден што мисли со главата?
 
Последно уредено:
Знае некој кога ќе се мењаат сезонските? Немам сретнато нигде инфо некое..
 
Жарко Маркович потпишал за Загреб. Слободен агент бил веќе 3 месеци... Зашто не се обидовме да го донесеме?
 
Жарко Маркович потпишал за Загреб. Слободен агент бил веќе 3 месеци... Зашто не се обидовме да го донесеме?
Леле никако овој. Многу ноксан карактер, имам пишувано за него. Фамилијарната атмосфера во Вардар е најсилното оружје на екипата а Жарко е многу негативен лик.
 
Плус, изјавата на Сергеј дека се повлекува после сезонава, како и фактот дека би го делел местото со уште два играчи на таа позиција.
 
Случајно разгледував нешо на тикетплус сега и гледам за утакмицава утре со Еурофарм имат уште во продажба 2934 карти. Ако е ова точно значит дека повејке од половина сала оваа година се продаени како сезонски карти. Бидејки сигурно за утре не се купени голем број карти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom