Уште порано имаше ваква вест дека од наредната година ќе оди Алекс во Киелце. За очекување беше ова, во Вардар беше како на "калење", за пред да оди во некој поголем клуб. А и нормално е, млад шпански бек кој допрва ќе го има врвот во својата кариера сигурно ќе бара поголем клуб за да може да оди на Ф4, нешто што Вардар овие години не можеше да го понуди.
Сепак не е проблемот Душебаев, проблемот на Вардар е што се носат добри играчи, но не доволно добри за Ф4. Не е исто да ги споредуваш, еве во моментов Борозан, Карачиќ и Душебаев со Илиќ, Наџ, Палмарсон, Дувњак, Вујин, Јурецки, Хансен, Карабатиќ итн. Се додека не се пазари подобро, а и поскапо Вардар секогаш ќе биде во врвот на европскиот ракомет, но зад овие 5-6 тимови кои конкурираат за Ф4.
Летово според мене мора да земат пикер, замена за Тоскиќ. Ако останат на триото Марсениќ, Столе и Фереира, ништо не прават. Десен бек не ми се верува да земат, со оглед што се одлучија на Борозан, тешко дека ќе тргнат на уште еден десен бек, само нека се молат да останат и Борозан и Деревен здрави цела сезона, колку толку и Канељас ќе покрива таму. Карачиќ мора да го зачуваат, ако си замине, обавезно треба да носат замена, само не гледам кој среден бек би го донеле. Домагој Павлович, Скубе, Зарабец ми се вака први на ум од балканов, ама за нив ќе треба убаво да го отворат ќесето. Обавезно им фали и еден одбранбен играч, премногу товар паѓа на Абутович. За голман добро е да се размислува за некоја опција, иако мислам ќе турне Штербик уште оваа сезона.