Фан клуб - РК Вардар

На Карачич до кога му е договорот ?
 
Раул изгледа намерно го става капитенот наш во игра кога противникот е со исклучен играч, за силите на теренот да бидат изедначени. :D
Одличен меч, Дибиров е во феноменална форма, Штербик исто. Столе супер изигра, тоа на крајот ќе му простиме. Карачич исто, голема разлика прави кога е на теренот, Шишкарев е ѕверка и во одбрана и во напад.
Браво за сите играчи, само така да се продолжи.

Комити одлична бројка и навивање. Со ваква игра Ф4 не ни бега.
 
Доста интересно е што и Веспрем отворија слично како нас со 5:1 на првата утакмица кај нив во СЕХА, огромна е разликата дома-гости, оваа сезона можеме до Ф4 како никогаш до сега.
 
Браво за момците , остваривме голема победа против силниот Веспрем која ни доаѓа пред важниот дуел со Висла, така да ке патуваме во една победнича атмосфера .Можеби и Веспрем влезе лабаво во мечот , али едно е сигурно дека нашата игра со Рајн Некар и денеска беше супер , така да јас очекувам и победа во Послка од 2-3 разлика , знам дека не треба да ги потцениме и летаме во облаци, се работи за добра екипа али сепак кај нас гледам многу силен Вардар .

На трибина одлична забава , бројка од околу 350 - 400 Комити, навивање 60 минути без престан , поготово второ полувреме мислам дека ни беше едно од најдобрите навивања во сала , да не се навредат Ф.А али ова денеска беше права Аргентинска атмосфера, после Кратово уште едно одлично издание на Комити,едно големо браво за сите нас :)
 
Каде ќе има целосна снимка? Имаше лудило-ебење потези! + боксот на Столе.
 
Еј види беља работа сега,увек сум бил оптимист и ко биле у слаба форма.Ама не знам зошто ме јаде нешто одвнатре да му ебам мајката.Само нека пројде овој ебан прв натпревар како што треба,не смее после ова да се дигнат у облаци,мора мирно и сталожено да го издржат пеколот во Полска.,па после овде све ќе биде полесно.
 
Еј види беља работа сега,увек сум бил оптимист и ко биле у слаба форма.Ама не знам зошто ме јаде нешто одвнатре да му ебам мајката.Само нека пројде овој ебан прв натпревар како што треба,не смее после ова да се дигнат у облаци,мора мирно и сталожено да го издржат пеколот во Полска.,па после овде све ќе биде полесно.
Ако после победата над РНЛ не се кренаа во облаци, туку заиграа уште подобро нема да се кренат во облаци ни после ова.
 
Ако после победата над РНЛ не се кренаа во облаци, туку заиграа уште подобро нема да се кренат во облаци ни после ова.
Не викам ништо,дај боже да сум грешка и да ги отвориме,па да ме цитираат овде.Инаку има еден факт што иде у прилог на Вардар,коа беше она демолирање на РНЛ имаше кајгана собиранка,еве сеа пак исто,значи:vozbud:.
 
Секс со маџарици шалалалала :pusigo:

Вардар го достигнува врвот во формата кога е најбитно.
Сега е потребно само ментална стабилност и да се реализира на терен тоа што е договорено. Со ваква игра како со РНЛ и Веспрем, мислам дека треба да го имаме четвртфиналето во рака. Само битно е да сме присебни во Полска.

Колку јако ќе беше ако како лани со Фленсбург четвртфиналето го играме реваншот дома..
 
Растворцев се враќа во форма, од тоа малце што го видов одлично изигра... Не го видов делот со Столе, што се случи?

А и не се ова аматери па да се креваат во облаци после победи, се работи професионално и сите се професионалци и со огромно искуство.
 
Растворцев се враќа во форма, од тоа малце што го видов одлично изигра... Не го видов делот со Столе, што се случи?

А и не се ова аматери па да се креваат во облаци после победи, се работи професионално и сите се професионалци и со огромно искуство.
Столе беше испровоциран од Сулич. Овој го удри со лакто во падот, а Столе потоа му врати малку посилно со бокс додека беа на подот.
 
А оној Сулич толкав суртук,одма кај судијата да цмиздри ко мало дете.
 
Убав бокс му здрви Столе на Сулич, апла се виде, дури и јас од трибина во делириум атмосфера го приметив момтнтот. Немаше никаква дискусија тука, чист директен црвен. Мора Столе да научи да се контролира :toe: Треба да сме среќни ако нема некоја суспензија, па фајнл форот од СЕХА лига да го гледа на ТВ...

Каква форма имаме фатено глава боли :несвест:
Дибиров и Карачиќ мислам дека се најубиствен двоец во ракометов во моментов :ojeaa:
Дибиров :pijanco:
Алоооо дечкооо од која планета си дојден :ojeaa:
Какви се овие голови од мртов агол мајко мила :ojeaa:
Со усовршувањето на пеналите и одличната игра во одбрана мислам дека со моменталнава форма е еден од најдобрите ракометари во светот.
Истото важи и за Карачиќ, како гума се витка во нападите. И он и Душебаев изиграа одлично на бековската позиција, а малце затаија левите бекови. Фичо очобол, не може да добаци до голот.
Прибак имаше просечен меч, баш он кога играше напад место Карачиќ, Веспрем успеа да намали на неколку гола разлика.
Голманите перфектни и Штербик и Џамбо.
Нема што многу да се збори на вакви утакмици, да го посереш Веспрем со волкава разлика, да ги водиш 11 разлика, не е мала работа. Какви само голови им дававме, прекрасни погодоци имаа и Дибиров и Душебаев и Карачиќ, па и Марковиќ. Стварно ќе биде штета ако го отпуштат Марковиќ за наредна сезона...
Гостите беа тотално изгубени на овој натпревар, штета што не беа ЛШ мечевите со нив во овој период од сезоната, имаше да ги сомелеме.
Перфектно одиграна регуларна сезона во СЕХА лига, перфектен скор на домашен терен и три гостински порази од кој едниот со Загреб личеше на курташак утакмица.

Со ваква форма мислам дека Висла нема што да бара. Лошо е малце што немаме замена за десната бековска позиција, се надевам дека ќе биде земен Јовчевски за секој случај, а не да имаме три голмани како денес...

На трибини забава до бесвест :D
Не знам за другите, ама според мене навивање како во сезонава, никогаш немало. Секој натпревар и на РК и на ФК Вардар е огромна забава, без разлика на бројката. Салата убаво исполнета, иако за ваквите претстави на нашите ракометари и полна сала би била малку...
 
Веќе некое време ме нема да пишам нешто на форумов, али посебно сакам да ги пофалам Комити. Дали е до мене или не не знам, ама вакво навивање не сум видел сезонава. Секоја чест.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom