А
Атомската мравка
Гостин
Кога веќе темава е Самсоненко интересно истражување од Нова имале на таа тема..
http://daily.mk/makedonija/rusinot-samsonenko-prikaznata-invest-in-macedonia-via-belize
Поготово интересен е делот
Според официјалните документи, оваа компанија е формирана на 7 декември 2012 година, нецели 20 дена откако Општина Аеродром веќе го распишала огласот за јавно-приватно партнерство. Како основач на оваа компанија се јавува фирмата „Бетсити Кипар Лимитед“ од Никозија, главниот град на оваа островска држава сместена во Медитеранот. Кипарските банки долго време важат за упориште на руските тајкуни. Меѓутоа, во Централниот регистар во Скопје депониран е документ од кипарското Министерство за трговија, индустрија и туризам, поточно од одделот за Регистрирање компании, во кој пишува дека единствен акционер во кипарската „Бетсити Кипар Лимитед“ е фирмата „Игра инвест ЛТД“, која потекнува од државата Белизе сместена на Карипски Острови. „Игра инвест ЛТД“ се наоѓа во главниот град Белизе сити на улица „1 ½ Miles Northern Highway“, истата адреса на која се сместени уште две компании од оваа карипска држава што се присутни во Македонија. Првата фирма е „Иресине лимитед“, која е сопственик на неделникот и на порталот „Република“, додека втората е „Базики лимитед“, која беше содружник во градежната фирма „Искра ММ“, заедно со охриѓанецот Цветан Панделески, таткото на Дејан Панделески - кумашинот на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, и со скопската „Ексико“, која, пак, е во сопственост на фирмата „Т&МЈ Инвестмент СА“ од Лугано, Швајцарија.