Фан клуб - РК Вардар

Да се разграничи еднаш засекогаш со случајот Прибак!Да нема забуни,празни муабети и непотребни тензии.Го бркаат Прибак од Вардар ко вишок и непотребен или самиот сака да си оди зашто несака да грее клупа ко трета опција,и да се проба во друг клуб кај што би му ја пружиле таа шанса???Ако е второво,глупаво е да се дига џева,доволно е само да му се заблагодариме и да му посакаме среќа.

Да беше бркање, прв Филипче ќе беше избркан.

Ова едноставно може да се нарече индиректно бркање. Му кажуваат дека ќе донесат нов играч таму, дека ќе биде трета опција. Па он ако сака да биде тек трет избор нека остане.

Пошто не ми се верува воопшто да не му понудиле договор, или пак платата да била проблем. Кога во МРК им даваат добра плата на неколкумина, за прв тим па ич не е проблем. Али Мудоња Прибак не е Бутино па да прифати да е трет избор, ваљда му се игра на човекот...
 
многу летаргична игра на вардар мислам малце почит кон дојдената публика сигурна не дошла на тренинг да ги гледа па ај и ова втора постава од кој доста ке идат изгледа со право како да не и се доволен мотив парите и позицијата страшно ...добиена шанса да играш треба до крај да се искористи за да имаш после место а со ваков однос незнам до каде ке стигнат да не излезе муабет го земаа таму и таму јак клуб па го шутнаа - па фала богу нема да чуваат такви играчи кој не се заангажирани за работа туку само пари и журки
 
10951436_935275246517696_7264283611121610682_n.jpg

10959456_935276903184197_8927199322892961024_n.jpg


Во текот на целиот меч се скандираше за Прибак, а на крај некои 5 минути траеше скандирањето за него.
На клипов има само мал дел од тоа...
 
Малку несериозни ми делува идејата дека при преговорите се ценкаат за минутите...:pos:
Разбирам дека има прва постава,втора постава.....
Ама од каде ќе знае некој како ќе изгледаат работите наредна сезона?
Можеби на Карачиќ нема да му оди,или ќе се повреди..
Ете ако е вистина со Циндриќ,добар е дечкото,нема збор,ама нема играно 4,5 месеци и како стојат работите ако не потпиши за клубот нема да игра ни до крај на сезона,а и да потпиши не е влезен во ритам,форма,тренажен процес..
И кој гарантира дека ќе е добар и наредна сезона?..
А од друга страна го имаш Прибак,сосема различен играч од Карачич,играч со мозок,и изграден шут,и идеален играч за да промени ритам кога нема да му оди на Карачиќ....
Циндриќ е понизок играч.можеби даде некоја партија во Металург ама никој не гарантира дека и во Вардар ќе игра исто...
И тренерот како тренер треба да одлучува која минутажа ќе ја имаат играчите,а не во договорите да се вметнуваат клаузули од типот ТИ ЌЕ ИГРАШ МИНИМУМ ТОЛКУ И ТОЛКУ МИНУТИ,И НИШТО ПОВЕЌЕ...
Ова не терен не функцинира толку едноставно,таму се менуваат работите многу брзо,ракомет е ова,динамичен спорт...
Плус миленик на публиката и еден од ретките кои останаа неколку години во клубот....
Е сега сосема друга работа е ако сака Прибак да игра во клуб каде шо тој ќе ја има главната улога...
Вака како тргнале вашите има да изнатрупаат играчи...
На пример ако не го шутнат Филипче или Лац ќе имаат 4 играчи на лев бек....
Се кинам од смеење кога го гледам Филипче,со неговиот легендарен скок шут(односно нешто шо наликува на скок шут):pos:,нешто како фрлање ѓуле,наместо да се извиши и да проба да ја натскока зоната тој кутриот вади некаков квази удар,и нон стоп ударите му одат ниско,или по средина на гол,а не ретко и цел гол го промашува...:icon_mrgr:
Па уште и капитен на тимот...:pos:
Не знам кој дил го има со Самсоненко,ама сигурно имате некој преддоговор со Кире штом му давате толкави почести,иначе секој нормален тим шо има некакви амбиции за Европа нема шанси да чува таков играч..
Печен е за Струмица Филипче....
Или да го вработат во Руската кладилница,како заштитно лице,и така омилено сврталиште му е....:cool:
И штом форсира толку нерезонски шутеви,сигурно сам се има уплатено на стрелци во Бет Сити....:zver:
 
Дефинитивно Филипче треба да биде тој што ќе лета од наредна сезона, а Прибак да остане, да имаме повеќе играчи за ротација, а и Карачиќ и Циндриќ ќе покријат на лев бек многу подобро од Филип.. Само мене искрено не ми се допадна толку скандирање и пеење за Прибак, после еден наслов на портал дека ќе си оди. Да видиме прво официјално, да дознаеме која е причината, па после ако сам решил да го испоштуваме како што доликува, а ако е избркан да искажеме мал револт. Сепак, не сме ние тие кои треба да одлучуваат за тоа кој ќе остане, кој ќе си оди, и кој ќе игра на терен
 
Глејте сценарио на крај кога од управа ќе речат, Прибак останува никад не сме рекле дека ќе си иде. :icon_lol:
Фичо дефинитивно треба да се ногира, Столе капитен и чао.
 
Иднава година неколку играчи може да се прекомандуваат во Вардар 2. Со сегашниот тим таму плус неколку заслувања ништо чудно да имаме два Вардара во сеха и ЛШ
 
Иднава година неколку играчи може да се прекомандуваат во Вардар 2. Со сегашниот тим таму плус неколку заслувања ништо чудно да имаме два Вардара во сеха и ЛШ

Најглупиот можен исход.

Ќе биде исто срање ко со Кометал, Еуростандард и Еуролинк на времето. Во едната екипа ќе играат јаките у другата просеците, таленти едвај. Која е целта истиот клуб да има две ривалски екипи?

Најпаметно е таму да се ограничи староста, на пример да играат само играчи до 25 години. Со тоа би се остварила главната цел на вторите екипи, а тоа е развој на млади играчи. Па ако тие млади играчи се доволно квалитетни сигурно ќе изборат трето место во лигава и играње во ЕХФ куп.
 
Најглупиот можен исход.

Ќе биде исто срање ко со Кометал, Еуростандард и Еуролинк на времето. Во едната екипа ќе играат јаките у другата просеците, таленти едвај. Која е целта истиот клуб да има две ривалски екипи?

Најпаметно е таму да се ограничи староста, на пример да играат само играчи до 25 години. Со тоа би се остварила главната цел на вторите екипи, а тоа е развој на млади играчи. Па ако тие млади играчи се доволно квалитетни сигурно ќе изборат трето место во лигава и играње во ЕХФ куп.

Тоа на кометал беше глуп потег зашто баш така беше поделено. Нашата втора екипа треба да е млада со 3-4 добри постари играчи од кој може да се учи. Прибак ако не избори место во првата постава би бил иделен за таква улога а и Филипче може да поигра таму, него му фалат минути да се ја врати самоувереноста и да си ги најде пак мудата. Во ваква боса лига и со Филипче, Недановски, Чаневски, Прибак + младите не гледам зашто не би се избориле за второ место, учество во СЕХА и послабата група на ЛШ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom