Фан клуб - РК Вардар

Тепачка моментално онлајн :D

Купување само со брзи прсти.. дали пуштија 700 карти се на се.. уште 50-ина има останато
 
само на билетара тие, исто од денес

@Tomasino сабота.

Аман ова со картиве, секое коло едни исти прашања се вртат, одете на мктикетс или на билетара, видете, се пишува, не е сложено.
Е да бе ти да одиш кај нив на страната. Зошто да одат таму кога може тука некој да им објаснува по 100 пати.

Извинете што прашав. Иначе од вчера следам на ФБ, мктикетс, рквардар.мк и се останато. На телефон никој не се јавува ни во Вардар ни во билетара за да прашаш и да се информираш. А не сите имаме можности да ги тргнеме секојдневните обврски и да се помкнеме до СЦ Јане Сандански само за да прашаш за карти.

Последно беше тука што прашав:confused:....и одма неубави коментари. Ако знаеш кажи, немој да делите совети каде да прашам. 21 век е сите имаме интернет, телефони и знаеме каде треба да се информираме.o_O
 
Бев во ОНЕ да земам за со Некар Ловен ми рекоа дека карти за РК Вардар годинава не продавале, така да ќе треба или онлајн или од билетара да си земеш :)

денеска за џабе чекав во ОНЕ исто и мене ми рекоа така, арно имаше еден во СК па да ни земе од билетара..има некој слика со блокови од Јане?
 
денеска за џабе чекав во ОНЕ исто и мене ми рекоа така, арно имаше еден во СК па да ни земе од билетара..има некој слика со блокови од Јане?
Одма кога ќе влезеш на столбовите од салата се е напишано уредно, кој блок каде се наоѓа и на која страна треба да одиш.
 
денеска за џабе чекав во ОНЕ исто и мене ми рекоа така, арно имаше еден во СК па да ни земе од билетара..има некој слика со блокови од Јане?
malo.jpg
 
Одма кога ќе влезеш на столбовите од салата се е напишано уредно, кој блок каде се наоѓа и на која страна треба да одиш.

не слика со блокови во формат како што беше на Борис мислев сега да ја видам, како се распоредени блоковите.
 
Последно беше тука што прашав:confused:....и одма неубави коментари. Ако знаеш кажи, немој да делите совети каде да прашам. 21 век е сите имаме интернет, телефони и знаеме каде треба да се информираме.o_O
Така ти се погоди, баш на тебе да ни прекипе :D
Ништо не ве кошта да прочепкате низ темава, буквално пред секоја утамица мора 2-3 страни да се исполнуваат со истите прашања. Кај се продавале карти, кои се цените, кај се наоѓале блоковите. Пет страни поназад да отидеш, ќе ги најдеш сите одговори.
 
Дали ќе ми прават проблем при подигање на картата бидејќи тоа логото што е горе лево е бело, односно не е ко на некои други каде што им пишува ваучер за карта ?
 
Дали знае некој кога ќе бидат пуштени во продажба картите за стоење?....пошто во соопштението пишува Дополнително ќе бидат пуштени и околу 600 билети за стоење.

Па пуштени се денеска сите карти, 120 денари се за стоење, сеа ми се јави вујко ми да ми потврди дека земал.
 
Се знае за Веспрем кој нема да игра?За Наџ прочитав дека не игра, дали е официјално? А некаде мислам дека прочитав дека и Цајц им е повреден.
 
Па пуштени се денеска сите карти, 120 денари се за стоење, сеа ми се јави вујко ми да ми потврди дека земал.

Не сум бил у новава сала, па ме интересира, картите за стоење кај се? Со Комити?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom