Фан клуб - РК Металург

Пирати со соопштение за поддршка на играчите и одат контра управа. Колку контрадикторно е ова, играчите плата немаа земено, а управата нив ги носеше на странски гостувања и сеа им контрираат. Да не се случеше ова и во Ла Риоха ќе одеа, ама штета.
 
Македонскиот шампион Металург се наоѓа во сериозна криза, како потврда за тоа говори разнишаниот однос меѓу ракометарите и стратегот од клупата на овој тим, хрватот со македонски пасош, Лино Червар, во кого ракометарите на Металург најдоа главен виновник за последните случувања.

Мирослав Коциќ, српскиот интернационалец кој бранеше на голот на македонскиот шампион, во интервју за српски „Журнал“ вели дека ситуацијата во Металург ги надминала сите можни граници.

„Сега настана хаос бидејќи македонците се побунија, што се однесува до мене јас не сум дете за да играм и да чекам некој да ми плати. Немам живци за тоа, од доаѓањето тука немам добиено ниту денар. Не бев во одлична форма, не сум задоволен ниту од играта, но ова ги премина сите можни граници. Некој доби пари со тоа што одеше да моли...“ објаснува Коциќ.

Коциќ вели дека првите проблеми настанале со одлуката да во Брест не патуваат Станиќ и Атман.

„Првиот удар се случи пред патот во Брест, кога во петок ни кажаа дека со екипата нема да одат Дарко Станиќ и Павел Атман. Искрено, јас не се подготвував да бранам на толку важен натпревар, а потоа следеа и нови лоши одлуки во клубот“ дополнува Коциќ.
 
Минчо нека му пише крст на Металург и нека не замара. Или нека го продаде.
 
По соопштениево од РФМ, очигледно е дека ќе се смират страстите и кај ракометарите и кај управата и тренерот. Огромните казни и суспензиите кои што би следеле не се зафкранција, а истите би му наштетиле и на Вардар, бидејќи токму шампионот на Македонија (претпоставуваме дека ќе биде Вардар) ќе биде дисквалификуван од ЛШ. Така да, не ја гледам причината за ситењето од токму фановите на Вардар. Бар они треба да бидат најзагрижени, бидејќи џабе ќе им биде и нова сала и јак спонзор и одличниот состав.

Мене она што ме загрижува кај сите наши клубови е зависнсота од само еден спонзор. Сите клубови сега, а и во минатото ни биле зависни само од еден поголем спонзор, кој нема долгорочен план на инвестирање т.е спонзорство, туку се работи за краткорочна желба за инвестирање во спорт, или па на принцип блискост со власт, профитерски цели или некои си трети финансиски причини.

Истото важеше за Кометал Горче, Работнички во фудбал, Металург, Вардар, МЗТ... Утре ќе го снема главниот спонзор, пропадна тимот. Затоа ќе имаме само периодични блесоци и ништо повеќе.
 
ауу не ме чуди ова сценарио, намерно да не отидат. Кај нас секогаш се гледа да му се наштети на подобриот.
 
Решемието за Металург а и воопшто за клубвите е да се потпрат на повеќе од еден спонзор бидејќи ако видите во клубовите кои што значат нешто во европскиот и светскиот ракомет имаат три до четири спонзори кои го помагаат клубот меѓутоа кај нас е проблемот што така наречените газди сакаат за помалце пари да купат врвни играчи и да заработат дебело ,и кога малце ќе им гори по низе веднаш бегаат, сите им се криви играчите не се во право цацко е во прво итн.
Ако играчите даваат максимум од себе а ти не сакаш да им дадеш пари кој е крив ти или играчите
Како можи раководството на клубот да му наредува на тренерот кој да и игра акој не
Тренерот несмее да си дозволи газдата или некои од раководството да му кажува како да си работи работата тогаш или нема авторитет или е само потрчко платен за пари што се сомневам дека е така со Черват тој е платен ама мислам дека не е потрчко на Минчо оти ако е така тогаш комотно нека си оди
Ако скаша твојот клуб да има успех треба да се вложува во него константно а пак ако имаш резултати од типот на Металург во ЛШ тогаш треба и дупло да се вложи не само за де продолжи со континуитетот на врвните резулатни туку ида се оди чекор погоре па за едно две до три години и да освоиш ЛШ а не после некое веме нема пари е така неможи бе Мончо или скаша тим за ЛШ или само за МАК првенство одлучи се
 
Од Металург не добив ни денар !

Српскиот репрезентативен голман Мирослав Коциќ кој ова лето пристигна во Автокоманда како големо засилување на Металург, за српските медиуми говори за очајната ситуација во која се најдоа тој и неговите соиграчи.

“Од самиот почеток немаме добиено ни денар. Сутуацијата стана многу тензична во изминативе неколку дена, ваквата состојба едноставно ја премина секоја мера, неможев повеќе да издржам и побарав прекин на договорот“
 
Од кај испадна сега тренерот крив… Иако не е прв пат некој да го прави ова кај нас, Радуловиќ и компанија го променија Савевски од селектор и тренер на Кометал ЃП пред 6-7 години и со тоа го погребаа женскиот ракомет во Македонија. Да се надеваме дека нема повторно да се случи истото.
 
Требаше да ги посочи тие 2-3ца Македонци што наводно биле позади се. Наумче е еден од нив сигурно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom