По соопштениево од РФМ, очигледно е дека ќе се смират страстите и кај ракометарите и кај управата и тренерот. Огромните казни и суспензиите кои што би следеле не се зафкранција, а истите би му наштетиле и на Вардар, бидејќи токму шампионот на Македонија (претпоставуваме дека ќе биде Вардар) ќе биде дисквалификуван од ЛШ. Така да, не ја гледам причината за ситењето од токму фановите на Вардар. Бар они треба да бидат најзагрижени, бидејќи џабе ќе им биде и нова сала и јак спонзор и одличниот состав.
Мене она што ме загрижува кај сите наши клубови е зависнсота од само еден спонзор. Сите клубови сега, а и во минатото ни биле зависни само од еден поголем спонзор, кој нема долгорочен план на инвестирање т.е спонзорство, туку се работи за краткорочна желба за инвестирање во спорт, или па на принцип блискост со власт, профитерски цели или некои си трети финансиски причини.
Истото важеше за Кометал Горче, Работнички во фудбал, Металург, Вардар, МЗТ... Утре ќе го снема главниот спонзор, пропадна тимот. Затоа ќе имаме само периодични блесоци и ништо повеќе.