Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Лино да не зимал пари додека овие не зимале па сеа испадна крив?![]()
Што очекувате од човек,кој за толку години не прозбори ниту еден збор на македонски
не се само нашите...сите се бунат...башка станич не е задоволен подолго време така да не било само до него и не бил будала...Лино особено последниов период има доста чудни одлуки...Тотално сум незапознаен со ситуацијата, ама според мене мислам дека нашите репрезентативци, односно македонците во Металург не се задоволни од минутажата, па сега Червар им е крив што има подобри од нив во тимот. НЕ МЕ НАПАЃАЈТЕ, не следам повеќе од Лига на Шампиони и чат-пат некоја утакмица од СЕХА лига.
имаш селективна меморија нешто? забораваш колку металург и неговите фанови се ситеа на лошата ситуација на вардар до пред некоја година....дури и бетер се понашаа...ама ај...ќе си памтиме само она што ни одговара...Педери сте сите овде што се ситите на проблемите во Металург, без разлика дали е крива управата, играчите или Лино! Пред се на „комитите“ мислам, кои мислат дека се поголеми вардарови фанатици ако го мразат Металург од дното на душата.Јас ќе ви кажам само дека многу гледате телевизија и очигледно ви штети тоа! Се замислувате дека сте во Италија, Англија или Шпанија, па глумите омраза кон најголемиот ривал како што има таму, само што таму има по 20-30 јаки клубови без разлика дали ракометни, фудбалски или кошаркарски. А ние тука имаме 2 јаки, исклучиво ракометни клуба и со сето срце сакате да пропадне едниот. Браво.
Само да потсетам на ситуацијата во фк Вардар кога испадна во втора лига како плачевте тогаш за клубот и како ви беше се сеќавате? Епа нешто слично е сега со Металург а вие се ситите на тоа. Очигледно многу брзо сте го заборавиле тоа чувство. Тогаш се се направи за Вардар да не игра во втора лига дури и се фузира со Миравци, што е комично во најмала рака. Подобро да си ја задржевте гордоста и да се изборевте со резултати, за место во прва лига... Кога можеше еден Јувентус да игра во втора лига, што понатаму... Ама цела влада се крена за да го спасува Вардар, а за другиве клубови во земјава меѓу кои е и Металург нека се снајдуваат. Секојдневно се гасат клубови за што треба да жалиме како мала нација, а не да се радуваме! Срамота! Тука е и еден Палистер да го спомнам... на кое ниво е клубот? Вие само продолжете ситете се... ќе кажам само дека топката е тркалезна и денес си горе утре долу!
Епа очигледно им се враќа еве сега за тоа. Ама вие како некои кои веќе го искусиле тоа неможам да ве разберам. Знам дека е слатко да вратиш мило за драго, ама не памтам јас толку скокање и радување да имало некогаш за ваква работа. Можеби дека повеќе пратам ракомет од фудбал незнам... Сеуште ми е жал што згасна клуб како Кометал, недај боже да згасне и Металург. Ќе гледаме после „дерби“ меѓу Вардар и Пролет.имаш селективна меморија нешто? забораваш колку металург и неговите фанови се ситеа на лошата ситуација на вардар до пред некоја година....дури и бетер се понашаа...ама ај...ќе си памтиме само она што ни одговара...