Фан клуб - РК Металург

А што друго да се очекува од сајт на рангот од мкд.мк ? Од секад биле дебилишта не е од сега ова.

Инаку мене не ми се допаѓа овој потег на управата,мислам паметен потег е,да покрие за овие утакмици во Л.Ш. кога Миркуловски се опоравува,ама се плашам дека ќе зафати место на некој од младите во СЕХА.

Али ај,да се надеваме дека ќе биде од корист.
 
http://www.rkmetalurg.mk/milan-chorovikj-e-nov-rakometar-na-metalurg/
МИЛАН ЧОРОВИЌ Е НОВ РАКОМЕТАР НА МЕТАЛУРГ

29.10.2013 14:09
DAR_3334_resize-610x218.jpg
za-tekst9.png

Српскиот ракометен интернационалец Милан Чоровиќ (29 години, 192 см, 102 кг) е нов ракометар на Металург. Тој игра на позиција централен и лев бек, а во Металург доаѓа по тригодишен ангажман во ОАЕ, каде што две сезони бил играч на Шаржа и една на Ал Аин. Во минатата сезона беше најдобар стрелец во таа лига, со 145 постигнати гола на 16 меча.
Чоровиќ се враќа во Металург по седум години, а познат е по златниот гол постигнат на две секунди до крајот на средбата Металург – Вардар, гол кој на Металург му ја донесе првата титула во првенството на Македонија, во 2006 година.
Чоровиќ кариерата ја почна во Ц. звезда, а потоа премина во Металург, на полусезона 2004/05. Подоцна играше и за Голд Клуб (Словенија), Партизан (Србија) и за Ним (Франција). За српската репрезентација има настапи за сите помали категории, но и 21 настап за сениорската репрезентација.
Чоровиќ потпиша едногодишен договор, со можност да се продолжи за уште една (1 + 1).
DAR_3288_resize_rize.jpg
- Многу сум среќен што се вратив во Металург, со кој ме врзуваат само убави спомени. Со Металург првпат во историјата на клубот ја освоивме двојната круна, а по моето заминување Металург прерасна во голем и амбициозен клуб, кој во континуитет се натпреварува во ЛШ и бележи завидни резултати. Тоа е еден од главните мотиви за моето враќање. Посебно ме радува и ми прави чест тоа што ќе можам да учам и да работам со еден од најголемите ракометни стручњаци во светот, Лино Червар
– ни изјави Чоровиќ.

DAR_3288_resize_resize.jpg
- Повредата на Филип Миркуловски не натера да ангажираме уште еден играч, кој ќе го надополни кусокот на левата и на центаралната бековски позиции. Имавме неколку играчи предвид, а во најтесниот круг влегоа двајца поранешни ракометари на Металург, Божидар Маркичевиќ и Милан Чоровиќ. Конечниот збор околу изборот го имаше нашиот стратег Лино Червар, кој, по одработените контролни тренинзи, реши Чоровиќ повторно да биде дел од екипата на Металург. Милан пред седум години беше во Металург и добро ни се познати неговите квалитети. Сега на својот грб има дополнителни седум години искуство и се надеваме дека ќе и помогне на нашата екипа
, истакна директорот на Металург, Левче Китевски.
 
DAR_3288_resize_resize.jpg
- Повредата на Филип Миркуловски не натера да ангажираме уште еден играч, кој ќе го надополни кусокот на левата и на центаралната бековски позиции. Имавме неколку играчи предвид, а во најтесниот круг влегоа двајца поранешни ракометари на Металург, Божидар Маркичевиќ и Милан Чоровиќ. Конечниот збор околу изборот го имаше нашиот стратег Лино Червар, кој, по одработените контролни тренинзи, реши Чоровиќ повторно да биде дел од екипата на Металург. Милан пред седум години беше во Металург и добро ни се познати неговите квалитети. Сега на својот грб има дополнителни седум години искуство и се надеваме дека ќе и помогне на нашата екипа, истакна директорот на Металург, Левче Китевски.

Кој кусок бе мајсторе?:facepalm:

Дејан Пецаковски,Павел Атман,Наумче Мојсовски,Веле Маркоски,Аце Јоновски,Игор Мандиќ,Борјан Маџовски,Мартин Манасков и Филип Талески.

Кога ќе оздрават Нелоски и Жути заедно со Чоровиќ ќе имаат дури 12 бека за овие две позиции.
Не земаат пикер, а Димовски е повреден,Топиќ ќе го давале на позајмица во Пореч и останаа само со Пешевски и дрвото Никола Маркоски што го мрзи да го мрдне газот.
 
Најсмешно е што одат со изјави дека им требало за да се пополни дупката која настанала по повредата на Миркуловски, а Миркуловски кај да е за 2 недели ќе се врати од повредата :facepalm:
 
Последните натпревари во ЛШ на лев и централен ги изиграа само Атман и Мојсоски бидејќи Пецакоски влагаше место Вугринец. Велко и Ацо знаеме дека се само одбранбени играчи, а младите не настапуваат во ЛШ. Така да играч плус на овие позиции нема да ни дојди лошо, во овие следни два клучни натпревари.
 
Пецакот влагаше и место Станич,па не значи дека може и голман да биде.Се знае која му е позиција.Играч плус на секоја позиција добро би ни дошло,но факт е дека моментално имаме нецели 3-ца пикери и 14 бека :tapp:
 
Пикерската позиција дефинитивно е најтенка моментално, само се молам да е здрав Ванчо.
Проблемот беше што игравме со лев бек на позиција десен кога Вугринец се одмараше, па фактички Пецакот не влагаше како замена за Атман и Мојсо туку како замена за Вугринец.
Покрај тоа дечково бил согласен да игра за Ѕвезда без надомест, така да претпоставувам дека се согласил да игра за Металург за ситни пари.
 
А да не се крстат во никого да отидат до Струмица да го скубнат Младен дур е тука.
 
А да не се крстат во никого да отидат до Струмица да го скубнат Младен дур е тука.

Ако е вистина дека Младен земал пари за одлучувачките натпревари против Сава, тогаш не ни треба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom