Почитувани претставници на медиумите,
Ви го праќам следново соопштение по повод сите случувања во последно време, и по јавното обелоденување на мојата суспензија од страна на РК Металург.
Морам да забележам на начинот на кој тие тоа го направија. Го фотографираа тоа парче хартија и така ја пренесоа во медиумите, како да е некакво обвинување од Интерпол.
Веројатно тоа е благодарност за се што досега сум го направил за клубот?!
Не ми остана никаков друг избор, освен и јас да се обратам на јавноста со ова кратко соопштение.
Размислував да повикам прес-конференција, каде што во една отворена комуникација ќе ја запознам јавноста во Македонија и со другата страна на приказната, која и тоа како е интересна.
Дарко Станиќ секогаш во животот зборувал и работел со отворено срце, искрено и со вистината во рацете. Така е, така било и така ќе биде секогаш. Немам што да кријам, на сите прашања сум спремен да одговорам. Јас секогаш сум бил таков, и на теренот и надвор од него.
Дури и да си направам проблем себеси, од тоа нема да се откажам. Поради себе, поради луѓето кои веруваат во мене, но најмногу поради вистината. Не се плашам, никогаш не сум се плашел додека сум се борел во име на виситната. Зашто со вистината е невозможно да се загуби.
Но, сепак одлучив, во овој момент, додека страстите се разгорени, не е добро да се носат избрзани одлуки. Одам наскоро, ме чекаат обрвски со репрезентацијата. Се враќам за десетина дена, таман доволно страстите да се смират и со ладна глава глава да донесам разумна одлука. Се надевам дека и клубот ќе го искористи тоа време добро да размисли што е паметно и што е во интерес на клубот.
Така што, од сега, нема да давам никакви изјави за јавност, се до моментот кога ќе се вратам по обврските со репрезентацијата. Тогаш ќе одлучам дали ќе свикам конференција за печат. Мене не ми е тешко да ги истрпам сите удари, да замолчам како јас да сум виновен, впрочем, тоа нема да ми е првпат. Правдата и вистината се малку бавни, но секогаш излегуваат на површина.
Ова време си го оставам како на себеси, така и на клубот. Мислам дека и на нив ќе иом користи ова време. Е надевам дека сите проблеми кои ги имаме, ќе ги решиме зад затворени врати, очи во очи, со разумни зборови да дојдеме до заедничко решение кое ќе ги задоволи и двете страни.
Во оваа прилика сакам да им се извинам и на сите љубители на ракометот што ќе бидат разочарани со вакви пишувања во медиумите, но друг избор немам. Сакам да им се заблагодарам на навивачите, на луѓето кои секогаш ми ја даваа поддршката и кои и понатаму веруваат во мене и немаат кратко паметење.
Дарко Станиќ секогаш со дела покажувал кој е, така ќе биде и овој пат.
Со почит,
Дарко Станиќ
Еве убава реплика на соопштението на Станиќ:
"Се нарекуваш професионалец а преку јавни соопштенија плукаш по својот клуб. Можеби си во се во право за тоа што го кажуваш, но не е професионално јавно да плукаш по тие што ти даваат леб и што те направија човек. Ако си прфесионалец оди седни на маса и обиди се да ги решиш проблемите. Ако тоа не помогне тука се РФМ и нивните комиси, и тоа ако не помогне тука е и ЕХФ. Значи со тоа што ти јавно излегуваш по медиуми и глумиш невина невеста самиот се деградираш и ставаш до знаење дека всушност ти и само ти си најголемиот виновник за сето ова. Неможам да верувам дека од 20 играчи само тебе те малтретираат додека другите немаат никаков проблем, или ако го имаат тогаш го решаваат на маса. А за тоа колку е посилен или послаб овој состав на Металург од минатата сезона е твоја работа. Ти си платен да браниш и тренираш во РК Металург. Во твојот договор сигурно не пишува дека само доколку клубот е шампион ти ќе бидеш негов член. И последен да е на табела тоа не е твоја работа, за тоа си има луѓе во клубот кои решаваат кои играчи ќе се ангажираат а кои не, и кои се амбициите на клубот. Затоа поработи малку на себе а останатите остави ги да си ја вршат нивната работа. Па на крај ние навивачите ќе одлучиме дали ќе ви аплаудираме или ќе ве пцуеме. Секој по своја заслуга, нели?!"