Чист пенал беше последниот над Миркуловски,нема дилема овде....
Нема шо да им се замери на судиите,добра арбитража...
Металург некако брзо паѓа во играта,и со Мешков беше слично...
На моменти мелат,везат на терен,и потоа несфатливо паѓаат....
Ова се должи на таа ротација,екипата се заморува и паѓа,пак Лино слабо ротира,посебно во напад,не знам зошто..

Дали сака подобро да го уигра Атман со останатиот дел од тимот не знам,ама мислам дека нема толку потреба...
Атман е таков тип на играч кој би се снашол во секоја ситуација,во било која бековска постава,по мене убедливо најдобриот станец шо некогаш дошол да игра во Македонија,одма се гледа...
Е сега Лино требаше да проба малку со другите засилувања....
Зошто не влезе Пецакот?кај е тој Русинот Жедик?
Кеџо изигра некоја минута,доби минутажа,ама не се покажа,некако премногу бавен е во движењата,нешто слично ко Копљар,само малку поуспорен...

Треба да поработи Лино со него,пред се на брзината,зошто ако игра вака ќе треба да му се чисти патот за да упати шут,а против сериозни екипи такви позиции тешко се прават...
Овај Топиќ воопшто не го видовме....Марковски исто слаба минутажа на турнирот...
Некако непотребно Лино ги уморува главните играчи....добро е шо барем го одмори Вугринец вчера,уште да играше стариот цела утакмица и толку ќе беше од него...

Повеќе од јасно е дека товарот на цела сезона ќе го изнеси старата бековска тројка од лани+Атман,ама треба да се пробаат и останатите,посебно Пецакот би бил добро изненадување...
Мојсо е влезен во срашна форма,со Атман ќе растураат...
Фали таа соработка со пикерот,сега да го имаа Ракчевиќ со овие двајца да го хранат со топки ќе бушеа по таа средина,ама Лино и се е можно....
Како и да е,добра игра на Металург,солидна генералка пред дуелите со Пик Сегед....