Фан клуб - РК Металург

Сосема подржани постови на AceMaus прочитајте и научете нешто.

Нејќам многу да коментирам зашто се е кажано не вреди ни зборови веќе да се трошат.
Бев во дилема дали ќе се победат самите или не, ајде намалија и поведоа и си викам ајде ќе ги биде ќе ја пишат историјата на клубот да ја збогатат малце да има што да се види ама на крај испадна спротивното.
Шмит во комбинација со пикерот на Амичитија беа убиствени, премногу дупки во одбрана, шутеви од неизградени позиции безпотребно изнудување 2 минути и уште неколку грешки го чинеа Металург пораз и простување од КПК а можеа да забележат успех.
Ајде сега да видиме колку ќе го кркнат од Вардар во Среда :vozbud:
 
За твоја информација Јовиќ даде 6 гола од пенал претходно!
И не го криви само Јовиќ криви се сите што влегоа со ладни глави во мечот мислејќи дека 2 гола се боза и се стигаат за 30 секунди и дека противникот ќе биде без раце.[/quote


Не го кривам него, туку кажуем дека на крај само заеба, а ианче Лазаров е оно, кој според мене е најмногу крив за ситуацијата, има и уште некој. Зошто?

1. утна 2 пенала на почеток.
2. од 8-9 обиди , погоди 2 пати.
3. Борко не бранеше како што треба.
4. Судиите им поклонија пенал на Амичитија.
5. И зашто шутираше у земја, коа моеше пак со Лоб да се обиде.
 
Да ми речеше некој пред 5-6 години дека Металург екс Огномак ќе игра четвтрфинале во КПК ќе му речев оди лечи се...

Се гледа и Вардар и Металург имаат огромни буџети, екстра подготовки ама на тие пари шо ги имаат играат со некои шкарт играчи...

Да почниме од Вардар, Макалоски уште дури играше за Пелистер си го мразев, Велко Маркоски убедливо најслабиот "талент" на Македонија, и уште сите сите странци со кој Михајло пери пари а тие врска немат од ракомет... па на толку играчи само еден Ракчевич и Прибак да покажат нешто? Иако и тие се далеку од идеални играчи...

Металург... Потполно се сложвам со AceMaus Ф.Лазаров, Миркуловски играат за да ги шитнат, Недановски (нема завршница дечкото или со други зборови нема акал за крило да игра), Ѓоргоноски па зарем шампионски тим ќе игра со еден глауч :uvo: и секако Борко Ристовски голманот кој сите го исвиркуваа во Хрватска и кој за влакно не јаде ќотек од Чкембарите... Еден пенал го погоди в тело со Португалија и тој е ѕвездата на тимот... Пред само 3 сезони беше убедливо најслабиот голман во лигата Колев беше подобар од него...

Инаку би се надоврзал за "eпското" дерби како шо го викаат новинарите на Македонски Спорт... Ќе биди тесно пак, типувам на Металург затоа што Вардар не сум го видел на дело оваа полусезона...
Да направиме друга компарација, FC Arsenal константно во сезоната има минимум 5-6 играчи и никој ништо не превзема, РК ВАРДАР ПРО со 3 (сомнителни) играчи кои боледувале од заушки го поместија цело коло...
Која е таа сила сега? Плус тоа во меѓувреме купија играчи и Наумче се врати после повредата... И после ние ќе прајме лига ? :tapp:

П.С за крај... Иако многумина нема да се согласат со мене и да победи Вардар не треба да почне да слави... наредниот викенд гостува во Битола ;)

Поздрав...
 
што бе,миркуловски виде ли како се бореше највисе мие греота заради него што не пројдоја браво за момчето секогас кога игра за мкд или за металург го остава срцето на терен


знаеш како стана он ракометар???ако сакаш ке ти пообјаснам само кази.скок као некоја скацка само не знае шо да праи коа ке излезе сам,нема потег за да влезе цисто.скоро сите пробиви денес му беа пробивање али го извади домашниот терен.невидена катастрофа е заедно со лазаров!!!!штета шо вакви играци играат во една шампионска екипа:kesa::kesa::kesa::kesa:

ке видиме у среда шо ке им се деси.
а да некој спомна за управата на металург коа играле вардар-шафхаузен.па шо мзое да прават коа немаат поим од спорт,во него се само за профит.еве денес пред мене седеше Ракчевич од вардар чоекот се радуваше како да е најголем навивач на Металург иако во среда ке им ебе мамата.:smir::smir::smir:


еве еден поздрав од мене шо го снимив:helou::helou:
 
За заци:
Eпско дерби ма дајјј, кога и самиот знаеш дека не е така не се замарај...се знае Пелистер - Вардар:vozbud:
Вардар-Металург како дерби е најјако на балканот едно 3-4 години по ред а Рсито Ѓамовски(мовинар за ракомет од спорт) може ќе му пуштат нешто од металург па ќе кажува невистини со сила да го напраи металург тим со традиција:tapp:демек оф леле...
Јаки се пелистер 2 полусезона пм...следам како тренираат секојдневно се знам информиран сум:wink:немаат шанса за титула ама можат да им поматат сметките на вардар и металург, посебно на домашен терен мислам се ќе дадат да го тепаат вардар...пријавувам присуство за дуелот во битола ќе допатувам обавезно...
Макалот да не знаеш нема да позанеш дека е спортист коа и не личи, немиен не бричен, дебел...Велко може е неталентиран ама е најголемиот работник кој сум го сретнал досега...недановски и не е толку слаб како што викаш ама никогаш не добил права шанса од клубовите....
Вардар имаше 5 играчи болни од заушки(ракчевич, симович, кисиљ, симович, с.вујович) а мојсо беше спремен да игра нема врска со него...на турнир во ц.гора настапуваше во времето кога се одложи натпреварот

За Киста:
Не е поклонет последниот пенал за нив, може таков впечаток имаш во сала дека си гледал ама на тв се виде убаво дека од 6 бранеше...

Најсигурен пенал е доле под нога, лоб е ризик башка некој и тебе да те праи 4 пати мајмун па и по цена да ти даде гол на друго место ќе стоиш во став да не може да фрли лоб:toe:

едит: Ракчевич е во полна форма а нормално дека ќе се радува. тој е најголемиот спортмен(во правата смислам на зборот) кој сум го запознал до сега, а и е многу добар пријател надвор од терен со сите играчи од металург, посебно со ацо стојанович имаат шеми од порано уште коа играше ацо у вардар(заедно дојдоа со млаџо)...само помини покрај кеј во редот од кафичи и ќе ги видиш заедно секој ден...мојсо, ванчо борко, маљцев, данило...ракчевич, стојанович, недановски и златко мојсовски се заедно по цел ден...маваат по 500 евра на ливче у кладилница заедно:vozbud:...за аљуш и за јович не гарантирам они се фамилијарни луѓе:smir:
 
За Киста:
Не е поклонет последниот пенал за нив, може таков впечаток имаш во сала дека си гледал ама на тв се виде убаво дека од 6 бранеше...

Најсигурен пенал е доле под нога, лоб е ризик башка некој и тебе да те праи 4 пати мајмун па и по цена да ти даде гол на друго место ќе стоиш во став да не може да фрли лоб:toe:

аце абе брат нигде не реков дека е поклонет си збркал нешо шо ти е???
иначе видеото е гол не е последниот пенал.и од увек сум викал дека Јович е најбољи изведувач на пенали шо сум го видел.не реков јас нишо против него.:helou::helou::helou:
 
се извињавам киста еве го делот кој го цитирав, за “поклонот“ и за обидот со лоб:smir:

4. Судиите им поклонија пенал на Амичитија.
5. И зашто шутираше у земја, коа моеше пак со Лоб да се обиде.
 
Филип Лазаров, ах Филип Лазаров. Колку продадени топки, колку непрецизни шутеви...Како на Кире што му е веќе нормално секоја утакмица да постигнува над 10 гола, така на Филип му стана нормално да им дава на противниците над 10 топки на натпревар. Не го сфаќам стварно! Исти кур ти е ова, цела репрезентација е у Металург. Исто како у реп. што имавме само еден шутер, Лазаров, денеска Металург го имаше Стојановиќ, а од десна страна КАТАСТРОФА! Филип Лазаров, кој Филип Лазаров бе нека се откаже од ракомет, да му ебем племето!!!
 
Тоа е...наЈовиќ нема ама баш ништо што треба да му замериме...:toe:
6 гола од пенал...и на крај статива...:toe:
Вината е на друго место....
 
Очајно слаба игра на Металург... Се виде дека Амичитија има дупло подобар тим, џабе некои овде кажуваат судиите биле криви, Петко, Станко... Аман баталете го веќе она македонското дека секогаш судиите се криви за се! Па тие денеска имаа неколку сомнителни топки кои му ги поклонија на Металург. Доста со тоа Филип Лазаров не го бивало, па зарем некој изигра добро денеска, освен Стојановиќ во првите 20мин!? Иако на изглед беше блиску, сепак реално полуфиналето беше многу далеку од Металург и ќе беше сосема незаслужено. Швајцарците одиграа супер натпревар, како си поигруваа со цела одбрана на Металург секоја чест! Иако како секој од вас сакав Металург да помине понатаму, сепак ова е моето реално мислење за натпреварот.

Друга работа, во салата имаше 5 000 публика, а атмосферата беше театрална т.е. како во Норвешка да се игра натпреварот (фалеа само оние звончиња од овци)
 
So tie ziceri sto gi promasija mozea so tolku slaba igra da pobedea 10 gola razlika.Vtoroto poluvreme go izigraa vo odbrana ekstra so presingot.Od cista pobeda napravija da izgubat.Uste mi e krivo,samo taka koga potcenuvaat.
 
Во колку саат е натпреварот Вардар-Металург во среда?
 
Колку ми е само криво што Металург не игра полуфинале.А беа само на чекор од тоа,иако во некои моменти од натпреварот имав претстава дека се е изгубено.Првото полувреме го одиграа катастрофално,без никаква идеја во нападот,кој главно се базираше на ударите на Стојановиќ кој во отсуство на Шмигиќ ги превзеде работите во свои раце.Во вториот дел веќе Металург се консолидира,нападот беше потечен,во одбраната се играше поагресивно,па тука Амичитија изгуби многу топки.Беше неутрализиран и Берендс од кој примивме многу наивни голови.Стојанче Стоилов изненади,секоја чест за залагањето и храброста,но беше наивно исклучен во момент во кој можевме да се одлепиме.Разбирам тоа е резултат на неискуство.Филип Лазаров и Миркуловски одиграа под ниво во напад,но вториот во клучните моменти од натпреварот украде неколку топки и изнуди некој седмерец,па не може да му се забележи.Исто и на Јовиќ,кој си поигруваше со Јасикевичиус во неколку наврати од седмерец,но несреќно промаши во клучниот седмерец за тимот.Литванецот брилијираше на голот на Амичитија и тоа мора да се потенцира.
Алиби за поразот не треба да има.Судиите во никој случај не се виновни и тоа не треба да ни биде изговор за поразот.Вината треба да се бара на друго место.Можеби неискуство,недостиг од квалитетни натпревари:toe:Просто несфатливо е како во клучните два напади за Металург,во кои веќе ја имавме посакуваната предност,одговорноста да шутне падна на Филип Лазаров,кој и онака нема некој посебен ефект.Како дозволивме одбраната да пукне тогаш кога треба да е најсилна,па тоа да резултира со седмерец и гол за швајцарците.Сепак мора да се повтори,само еден нереализиран седмерец не лиши од полуфинале во КПК.Исто како и лани,полуфинале за нив и оваа година е неостварена желба,но тоа не треба да биде зенитот на оваа генерација.Овој тим има играчи и капацитет и за повисоки дострели и тоа треба во иднина да го докаже.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom