Фан клуб - РК Металург

Ќе има пренос на МТВ, а исто така ќе има пренос и за мечот на Вардар во СЕХА Лигата (не сум сигурен дали ќе биде преносот на МТВ или Собраниски)
 
В СРЕДА ПОЧНУВА ПРОДАЖБАТА НА ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА СРЕДБИТЕ СО НЕКСЕ И СО ПАРТИЗАН

30.09.2013 16:53
1379261_10151758768518101_948034074_n_resize-610x222.jpg
za-tekst11.png

По возбудувањата во Лигата на шампионите, вниманието на Металург се префрла на натпреварувањето во Гаспром регионалната лига. Во следните десетина дена Металург ќе одигра дури три натпревари од календарот на оваа лига.
Утре, 01.10.2013 година, гостуваме во Бања Лука, каде ќе се сретнеме со екипата на Борац.
В сабота, 05.10.2013 година, во СЦ “Борис Трајковски“ ќе ја пречекаме екипата на Нексе.
В среда, 09.10.2013 година, во СЦ “Борис Трајковски“ ни гостува тимот на Партизан.
Металург реши последните два натпревари да бидат врзани и во продажба ќе биде пуштена блок-влезница која ќе важи за двете средби, против Нексе и против Партизан, со единствена и популарна цена од 100 денари, за сите места во салата.
Продажбата ќе почне в среда, 02.10.2013 година, во 12 часот. Влезниците можете да ги набавите на сите продажни места на нашиот дистрибутер “Купикартазасе“ и онлајн на www.kupikartizase.com .
metalurg_seha_preview_resize.jpg
 
Баш ме интересира колку ќе успејат да ја наполнат Борис Трајковски за овие дуели.
 
Кога ќе биде Металург - барса?

фебруари 2014
--- надополнето: 30 септември 2013 во 19:42 ---

ОДБЛИСКУ СО ПАВЕЛ И АННА АТМАН

REVITA-4-ATMAN-2_resize.jpg

Статијата е излезена во последниот број на прилогот „Ревита”, во „Нова Македонија“.

Нам ни се претстави како Пајо, дома го викаат Паша, а кога дојде во Македонија ни го претставија како Павел Атман. Ново засилување на ракометниот клуб Металург. Тука е неколку месеци, а неодамна од Русија дојде и неговата сопруга Анна. Ги посетивме дома, во Скопје.
И Павел и Анна не зборуваат македонски, па во разговорот ни помогна шармантната Јулија Малахова, ќерката на поранешната македонска ракометна репрезентативка Наталија Малахова. Од неа ги учат македонските обичаи, менталитетот, нови зборови, градот.
Како прв ден заедно
Темпераментот, држењето, но и милата ѕвезда на Анна, веднаш ја издаваат дека е Русинка. Поранешната руска репрезентативка во атлетика пред пет години го прекинала професионалното спортување.
- Завршив Економски факултет. Работам како инструктор за фитнес и аква-аеробик. Завршив курсеви за дизајн и за ентериер во Белорусија. Сега сакам прво да го научам јазикот, а потоа ќе видиме – вели Анна.
Ги посетивме на тригодишнината од нивниот брак. Заедно се седум години. И двајцата се од Волгоград, се запознале во родниот град на прослава на Нова година. Изгледаат вљубени како на прв останок. Велат, Македонија им годи и на двајцата.
- Многу ми се допаѓа Македонија. И дополнително ми годи топлата клима – додава Анна.
Павел во Металург дојде од Белорусија, каде што играше во тимот на Динамо Минск.
- Се вклопив во Металург. Задоволен сум од себе, од тоа како ме прифатија колегите, тренерот. Ми се допаѓаат и екипата, односот меѓу играчите и тренинзите - вели Павел.

Резиме и со сопругата
Пред натпревар Павел слуша музика, така се смирува.
- Сакам да бидам сам, „да расчистам“ со себе и потоа да излезам на теренот – вели.
А по натпревар, како и да заврши, резиме задолжително се прави и со сопругата.
- Многу ми е битно по секој натпревар да го слушнам мислењето на Анна за тоа како сум изиграл, каде ми се грешките. И таа е спортист, сакам да слушнам сѐ од нејзината гледна точка, тоа ми е важно. Тоа не е критизерски однос, туку поддршка – вели Павел.
Анна е и меѓу најемотивните навивачи на натпреварите.
- Гестикулира, навива гласно, а со тоа ги „заразува“ и преостанатите – вели Јулија.
Павел е Близнак во хороскоп и во приватниот живот е смирен и сталожен. Сака да прочита добра книга, да изгледа добар филм, а собира јубиларни монети, кои ги издаваат банките. На натпревар, вели, се справува со бурни емоции, но тоа не секогаш може да се види.
- Почнав да покажувам емоции и мојата енергија. Тоа кај мене го предизвика публиката – вели тој.
За добар спортист, вели, значајно е да бидеш упорен, повеќе време да посветиш на вежбање, тренинзи, да размислуваш за тоа што го правиш. Самодисциплината исто така е многу значајна.
Во Македонија се навива од срце
Тој е среќен што ракометот има голема публика.
- Салата е полна, луѓето доаѓаат на натпреварите, а публиката е голема мотивација. Македонската публика навива со полно срце. Кога гледаш дека со срце навиваат за тебе, тоа не само што те исполнува туку ти дава огромен мотив. Ме прашуваат зошто сум дошол тука. Ми се допаѓа и Македонија и Балканот. Ми се допаѓа начинот на навивање, публиката, тоа што ракометот е популарен, а навивачите се активни. Мило ми е што играме во Лига на шампиони, се надевам дека добро ќе се покажеме, како и во СЕХА-лигата. Сакам овде да продолжам – вели Павел.
И тој и Анна се пријатно се изненадени колку Македонците го сакаат ракометот.
- И во Белорусија го сакаат ракометот, но не како овде. Овде луѓето се непосредни, пријатни. Нѐ препознаваат, нѐ довикуваат, нѐ поздравуваат на улица. Мене ме наоѓаат на социјалните мрежи, ме додаваат, ме прашуваат за Паша. Среќна сум за неговата популарност – вели Анна.
Не е ѝ пречи кога девојките го гушкаат на улица или по натпревар.
- Не сум љубоморна – се смее.
 
Атман иако одма се вклопи и сега за сега е топ,едвај чекам да го видам спремен 100% и целосно вклопен во екипата,тек тогаш има да гази. Плус кога ќе научи уште малку Македонски да ги разбира тактиките на Наумче,јас јака финта ти позади мене ! :pos:

Утре со Борац ќе ги видиме младите,5 души се викнати,исто се надевам Пецаковски и Кеџо ќе бидат добри во напад.....а може и Марковски малку ќе се пушти. Со ПСЖ одма на почетокот имаше шанса,утна зицер. :tapp: Ептен разочарува за сега.

П.С. Интервјуво пред или после ПСЖ е правено ? :icon_lol:
 
Не би се изненадил ако е некоја емисија за РК Металург во стил на шоуно за Ливерпул што беше.
Ако е така тогаш ќе биде малце глупо што од спортска екипа ќе се обидат да прават "шоу"
Ама па затоа е многу добар маркетинг потег и гледаат дека ракометот е се попопуларен во МКД, и со ваков потег може да соберат некои неутрални фанови.
 

0:34 Пецаковски кисче :pos:
Станиќ исто ко да је Ловчен дошао. :LOL: (y)

Само да не ја прават како дрим тим,харчестер серијал.............мада маркетингшки полн погодок би било тоа.......мислам дека ова е за прилог за ЕХФ.
Ќе видиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom