Маршалот
Bianconeri
- Член од
- 29 декември 2009
- Мислења
- 2.096
- Поени од реакции
- 2.400
Вечерва, ракометарите на Зомимак заминуваат за Франција каде во недела го играат играат првиот натпревар од ЕХФ купот против ракометниот гигант Монпеље. На денешната прес конференција Марјан Андонов, асистент тренер на клубот, скромно изјави дека ќе го дадат својот максимум иако се работи за игра со гиганти, истотака најави дека поради повреди составот ќе биде променет и нема да настапуваат дел од првотимците.
„Во екипата имаме мал хендикеп и поради повреди нема да настапуваат, Везенковски, Караиванов, Кукоски и најверојатно Младеновски и Терзиќ. Првите тројца нема да патуваат за Франција, додека Младеновски и Терзиќ ќе одат па нивниот настап таму дополнително ќе се знае. Целта ни е да ја чуваме силата за второто коло, играме со еден голем гигант, меѓутоа имаме домашен жежок терен. Не е неуспех ако не победиме, ние не се предаваме меѓутоа сме реални, спортски е да се надеваш, а не е срамно да губиш“ – изјави Андонов.
Капитенот и голман на тимот Кирил Колев е оптимист дека можат да дојдат до добар резултат.
„Ги знаеме играчите, знаеме со кој се соочуваме, меѓутоа не треба да го преценуваме толку противникот, туку да изиграме со ладни глави и да извадиме добар резултат. За домашен терен може да ветиме и повеќе“ – вели Колев.
Вечерва ракометарите заминуваат за Франција, утревечер го имаат единствениот тернинг на гостински терен, а натпреварот се игра во недела во 17 часот, снимката ќе се пренесува на Собранискиот Канал на Македонската Радио Телевизија.