Фан Клуб: РК Макс Струмица

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување
Добар играч беше Лазе на времето,брз,пргав,борбен,доста добар во одбрана...играше едно време и во Вардар....
Но сепак нема играно ракомет речиси 5 години шо е голема работа...а и не е толку млад има речиси 30 години..
Сепак ако издржи на кондиција би бил добра замена за Везениот.....
 
Познати термините за дуелите на Зомимак М во Струмица со Монпеље, Скјерн и Спортинг!
M-2_SxYKftf2eM8twe9B_1390475562.jpg
Идниот месец ракометарите на Струмица Зомимак М ги започнуваат дуелите од групната фаза од ЕХФ Купот каде треба да ги одмери силите со Монпеље од Франција, Скјерн од Данска и Спортинг од Португалија.
Познати се термините и саатниците на дуелите кои струмичкиот тим ќе ги одработи на свој терен. Откако на 9 февруари ќе играат со фаворитот во групата Монпеље во Франција на 15 февруари со почеток во 18 часот го пречекуваат дански Скјерн.
Осум дена подоцна или поточно на 23 февруари струмичките ,,рисови,, патуваат за Португалија каде ќе го одиграт дуелот со тамошниот Спортинг за да на 15 март во 18 часот во салата Парк во Струмица го одиграт реваншот со португалците.
Следниот дуел струмичани го играт повторно на свој терен но овој пат со францускиот гигант Монпеље. Овој дуел ќе се одигра на 22 март повторно во 18 часот за да дуелите од групната фаза ги заврши со Скјерн во Данска на 29 март. Овие термини се веќе утврдени од страна на Европската куќа на ракометот.

http://vis.mk/news/2014/01/poznati-...k-m-vo-strumica-so-monpelje-skjern-i-sporting
--- надополнето: 23 јануари 2014 во 17:34 ---
Екс рагбистот Спировски од Австралија нов играч на Зомимак М
lazar-rakomet_Ey0XzBIyodU1DR74_1390485537.jpg
Лазар Спировски е новото засилување на струмички Зомимак М.
Во пресрет на дуелите од групната фаза, Зомимак М го доведе Спировски во своите редови на позицијата среден бек. Спировски зад себе има настапувано во повеке македонски клубови но најмногу во Пелистер од Битола и Вардар од Скопје, а заигра и во италијанскиот, црногорскиот и косовскиот шампионат.
Спировски е по потекло од Битола, а последниве четири години живее во Австралија каде се занимавал и со рагби. Рисовите деновиве тренираат интензивно а со новите засилувања може да се видат веќе во сабота кога се игра првиот контролен дуел пред своја публика со косовскиот тим Печ.

http://vis.mk/news/2014/01/eks-ragbistot-spirovski-od-avstralija-nov-igrach-na-zomimak-m

Абе овој и рагбист бил...
 
auf spirovski BRAVO!!! a terzic oti ne igraja (info nekuj) ???
 
Спировски добар беше се гледа оти пргав играч...44ката ме интересира кој е? А и Терзиќ оти го немаше на денешната утакмица баш за него ојдех да ги гледам а него го немаше некое ифно дека как шо е? :/
 
Спировски добар беше се гледа оти пргав играч...44ката ме интересира кој е? А и Терзиќ оти го немаше на денешната утакмица баш за него ојдех да ги гледам а него го немаше некое ифно дека как шо е? :/

Мислам оти 44 е Кире Митревски http://www.rkstrumica.mk/view_vest.php?id=142 како што гледам тука нему му го даваат дресот со 44...
 
Терзич не тренираше овие денови поради повредата на рамото која што ја имаше претходната година, па затоа и не го одигра натпреварот, се очекува оваа недела да се врати на тренинзи, не го форсирале на последните тренинзи за повторно да не се случи некоја компликација, па затоа и не настапуваше на натпреварот кој и онака не беше многу битен. Најважно е тоа што до почетокот на оваа полусезона т.е. до почетокот на натпреварите во ЕХФ купот ќе биде 100% спремен и воедно на располагање на нашиот тим. Поздрав.
 
Презентирани уште двајца нови играчи во составот на Зомимак-М

Зомимак-М денес ги претстави новите две засилувања на тимот. Лазар Спировски и Александар Босеовски се новите играчи во одбрана и крилна позиција. Тренерот Димитар Пандев се надева дека со новите играчи ќе се зголеми конкуренцијата во клубот, но и ќе се стигне до добри резултати.
„До јуни не чекаат 25 натпревари, новите засилување се со цел да се зголеми конкуренцијата во клубот. Моментално се подготвуваме за Монпеље со кого ќе играме наредната недела. Лазар Спировски ќе игра во одбрана, перидов тој има мала пауза, но се враќа во форма и се надеваме дека со еден ваков играч ќе добиеме на таа позиција. Со Александар Босеовски ја зголемуваме конкуренцијата во крилната позиција. Првенството е долго и со вакви измени и засилување ние сакаме да го истуркаме до крај со добри резултати“ – вели Пандев.

За Спировски и Босеовски ова е голема шанса да се покажат во клубот со амбиции кон Европа.
„Го избрав овој клуб бидејќи мислам дека има големи амбоции како во Македонија така и во Европа и секој ден е се подобар и подобар. Моментално работиме на враќање на мојата форма и се надевам дека ќе бидам голем плус за клубот.За две- три недели би требало да ја добијам старата форма во која ја имав и порано“ – вели Спировски.
За Босеовски ова е шанса да се докаже и да помогне за поголем успех на клубот и чест му е што ќе биде дел од Зомимак.
Пред овие двајца играчи Зомимак се засили со уште двајца на бековските позиции, Стефан Терзиќ од Вардар и Кире Митровски од Пелистер.

http://strumicadenes.mk/prezentirani-uste-dvajca-novi-igraci-vo-sostavot-na-zomimak-m/
 
Македонската национална телевизија ги откупи правата за директен пренос на домашните натпревари од ЕХФ Купот на екипата на Зомимак-М.

„Постоеше голем интерес од љубителите на ракометот во државата за директни преноси уште од квалификационите натпревари на Зомимак-М во рамките на ЕХФ Купот. Сега со пласманот во групната фаза од тоа натпреварување и атрактивните противници кои ги добивме, интересот уште повеќе се зголеми. Среќни сме што националната телевизија го препозна тој интерес и чест ни е што ќе соработуваме. Ова е доказ дека Зомимак-М полека станува бренд во државата и пошироко и знак дека клубот се движи во вистинска насока како и награда за сите спонзори и помагатели на клубот.„ - изјавија од клубот.

Првиот натпревар кој ќе биде емитуван во живо на националната телевизија ќе биде на 15.02.2014 година (Сабота) во 18.00 часот, кога екипата на Зомимак-М во спортската сала „Парк“ во Струмица ја пречекува екипата на Скјерн од Данска.
 
Bas mi e milo sto ke ima prenos na TV i toa e dobro. No od druga strana neznam sto e so lugjevo edna sezona se izigrala na prosecno nivo i odma brendovi mendovi. Vo rakometot iskreno iako sum navivac na Vardar mozam da kazam deka samo Pelister moze da se kaze brend, pokraj nego i Vardar no nemoze i drugi ekipi koi niknale od vcera
 
Малку да се исфорсираме :D.
 
Stom bila takva rabotava ne e problem :D

Работата е да се стане бренд и за 2-3 години да се зголеми рејтингот на нашата лига и да добиеме можност за уште една екипа во ЛШ што не верувам дека ќе се случи али битно е да се постигнат што е моѓно поповолни резултати во Купот пред се :D
 
АКТУЕЛНОСТ Петок, 07 Февруари 2014

МРТ ЌЕ ГИ ПРЕНЕСУВА ВО ЖИВО И ГОСТИНСКИТЕ НАТПРЕВАРИ НА ЗОМИМАК-М
20140207114746_mktv1.png

Поради големата заинтересираност на Македонската ракометна публика по објавувањето на веста дека домашните натпревари на Зомимак-М ќе бидат пренесувани на националната телевизија, Македонската национална телевизија направи напори да ги пренесува и гостинските натпревари на Зомимак-М.

„Рисовите“ првиот наптревар од групната фаза на ЕХФ Купот го играаат во недела во 17 часот против Монпеље и тој натпревар ќе биде пренесуван на Собранискиот канал на Македонската радиотелевизија.

http://rkstrumica.mk/view_vest.php?id=150
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom