Фан Клуб: РК Макс Струмица

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување
Ако под "реални" мислите дека имате "некакви" шанси за триумф во право сте. Ако мислите дека ќе бидите фаворит против било која екипа, многу сте грешка.

Реално има 5-6 екипи кои се за цела класа до две подобри од Зомимак, уште 5-6 кои се појаки но е возможно да кикснат и 3-4 кои се на ранг на Зомимак. Јас би се надевал на вториот словачки тим. Тој е можеби единствениот кој можеби е и послаб од Зомимак.

П.С. Голема мистерија ми е како се Нант, Шамбери, Шафхаузен и Скјерн во вториот барабан... Среќна околност е што не се воопшто оптимално распоредени екипите.
 
Како што видов може против Шундо, ауу :D Само да не ни клајт многу голови:pos:
 
Абе Данциве немаат толку силен клубски ракомет. Освен Колдинг кој е убедливо најдобар и Алборг кој глуми нешто во ЛШ, другиве се релативно просечни. Но сепак се Данци упм. :D Сепак Зомимак не треба да се отпишат предвреме, мислам дека барем ќе се држите тесно. :)
 
Абе Данциве немаат толку силен клубски ракомет. Освен Колдинг кој е убедливо најдобар и Алборг кој глуми нешто во ЛШ, другиве се релативно просечни. Но сепак се Данци упм. :D Сепак Зомимак не треба да се отпишат предвреме, мислам дека барем ќе се држите тесно. :)


Немаат којзнае колку јаки екипи на врвот, ама немаат ни многу слаби екипи во првенството. Мислам дека ждрепката е просечна. Можеше и подобро да се помине, но можеше и многу полошо. Шанси за триумф Зомимак има, ама мислам дека Архус ќе биде фаворит. Во секој случај со добра подготовка и малку среќа, можно е Струмица и на пролет да гледа европски ракомет.
 
Со Данциве ќе одлучува нападот.Едноставно секој нереализиран напад е контра за Данците а не знам колку се спремни Зомимак да се носат со таква игра посебно кога и Металург и Вардар не можат најдобро да се снајдат.

Ако тој големиот почне да крши кичми во одбрана и Раде е во елемент да ги полни од далеку имате добра шанса за понатаму идење.Не се толку јаки ,колку што играат неповолен ракометен стил за нас.
 
Расмусен: Се подготвуваме за тежок натпревар со Зомимак

Тренерот на ракометниот клуб „Орхус“, Ерик Расмусен, е задоволен од исходот на ждрепката за третата рунда квалификации на ЕХФ. Од таму признаваат дека не знаат речиси ништо за Зомимак-М, но сепак, очекуваат силен притисок од струмичани во меѓусебниот дуел од третото и последно квалификациско коло за групната фаза во ЕХФ-купот.
„Без оглед на мојата улога како тренер, јас мора да признам дека има неколку од македонските играчи што не ги знам. Но ние треба да се подготвиме за тежок натпревар во гости“- рече тренерот на Архус .
„Оваа ждребка изгледа разумна кога ќе погледнете кои можевме да добиеме за противник. Имаше еден клуб што сакавме да го избегнеме, а тоа беше Скјерн. Иако не го познаваме доволно противникот јас сум среќен и верувам дека можеме да се квалификуваме во групната фаза,” вели Ерик Расмусен.
Директорот на Орхус, Хенрик Ландорф, ја најави подготвката за престојните натпревари и прибирањето информации за струмичкиот клуб:
„Не знаеме ништо за следниот противник, но на национално ниво, македонскиот ракомет напредна многу во последните години. Ова ќе го почувствуваме сигурно кога ќе гостуваме таму, но ние сме подготвени да се спротиставиме. Сега следи планирањето на двата меча и се разбира обезбедувањето информации за противникот“.

Натпреварот меѓу РК Зомимак и Орхус ќе се одигра на 23 или 24 ноември, а Данците ќе гостуваат во салата „Парк“ на реваншот што ќе се одигра на 30 ноември или на 1 декември.

http://www.strumicadenes.mk/расмусен-се-подготвуваме-за-тежок-нат/
 
дечки абе некаде каде може да се најде табела резулатит од нашава ни суперлига?
 
дечки абе некаде каде може да се најде табела резулатит од нашава ни суперлига?


http://rkstrumica.mk/
Резултати ако бараш од Струмица ги имаш овде редовно ги ажурираат, а и табела има тука...
 
има нешто вистина шо пишат во Спорт за недановски и деснио бек на вардар (терзич мислем се вика ) дека ги барат за со данците ???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom