Фан Клуб: РК Макс Струмица

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување

РК Струмица
ВИП Супер машка лига на Македонија
Крај на натпреварот во спортската сала ,,Парк'' во Струмица

РК СТРУМИЦА ЗОМИМАК-М 36:25 РК РАДОВИШ
Најефикасен на натпреварот беше Златко Везенкоски со 7 постигнати погодоци



 
Кога играат против данскиот тим ?
Човече истото прашање си го поставил на претходната страна, ти го одговориле и пак прашуваш :pos:


Koi dati igra Strumica so ovie od danska?
23 на гости, а на 31 или 1 дома
 
АКТУЕЛНОСТ Недела, 17 Ноември 2013

СТРУМИЦА ЗОМИМАК-М СЕ РАЗДЕЛИ СО ЛУИС ЈАНТ
20131117191350_%D0%BB%D1%83%D0%B8%D1%81.jpg

Луис Јант повеќе не е член на ракометниот клуб Струмица Зомимак-М. Поранешниот репрезентативец на Куба беше доведен како големо засилување, но не успеа да го импресионира стручниот штаб на „рисовите“, па по само еден месец управата реши да се раздели со корпулентниот десен бек. Кубанскиот интернационалец веќе го напушти клубот и се врати во татковината.

Тимот на Струмица Зомимак-М има големи амбиции и игра одлично оваа сезона, како во домашната Супер лига, така и во европскиот ЕХФ Куп каде успеа во второто квалификационо коло да го елиминира тимот на Макаби Тел Авив. Последната пречка на „рисовите“, за пласман во групната фаза од ЕХФ Купот е тимот на Архус од Данска.
http://www.rkstrumica.mk/view_vest.php?id=103
 
Со Нахас шо бидна?
 
Еј и ја сакав да прашам, дали само за сликање на фб дојде ? :D
 
Па нели Нахас бил суспендиран поради користење на наркотици... Барем таков коментар прочитав некаде мислам дека беше во екипа и баш овде сега да не барам назад мислења мислам дека коњаникот напиша дека човекот кој го напишал коментарот бил доста упатен во случувањата во ракометот...
 
Првиот човек на Зомимак М за ЕКИПА: Струмица е желна за спортски успеси

  • Автор: ekipa
  • Објавено: ноември 19, 2013 11:56
Print-skrin-Zomimak-M-615x400.jpg
Првиот човек на Зомимак М, Славе Гошев, во разговор за спортскиот магазин ЕКИПА отворено зборува за актуелната ракометна еуфорија која завладеа во Струмица по успешните настапи на „рисовите“.
Гошев нагласува дека Струмица е желна за спортски успеси, а во континуитет покажува дека го сака ракометот…
„Ракометот беше четврти, петти спорт во Струмица, на моменти дури и го немаше. Струмица, со исклучок на одредени постигнувања во минатото, нема особена традиција во ракометот. Но, сега се гледа дека струмичката публика е желна за спортски успеси и учество на струмички екипи на големи натпреварувања“ – вели Гошев дополнувајќи како дојде за негов ангажман во РК Струмица.
„Јас сум човек што го сака спортот. Уште од средношколска возраст се занимав со спорт, бев дел од екипите на гимназијата. Ракометот, пак, е спорт на мојата фамилија. Мојот вујко и повеќето братучеди беа дел од ракометни екипи. Со победата на мојата партија на парламентарните избори и мојот ангажман како пратеник, решив мојата општествена одговорност да ја насочам кон развивање на ракометот. Големо влијание во овој период имаше и Европското првенство во ракомет во Ниш и големата навивачка еуфорија која се создаде за време на првенството, но и потоа. Проектот за РК Струмица Зомимак-М почна заради развивање на спортот во Струмица, и тоа преку ангажман на постојните кадри, преку креирање нови кадри, особено преку младинската школа, и, се разбира, за развивање на спортскиот дух и навивачката култура. Клубот го земавме кога тој беше осмо место во Втората лига. Истата сезона немавме пораз до крајот и успеавме да се пласираме во Првата лига, за веќе наредната сезона да го добиеме толку посакуваниот медал. Освоивме 2. место во ракометниот куп на Македонија, и трето место во машката Вип Суперлига веднаш зад Вардар и Металург. Тука е и историскиот пласман во ЕХФ купот и борбата за влез во групната фаза. Сето тоа го постигнавме за релативно краток период, пократок од две години“ - вели Гошев.
Многу повеќе и околу идните амбициозно планови за дополнителен развој на Зомимак М чии желби се да се доближи до најдобрите два наши ракометни тима Вардар и Металург, може да прочитате во спортскиот магазин ЕКИПА кој веќе е во продажба во сите киосци во земјава.
http://ekipa.mk/prviot-chovek-na-zomimak-m-za-ekipa-strumitsa-e-zhelna-za-sportski-uspesi/
 
Дома / Вести / Скандалозен пречек за Зомимак М: Помија за струмичани во Данска (ФОТО)
Скандалозен пречек за Зомимак М: Помија за струмичани во Данска (ФОТО)

  • Автор: ekipa
  • Објавено: ноември 23, 2013 13:45
zomimak-trening-615x400.jpg
Ракометарите на Зомимак М за нешто повеќе од еден час ги очекува првиот натпревар од 3.коло во Купот на ЕХФ против Архус во Данска.

Струмичани и тоа како се подготвени за пресметката со Архус, но дефинитивно се вчудовидени и од начинот на кој нашата екипа е пречекана во Данска. Два дена играчите на Зомимак М се оставени буквално на разно-разни начини преку раководството на клубот да се снаоѓаат за соодветна исхрана пред значајниот натпревар, со оглед на тоа што од страна на домаќините, како што ни пренесуваат, добиваат само „помија“ која е понижувачки да се конзумира…

„Не знаеме дали се е смислено од организаторите но сето ова на кое наидовме тука е под секое човечко достоинство. Досега не сме наишле на нешто вакво, посебно не при западноевропските гостувања. Два дена буквално без храна, иако организаторите нормално ја преземаат целокупната одговорност околу тоа при гостувањата. И, за жал, не е само исхраната проблем, но и целокупниот третман околу организацијата на тренинзите, пречките кои се поставуваат за нормален тренинг, итн… Сепак, ова може само да ни донесе дополнителен мотив за квалитетно издание“ – се дел од коментарите ракометарите на Зомимак М за ЕКИПА.

Храната која ракометарите на Зомимак М ја добиваат во хотелот во Данска…

Натпреварот меѓу Архус и Зомимак М во рамките на 3. коло од Купот на ЕХФ стартува од 15 часот.

http://ekipa.mk/skandalozen-prechek-za-zomimak-m-pomija-za-strumichani-vo-danska-foto/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom