Фан Клуб: РК Макс Струмица

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување
Нее е лошо, резултатот е активен и нуди можност :) Дај бее малце мавнете рекламче за мечот и некоја статитскика. Снимка ке дава некоја телевизија и кога ?
 
Нее е лошо, резултатот е активен и нуди можност :) Дај бее малце мавнете рекламче за мечот и некоја статитскика. Снимка ке дава некоја телевизија и кога ?


1380769_10202063249528064_937605321_n.jpg
 
Честитки за нерешениот резултат . Во Струмица големи се шансите да победи Зомимак и со тоа да продолжи понатаму. Со среќа !
 
Ќе ве замолам со време да ми пишете дали ќе ја даваат во сабота Струмица кога ќе игра дома.. Фала однапред :D
 
Ќе ве замолам со време да ми пишете дали ќе ја даваат во сабота Струмица кога ќе игра дома.. Фала однапред :D


Се водело преговори со МТВ, но како што ми кажаа во тој термин МТВ требало да пренесуваат некоја друга утакмица или нешто друго...
 
Утре во Струмица европски ракомет од ЕХФ квалификациите!
Epson Pro WP-4025DW
cms joomla
Утре во Струмица од 19:00 часот ќе се одржи реванш натпреварот од второто коло на квалификациите за ЕХФ купотпомеѓу РК „Струмица Зоми Мак М“ и РК „Макаби Турек Тел Авив“ од Израел.



goshev_pres_rakomet.jpg
„Ова е историски натпревар не само за нашиот клуб и за струмичкиот ракомет, туку и за Струмица како град, бидејќи за прв пат во 60-годишната историја на струмичкиот ракомет, утре го играме првиот натпревар на домашен терен во рамките на некој европски куп“ – рече на денешната прес конференција претседателот на РК „Струмица Зоми Мак М“, Славе Гошев, потенцирајќи дека онаа што тие како управа го започнааамбициозно пред две години, почна да ги дава резултатите.



„Ако минатата година игравме во финалето на Купот на Македонија и го освоивме третото место, оваа година амбициите на клубот растат, а тоа епоминување на второто коло на Купот на Европската Ракометна Федерација, пласман во третото коло и се надевам со добар ждреп ипласман во групната фаза“ – додаде претседателот на Струмичкиот ракометен клуб, Славе Гошев.



Гошев упати апел до сите љубители на спортот, кои утре ќе бидат дел од големото ракометно шоу во Спортската сала „Парк“ во Струмица да се однесуваат коректно, да се покажат како добри домаќини и да не се однесуваат неспортски, бидејќи секој неспортски потег ќе значи минус и за екипата на Струмица, но и за струмичкиот и македонскиот спорт.



Влезниците за утрешниот натпревар помеѓу РК „Струмица Зоми Мак М“ и РК „Макаби Турек Тел Авив“ се пуштени во продажба по цена од 100 денари и се продаваат во новите простории на РК „Струмица Зоми Мак М“ (ТЦ „Глобал“, II кат, до канцелариите на Такси компанијата 15-95), од 11:00 до 16:00 часот. Во пицеријата „Дукат“ и кафе бар “PRcafe“, а утре ќе се продаваат и на продажен пункт кој ќе биде поставен на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица. (Р.Ѓ.)

http://www.strumicanet.com/index.php/2012-05-23-23-33-47/item/2353-

 
Крај на натреварот во спортска сала Парк - Струмица
РК СТРУМИЦА ЗОМИМАК-М 30 : 23 РК Макаби Турек Тел Авив

Пласман во трето квалификациско коло на ЕХФ Купот.
 
Струмица слави, рисовите победија!



Струмица вечерва има причина за славење. Убедлива победа на струмичките рисови. Зомимак – Макаби 30: 23. Прв натпревар од европско коло одигран на домашен терен- постигнат историски резултат. После нерешениот резултат во Израел, вечерва рисовите само ја потврдија големата амбиција за настап во ЕХФ купот.
Во текот на целиот натпревар нашите ракометари беа во убедливо водство пред противникот. Првиот дел од натпреварот заврши со резултат од 14: 10. Добрата игра продолжи и во второто полувреме за краен резултат од 30: 23. Најефикасни од редовите на Зомимак беа Раде Стојановиќ и Чантурија.
Огромна беше и поддршката од трибините и полната сала која несебично ги бодреше нашите ракометари.

http://www.strumicadenes.mk/струмица-слави-рисовите-победија/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom