Фан Клуб: РК Макс Струмица

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување
АКТУЕЛНОСТ Среда, 08 Јануари 2014

ЗАПОЧНУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ НА СТРУМИЦА ЗОМИМАК-М
20140108180423_tim.jpg

Ракометарите на Струмица Зомимак-М, утре во спортската сала „Парк“ го имаат првиот собир во 2014 година. „Рисовите“ подготовките ќе ги започнат во Струмица, од каде на 16.01 заминуваат на турнир во Словачка.

Од составот кој избори пласман во групната фаза од ЕХФ Купот, ќе недостасуваат Игор Милосављевиќ и Раде Стојановиќ, кој се пресели во норвешки Драмен. На утрешниот собир ќе отсуствува и Реваз Чантурија, кој има репрезентативни обврски за Грузиската репрезентација. На екипата од утре и се приклучува и новото засилување од Вардар, Стефан Терзиќ, кој како позајмен играч ќе настапува за „рисовите“ до крајот на оваа сезона.

До крајот на јануари се очекуваат уште две до три засилувања, кои ќе го комплетираат тимот за пролетниот дел.

http://www.rkstrumica.mk/view_vest.php?id=135

Инаку Иван Поповиќ бил ангажиран како втор играч во одбраната, заедно со Кукоски....
--- надополнето: 8 јануари 2014 во 21:11 ---
И званично Кире Митревски нов играч на Струмица Зомимак М...
АКТУЕЛНОСТ Среда, 08 Јануари 2014

КИРЕ МИТРЕВСКИ НОВО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА СТРУМИЦА ЗОМИМАК-М
20140108193905_kire%20mitrevski.jpg

Кире Митревски е новото засилување за Струмица Зомимак-М. Левиот бек кој досега настапуваше за екипата на Пелистер од утре се приклучува со тимот на струмичани.

Во текот на утрешниот ден и официјално ќе биде потпишан договорот и со тоа Митревски ќе стане второто засилување за „рисовите“ во зимскиот преоден рок. За утре исто така е закажан и стартот на подготовките за пролетниот дел.

http://www.rkstrumica.mk/view_vest.php?id=136
 
Кире Митревски освен за одбрана за напад е сосема бескорисен играч, нема прегледност на игра и едноставно чим прими топка шутира без разлика дали е во позиција или не, Спировски веќе 5 години не е активен ракометар живее во Австралија дали ке може да се врати во форма прашање но ако се врати во форма сигурно ќе биде солидно засилување за вашата екипа. Само не можам да го разберам потегот на вашата управа да држиш толку ракометари за една полусезона (во која бодовите не играат никаква улога), за потоа да го раскинеш договорот со најдобрите ракометари и да доведеш играчи кои во многу послаби екипи ги греат клупите.
 
Може да го земат и за одбрана... Незнам... Навистина некои потези на управата навистина ме изненадија посебно носењето на Кире Митревски... Спировски доколку биде земен ке биде најмногу замена на Везенковски, мада мислам дека се работи за шпекулација... Гледам дека и на фан страната на Пелистер си пишал па сакам тука да ти одговорам и за тоа...
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ЗОМИМАК не само што не се појача туку мислам дека и драстично ослабена е. Митревски во никој случај не можи да го замени Раде, при тоа му замина и онај кубанецот и Ходор Нахас му заминаа така да од бековите остана само Мите Караиванов и Ангеловски мислам дека се викаше бекот кој лани играше во Пелистер така да со овие засилувања Струмица се врати два чекори назад.
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Раде и да сакаа неможеа да го задржат... Колку што наслушнав се работи за многу повисока плата, плата која може да ја сонува и во Вардар и Металург камоли во Струмица... Нахас бил суспендиран од ЕХФ мислам ради зимање наркотици и неможе да игра ракомет во оваа сезона и затоа не дојде во Струмица, а за Јант (Кубанецот) ништо не покажа.... На 4-5 натпревари постигна само 1 гол против Овче Поле... Човекот беше тотално неспремен и тежеше минимум 120 кила... Едвај се движеше, а не ракомет да игра... А Милосавлевиќ е веке приказна за себе... Освен шут друго ништо немаше

Верувам дека управата ке направи добри потези и ке земе 1-2 квалитетни странски засилувања...

За составот моментален на РК Струмица

Голмани- Колев и Стојановски
Леви крила- Павле Атанасов(младинска школа) и Шалевски
Лев бек- Ангеловски,Јовица Младеновски, Караиванов и Митревски
Среден бек- Везенковски Златко
Десен бек - Терзиќ и Стојан Стојанов(младинска школа)
Десно крило- Чантурија
Пикери- Павловски,Тренчовски и Поповиќ? (кој ке игра најверојатно во одбрана)
Одбрана- Кукоски

На овој тим според мене му фали десно крило кој би го одмарал Чантурија, лев бек шутер(мада Јовица Младеновски е одличен, можеби ке му се даде шанса нему) и десен бек замена за Терзиќ бидејки сум сигурен дека со Вардар нема да игра... Јас не мислам дека тимот ослабен кујзнае колку... Секако ке недостасува Раде, но сега место лев бек класа имаме десен бек класа за разлика од слаб десен како што имавме и сосема солиден лев бек...
 
Од каде толку голема доверба во Терзиќ? Тој можеби е играч на Вардар ама искрено ништо посебно нема досега прикажано...
 
Од каде толку голема доверба во Терзиќ? Тој можеби е играч на Вардар ама искрено ништо посебно нема досега прикажано...

Штом играше во Хамбургер сигурно има нешто во него шознам... Но сигурно е подобар избор од Милосавлевиќ кој играше овде и само сакав да кажам дека Струмица не е кујзнае колку ослабена... Ослабена е на лев бек, но појачана на десен бек, а друго се е како од првиот дел од сезоната плус со еден одбранбен играч повеке доколку се постигне договор со Поповиќ... Тоа ми беше зборот...
 
Штом играше во Хамбургер сигурно има нешто во него шознам... Но сигурно е подобар избор од Милосавлевиќ кој играше овде и само сакав да кажам дека Струмица не е кујзнае колку ослабена... Ослабена е на лев бек, но појачана на десен бек, а друго се е како од првиот дел од сезоната... Тоа ми беше зборот...

За ослбена, појачана не знам ќе видиме (макар што мислам дека Раде беше пола тим), ама тоа што Терзиќ бил член на Хамбург и не вреди којзнае што со оглед дека таму воопшто и не играше мислам. Сигурно е талент, ама дали и колку моментално може да пружи ќе видите наскоро. Којзнае... А за да биде подобар од претходникот, верувам дека ќе биде, катастрофа беше србинот...
 
Младеновски со Кукоски добро се снаваѓаа у одбранта, само нападо да може да се појаче со лев бек и уше еден среден 5ка ќе биде мислам :D
 
Кире Митрески е земен само за одбрана според зборовите на тренерот...Најверојатно Јовица Младеновски ке добие шанса во напад, заедно со Мите Караиванов и Александар Ангеловски...
 
Раде и да сакаа неможеа да го задржат... Колку што наслушнав се работи за многу повисока плата, плата која може да ја сонува и во Вардар и Металург камоли во Струмица...

Верувам дека Раде ви бил 50 па можеби и 70% од тимот ама да речеш дека во Драмен имаат поголеми плати одколку во Вардар и Металург кои вртат милионски суми оваа сезона е малку навивачки колку да го оправдате дека си заминал.А навистинаа колку вредеше во моментов ќе знаевме ако останеше и играше против Вардар и Металург а не против Овче Поле,Пелистер ,децата на Металург и остали.
 
Не не... Не ме разбра... Сакав да кажам дека играч од негов калибар може да сонува дека ке добие таква плата во Вардар и Металург... Да не се лажеме Вардар и Металург сега имаат огромни буџети со по неколку милиони евра, но мислам дека ниту Вардар ниту Металург немаше да му понуди толку висока плата на Раде кој е веке во поодминати години, а за истите пари би добил некој талент кој во наредниот период би пораснал во светка ѕвезда од типот како што е моментално Кире или Карабатиќ... Тоа ми беше зборот... ;) Инаку за вториот дел... Напротив Раде не се докажуваше во Македонската лига, него се докажа сосема доволно против Архус и Макаби...
 
Да не се залажуваме Архус и Макаби се 3лига за Вардар и Металург
 
Да не се залажуваме Архус и Макаби се 3лига за Вардар и Металург

Но не и за остатокот од Македонската лига, а и од Балканот... Тоа не го негирам... Јас стварно незнам што сакаш да кажеш... Моментално на балканот ретко која екипа може да се рамни со Вардар и Металург... Ловчен кој игра во СЕХА лигата загуби од Макаби, од Балканот само уште две три екипи можат да се рамнат со Вардар и Металург, а гледаме дека и во Европа не се многу екипите кој можат да се рамнат со Вардар и Металург... А за Раде за квалитетот негов може само да се инатеме до утре сабајле... Раде е најдобар лев бек во Македонија... Ке кажеш Наумче е подобар од него, но Мојсо игра среден бек, а по потреба лев... Тоа е... Моментално може само Пецаковски да е со приближен квалитет на Раде, но никако подобар од Раде...
 
Квалитетот на Раде не е толку спорен. Реално е малку појак од Пецаковски и тоа е.

Ама искрено Ловќен и Макаби не се многу далеку од Пелистер/Тинекс Пролет. Победата над Архус има вредност, ама со многу груба игра. Реалната сила ќе се видеше на пролет во домашното првенство и во групите на ЕХФ купот. Вака нема да се види тоа загубата на Раде е огромна.
 
Груба игра во одбрана... Ами во напад каква е таа груба игра... Раде даде 13 гола во Струмица и 6-7 гола во Архус...
 
Груба игра во одбрана... Ами во напад каква е таа груба игра... Раде даде 13 гола во Струмица и 6-7 гола во Архус...

Не го коментирам Раде јас толку. Екипата нем да може да се види колку била реално јака.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom