Tiveriopol
Струмичанец
Терзиќ за Темпомк: Прашање на време е кога ќе играм за Зомимак М!
Македонскиот ракометен клуб Зомимак М би можел да биде вистинска конкурентна екипа на Вардар и Металург за вториот дел од сезоната во ВИП Супер машката лига, како и во националниот Куп.
Откако успешно ги минаа квалификациите, ќе играат и во новоформираниот Куп на ЕХФ, каде што успеаја да се пласираат во групната фаза, а таму за противници го имаат гигантот од Франција Монпеље, португалскиот Спортинг и данскиот Скјерн.
Последните 48 часа произлегоа информации дека поранешниот десен бек на бундеслигашот Хамбург и сегашен ракометар на Вардар (каде што не добива поголема минутажа покрај Петриќ и Душебаев) би можел да го засили Зомимак М.
19-годишниот играч кој претходно настапувал и за Борац Бања Лука ексклузивно за нашиот веб портал Темпомк.мк изјави дека сеуште не е дефинирано, официјализирано, но наскоро би можел да го нсои дресот на струмичките “рисови“.
“Да, произлегоа информации за околу евентуална можна преселба во Зомимак М, иако сеуште не е готово и дефинитивно, можам да речам дека би играл како позајмица, на половина година, но повторно ќе речам сеуште не се знае“.
“Би сакал да се преселам во редовите на Зомимак М и да настапувам таму, значи ќе речам повторно на половина година, со што би било добро за двете страни. И за мене да играм и тие да ја добијат мојата помош, да придонесам во играта на клубот. Мислам дека прашање е на време пред сето тоа да се реализира“, беа зборовите на ракометарот Стефан Терзиќ, кој лани ја освои Лигата на шампионите со Хамбург.
Струмичкиот состав е беспрекорен досега во нашата лига, без нитуеден пораз, од 13 натпревари остварени исто толку победи.
На позицијата десен бек засега игра Стојан Стојанов, а по заминувањето на Кубанецот Санчез, сигурно оправдан е интересот на Струмичани да ангажираат уште еден играч и заедно со искусните Раде Стојановиќ, Чантурија, Павловски, Караиванов, Шалевски, Везенковски, Кукоски и останатите од тимот да бидат вистинско освежување на домашната и европската сцена
http://tempomk.mk/?p=6112
И официјално
АКТУЕЛНОСТ Четврток, 19 Декември 2013
ТЕРЗИЌ И КУКОСКИ „РИСОВИ“ ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА
Стефан Терзиќ е новото име во струмички Зомимак-М. Деветнаесетгодишниот српски младински репрезентативец, кој игра на позицијата десен бек, до крајот на сезоната ќе настапува за „рисовите“ како позајмен играч од Вардар. Станува збор за исклучително талентиран играч, кој лани беше дел од Хамбург на фајналфор турнирот во Келн, каде со оваа екипа стана европски шампион.
Двете раководства постигнаа договор и за продолжување на позајмицата на Милорад Кукоски, кој во есенскиот дел беше столбот на одбраната на струмичани.
Во текот на утрешниот ден договорите ќе се официјализираат.
http://www.rkstrumica.mk/view_vest.php?id=120