Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Неможат да бидaт повеќе во право. Повеќе го интересира мрснана коса и играње голф отколку да се врати да помага одбрана и да издрибла еден просечен играч :D

Што да му прават?Да го милуваат по јајца?Јас мислам дека е заслужено..Проба,не се вклопи во Мадрид и нека си оди додека може да се земе добра пара за него..Еве го веќе пола и повеќе сезона го нема никаде,освен титулата во Купот друго ништо невидовме од него..А платен е премногу..
Не реков дека не се во право, само ова не е начинот.
 
Не реков дека не се во право, само ова не е начинот.
Балкански начин бе брат....ќутекот од рајот е излезен. Ако не му се игра фудбал малце ќе се сопне во некои ќутеци и ајт у некои помал клуб таму по Премиер.
 
Стварно нз на што мисли дечкото..
Дали на тоа за Бејл да си оди...ако е на тоа,и ако мисли дека тоа е нешто невозможно,греши многу :D
Eве и фановите почнаа да го напаѓаат (https://www.youtube.com/watch?v=A0TfReZpQh0 ), првата утакмица на Бернабе ќе има свирежи при секој допир со топка...и така почнуваат тие работи.а и 100кк+ за Перез,нема ни да размисли..тој Озил го даде,не па овој коњот..

А ако е за тоа да се донесе некој брз техничар на крило од типот на Стерлинг или Хазард,и ако мисли тоа да е фантазија,дечково не знае што значи Перез во модерниот фудбал и трансферите... :D

Мафни го овој Стерлинг не ни вреди да се поврзува со Реал. Преценет англиски талент. Азар е веќе друга класа.
Уствари ние имаме скроз ист играч како Азар во Хесе, ама џабе кога не добива воопшто шанса. Не се бара да биде нон стоп стартер, ама барем минутите што ги добива Педро во Барса може да го добива Хесе во Реал.

Не знам кој му курац со играњето на Бејл по секоја цена. Па не се сите играчи машини како Роналдо, па да се стремат кон тоа да бидат подобри. Баш затоа постојат замените, за да ги размрдаат малку стартерите. Скоро секој играч има периоди кога си го лади, ама баш тогаш за да го стегнеш ќе го заковаш на клупа и ќе си се врати како нов. Еве Енрике го седна Пике на клупа кога овој глумеше мамлаз па во последно време колку-толку се среди човекот. Вчера изигра супер меч. Истото можеше да го напрај Карло со Бејл, ама од не знам кој причини го остава во игра во секоја можна прилика. Хесе после повредата не е бог знае што ама тие мизерни партии од Бејл и некој од кантерата може да ги пружа.
 
Сите се согласуваме со тоа дека Бејл треба да седне на клупа...па можеби ќе му дојде паметот..ама која е причината за да не седне-никој не ја знае...
 
Сите се согласуваме со тоа дека Бејл треба да седне на клупа...па можеби ќе му дојде паметот..ама која е причината за да не седне-никој не ја знае...

Има Перез некој планови во Велс..Како што читав пред некое време,баш Родригез кога го купуваа,Перез има градежни компании и наводно добил тендер да градат патишта во Колумбија,и затоа го купи него..Исто и во Франција поголемиот дел од градбите,патишта,згради ги гради фирма на Перез..А со тоа и Бензема е главниот напаѓач у Реал,ни Хесе ни Чичарито не добиваат поголема минутажа..
 
Мислам дека форсирањето на Бејл е поврзано со Перез, барем прочитав некои статии. Перез сака да го направи по секоја цена најголема ѕвезда во Реал за живот после Роналдо, пред се во поглед на маркетинг придобивки.
Тоа е едната варијанта а другата е дека кај Карло постои една 11ка и ќе ја игра секогаш кога ќе се во можност да играат без разлика на форма, тактика, противник. Значи, што и да се случи Бејл ќе игра до крај сезонава макар не дал гол ни асистенција.

Според мене и двете варијатни се точни, Перез си најде тренер по желба кој нема проблем со форсирањето играчи по желба на претседателот, а од друга страна тренерот е таков што има доверба во една 11ка и не ја менува за ништо. Од сево ова може да се загуби многу особено на крај ако не освојат ништо. Се надевам после сезонава ќе се сменат некои работи во клубот, ако не го продаваат Бејл барем да му сменат позиција, таму веќе за кур не го бива.
 
Tреба, ама фактот што е платен 100 мил?
 
Tреба, ама фактот што е платен 100 мил?
Ако тренерот и претседател се задоволни од него кои сме ние да му судиме. :(

Само не ми е јасно, кога гледаат дека се мачи на таа позиција, зошто да не пробаат нешто друго со него, ете тоа. Кога можеа со Ди Марија, ваљда можат и со овој фудбалер кој наводно е многу поквалитетен.
 
Човекот почна со лев бек,потоа лево крило, па атакинг мидфилдер, па во Реал десно крило..

Сигурно дека може да има и други функции во тимот.
ДиМарија се смени.
Иско се смени.

Зошто да не и копукот?
 
Нека го дадат во Манчестер за 60 милки и Де Геа и ќе бидам најрадосен на светот !
 
Абе јебеш цената, Кака беше платен 70 милиони па играше и помалку текми, сеа до душа него и повредите го сардисаа па не може да се повлече целосна паралела со Бејл.

Мора, мора, мора, мора, мора да го седне на клупа. Исто ко што пекавме две сезни Бензе да седне на клупа. Тука го гледам истиот случај ко со дијамонд бој на времето. И залижаниов сега делува тотално незаинтересирано и флегматично на терен, усерува акции, не може да помине со топка ни подпросечен играч, па и Бартра би му ја зел топката у ваква форма.

Сите овие три месеци од новата година ги осеќаме последиците од неројатцијата. Првично преку повредите, кои рака на срце не се сите последица од замор. Секундардно преку огромниот пад на формата на речиси сите играчи. Крос издиша, Карвахал и Марсело исто, се осеќа замор и кај Бензема и Иско. Рамос, Пепе и Лука беа „пресечени“ од повреди па и тие ја немаат вратено формата. Роналдо прсечен од друго плус повреда, исто. За Хесе па да не зборам.

Значи тој воз, на навремено одмарање играчи преку широка ротација замина, тоа требаше да се прави периодот декември-јануари најчесто, не беше случај, па сега ги осеќаме директните последици од тоа.

И сеа шо? Треба да ги вратиме у форма играчите. За да ги вратиме, треба да играат. Хесе на пример воопшто не игра, ептен е шупачки тоа шо не му се дава шанса на сметка на коњот од Велс. Кедира па да не го спомињам, со него случајот е боже поможи. Ги хејтаме Чичарито и Иљара ама и они па не беа со можност да одиграат меч без обемен притисок и на позиција на која што знаат да играат, мислам на овој вториов.

Навас е па најгреота, мораше човекот повеќе шанси да добива, со тоа и Икер би запнал повеќе.

Карло сакаше да тера некој филм ала Симеоне лани, дека со вкупно 15 играчи, од кои 11 би играле 90% од утакмиците ќе истера цела сезона, без пехови во текот на истата. Исти кур и Мурињо е сезоанва. А забораваат дека немаат нарко билки од прашумите на Аргентина ко овој ненормалниов, па тоа да го издржат играчите.

На класико на пример немавме факинг џокер од клупа, очајно. Џамес фалеше многу, Хесе реков премалку добива можност да си врати формата, Чичарито па ич. Копиљон од другата страна го реши мечот со внесувањето на Бускец и Чави, двајца свежи средњаци наспроти нашиве приумрени.

И сеа испаѓа дека имаме на располагање претесен состав, без опции за ротација, а со таков да стигнеш до титула треба да си Клоп или Симеоне и да физички играчите ти се вонземски спремни. А шо е реалноста, реалноста е дека имаме не толку широк како лани, но сепак солиден состав за ротирање со асална замена за речиси секоја позиција. Проблемот е што Босот не го користеше тоа, не му успеа филмот, се заредија повреди и се сјеба све.

А време за поправање има премалку. Од пол позиција се ставивме во сенка и ситуација во која треба да чекаме кикс на конкурентот за да го вратиме врвот. Сеа останува само да се надеваме на чудо, спектакуларно кревање на формата на играчите и евентуално магија на најдобриот играч во светот, Лука Модриќ.
 
Ама пак навивачиве разбирам да маваат по колата од Бејл ама по Хесе , кој кур што им згрешил тој што сакаат тие за 5 минути игра што ги добива на несоодветна позиција за него да дрибла како меси или да шутира како Роналдо..
 
Знам дека на крајот ќе е залудно, ама сеуште се надевам. Мислам дека се може да се среди и да се врати како што било, за премногу краток период. Тајмингот на враќање на Лука, Џејмс и Рамос е совршен за тоа. Има време и да се консолидираат и да почнат пак да везат. Сите знаеме дека ако заиграат на средина Лука, Крос, Иско и Џејмс ќе ја имаме добитната комбинација. (Крос и Иско одморени, а Лука и Џејмс спремни)

Карло ќе ја одлучува иднината против најнезгодниот противник у ЛШ, а во Лига верујте ми дека сами ќе си одлучуваме. Барса ќе направи 3 кикса до крај, па не знам што да е. Е прашањето е како ќе одиграме ние. Наредниве натпревари се лесни, перфектно за да ги искомбинираме играчите, едни да се вратат во форма, едни да одморат и да одржуваат константност, а други целосно да се рекуперираат.

За целава ситуација, колку и да е крив Карло, толку и повредите влијаеа. Ги имаме најдобрите везњаци на светот, коа се во стање да играат.
Се е во рацете на Карло и се може да се смени за многу брзо време. Има поправен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom