Абе јебеш цената, Кака беше платен 70 милиони па играше и помалку текми, сеа до душа него и повредите го сардисаа па не може да се повлече целосна паралела со Бејл.
Мора, мора, мора, мора, мора да го седне на клупа. Исто ко што пекавме две сезни Бензе да седне на клупа. Тука го гледам истиот случај ко со дијамонд бој на времето. И залижаниов сега делува тотално незаинтересирано и флегматично на терен, усерува акции, не може да помине со топка ни подпросечен играч, па и Бартра би му ја зел топката у ваква форма.
Сите овие три месеци од новата година ги осеќаме последиците од неројатцијата. Првично преку повредите, кои рака на срце не се сите последица од замор. Секундардно преку огромниот пад на формата на речиси сите играчи. Крос издиша, Карвахал и Марсело исто, се осеќа замор и кај Бензема и Иско. Рамос, Пепе и Лука беа „пресечени“ од повреди па и тие ја немаат вратено формата. Роналдо прсечен од друго плус повреда, исто. За Хесе па да не зборам.
Значи тој воз, на навремено одмарање играчи преку широка ротација замина, тоа требаше да се прави периодот декември-јануари најчесто, не беше случај, па сега ги осеќаме директните последици од тоа.
И сеа шо? Треба да ги вратиме у форма играчите. За да ги вратиме, треба да играат. Хесе на пример воопшто не игра, ептен е шупачки тоа шо не му се дава шанса на сметка на коњот од Велс. Кедира па да не го спомињам, со него случајот е боже поможи. Ги хејтаме Чичарито и Иљара ама и они па не беа со можност да одиграат меч без обемен притисок и на позиција на која што знаат да играат, мислам на овој вториов.
Навас е па најгреота, мораше човекот повеќе шанси да добива, со тоа и Икер би запнал повеќе.
Карло сакаше да тера некој филм ала Симеоне лани, дека со вкупно 15 играчи, од кои 11 би играле 90% од утакмиците ќе истера цела сезона, без пехови во текот на истата. Исти кур и Мурињо е сезоанва. А забораваат дека немаат нарко билки од прашумите на Аргентина ко овој ненормалниов, па тоа да го издржат играчите.
На класико на пример немавме факинг џокер од клупа, очајно. Џамес фалеше многу, Хесе реков премалку добива можност да си врати формата, Чичарито па ич. Копиљон од другата страна го реши мечот со внесувањето на Бускец и Чави, двајца свежи средњаци наспроти нашиве приумрени.
И сеа испаѓа дека имаме на располагање претесен состав, без опции за ротација, а со таков да стигнеш до титула треба да си Клоп или Симеоне и да физички играчите ти се вонземски спремни. А шо е реалноста, реалноста е дека имаме не толку широк како лани, но сепак солиден состав за ротирање со асална замена за речиси секоја позиција. Проблемот е што Босот не го користеше тоа, не му успеа филмот, се заредија повреди и се сјеба све.
А време за поправање има премалку. Од пол позиција се ставивме во сенка и ситуација во која треба да чекаме кикс на конкурентот за да го вратиме врвот. Сеа останува само да се надеваме на чудо, спектакуларно кревање на формата на играчите и евентуално магија на најдобриот играч во светот, Лука Модриќ.