Pena Madridista de Macedonia
Разгалениот Мадридизам е незадоволен
-Но дали има право на тоа ?
Очигледно е незадоволството и револтот кај Мадридстите ширум светот поради слабите игри на тимот во последните неколку натпревари. Без разлика дали Реал Мадрид е европски шампион или не од него секогаш се очекува да доминира , да победува во секој натпревар, против секој противник, на било кој стадион , под било какви услови.
Но дали е тоа возможно во новата фудбалска доба ?
-Одамна нема слаби противници , сите тимови се составени од интернационални фудбалери , сите тимови имаат квалитетни стручни штабови кои анализираат , се подготвуваат и играат специфична тактика на игра во зависност од противникот против кого играат. Реал Мадрид од секогаш е бил противник против кој малите тимови даваат 100% од себе , оставаат душа и срце на терен, немаат што да изгубат. Новата доба на фудбалот е чудна, можете да го победите Баерн Минхен на нивен терен 0:4 но после неколку дена да бидете поразени од Ваљадолид не затоа што Ваљадолид е подобар тим од Баерн Минхен него затоа што сите знаат да играат фудбал.
Кои се причините за слабите игри на Реал Мадрид на почетокот од новата сезона ?
- Реал Мадрид направи промени на највиталните позиции во тимот , тимот има нови мозоци и креатори на играта, Родригез и Крос ги преземаа улогите на Ди Марија и Алонсо , а токму тие две позиции се клучната оска во било кој тим , тоа се позициите кои ги поврзуваат нападот и одбраната , тоа се позициите кои го креираат ритамот и начинот на игра. Двајцата нови фудбалери во почетниот состав тренираат само неколку недели заедно , нивните тренинзи можат да се избројат на прсти, логично и нормално е дека ке биде одреден временски интервал за вклопување на коцките и нивно компонирање во тимот.
Незадоволство кон Перез , Анчелоти, фудбалерите ...
-Лицемерно е да се обвинува , ова е период кој мора да се издржи , период кој мора да пројде. Анчелоти се реши за одредени иноваци во тимот , за свежа и млада крв и треба да се почитува неговата одлука, тој тоа го заслужи. Продавањето и купувањето на фудбалерите е договор помеѓу Анчелоти и Перез , ниту Карло ке дозволи Флорентино да одредува кои фудбалери ке бидат продадени и купени ниту пак Флорентино ке дозволи Карло да одредува за кој колку треба да се плати а за кој колку треба да се наплати, работите не се црно - бели . И Карло и Флорентино мислат и работат за најдоброто на клубот , имаат свои замисли и визии за кои сеуште е рано да судиме дали тие биле исправни или не , времето само по себе ке го донесе својот суд , а ние ке бидеме сведоци на пресудата.
- Мадридизмот во целиот свет посакува Реал Мадрид да доминира , да победува на секој натпревар , да постигнува многу голови но тоа реално не е возможно, ако сакаме да се радуваме мораме да бидеме спремни и да страдаме , ке страдеме сега но ке се радуваме во Мај , го имаме еден од најуспешните претседатели во историјата на фудбалот , го имаме еден од најуспешните тренери во историјата на фудбалот , во Реал Мадрид играат најдобрите фудбалери на денешницата и затоа имаме право на оптимизам, реални се нашите големи очекувања , веруваме и очекуваме шампионски фудбал и нови пехари во новата сезона но мораме да имаме трпеливост.