Ај да не биде дека тролам нонстоп ќе пишам еден посериозен и подолг пост како резиме за летово и дешавките во клубов ни.
Требаше навидум мирно лето да дочекаме со прчење на курот. Евентуално 1-2 засилувања да пополниме таму кај што сме тенки напаѓач и евентуално еден средњак. Ете ко веќе го зедовме Крос тој требаше да биде во ротација со Модриќ/Марија. Тој дава друга димензија со неговата игра што е добредојдена во сезона со 50+ утакмици. Напаѓач ко замена за телето.
НО! Големо но. Ние што правиме... кога најдовме формула за успех ние допишуваме еден минус и резултатот се мења. Несакаа да му дадат нов договор на Ди Марија кој после Роналдо е единиствениот што заслужува такво нешто... тие му доведоа играч на таа позија со дупло поголема плата (тип на играч кој ни седи на клупа уште од лани и нема никаква потреба а и ист ко него) и како најголема глупост од се му го продолжија договорот на ФАКИНГ БЕНЗЕМА ( кој патем освен голот против Бајерн 04 кој и Мората ќе го реализираше не направи ништо значително оваа сезона за да покаже дека заслужува нов договор).
На времето го хејтав Марија несакав да дојде во Реал пошто не ми беше квалитет за Реал но со времето ми го промени мислењето. Дечкото од лево крило кај нас играше се освен лево крило и кога фејлнуваше дополнуваше со трчање и тоа баеги трчање. Играч на натрпреварот во финалето на КДР и во финалето од ЛШ тие го продаваат. НО СЕНС
Дечкото за кој сите сметавме дека е мотор на тимот и се колневме да е жив и здрав да може да ни ја држи средината си замина на 2 дена од крајот на трансфер периодот. Клубот не се ни потруди да го задржи...
Фактички откинаа 2 од 3 органи кои ни ја движеа играта и функционираа да ги изгазиме сите тимови лани.
Играчиве што ги донесоа не ми прават некој ќеф нити верувам дека ќе можат достојно да ги заменат гореспоменативе. Крос го има тој дијагонален пас ко Чаби али ја нема неговата борбеност на теренот нити авторитетот. Ми делува ко пиченце (тука се сложувам со Бајерн 04 фанојте) ако тој е замена за Марија тогаш утка. Ако е земана за Чаби и тогаш утка освен ако преку ноќ не научи да игра дефанзива и да зацрврстне.
Џамесов не го ни препознавам веќе. По фацата му се гледа дека ќе го стрефи пролив од страв и притисок. Се понаша ко мене пред испит у Август. Ја фаќа топката и за 0.3 секунди се ослободува од неа. Мек е при дуелите... споро ми делува. Иско уплашена верзија. Но не го оценувам на 3 утакмици ваљда ќе му помине тремата и ќе почне да игра барем половина од тоа на СП.
Да се вратам на староседелциве. Секоја година се инвестираат 200милиони во играчи кои веќе ги имаме претежно во средниот ред. Кога ќе им текне да донесат играч од одбраната... до кога ќе треба да ги трпам оние двајца дибеци несинхронизирани а играат заедно 8-9 години. Ебати дибеците... да не беше лани чудото што им се деси и некоја дивајн мотивација да изиграат така против Бајерн 04 сега ќе си драпавме мевот само со КПД. Нити Марија ќе го правевме најак играч тогаш ќе го бркавме и ќе продадевме пола екипа ( како што сторивме ова лето али без помалце пцуење). Едноставно не научија да играат одбрана... тешки кискери кога ќе ги видам со ножички избиваат у петерец или му прави клизачи ми се вртат цревата ќе го повратам бурекот од доручек.
Малиов Карвахал ме инпресионира со борбеноста но често е претрупец и остава простор да го насамарат ко магаре. И тој станува склон кон кискови ко другариве му. За Марсело нејќам да коментирам ко лев бек. Него нека го стават да игра крило замена за Бејл или Роналдо. И така на клупата немаме крила. Ваљда некоја таква улога повеќе би му одговарала од лев факинг бек.
Неможе тим кој има ваква одбрана со голман киксер и ван форма да си дозволи да нема деструктивец. Оставија играч ко Иљараменди .... патем сиротиот на клупа си седи. Али неможе од него да се очекува на потешкиве утакмици што ќе ги имаме во борбата за опстанок таков лик да ти е деструктивец... освен што делува деструктивно на нашата игра друго од него не очекувам.
Го оставија Сами со 1 година од договорот и го играат кога се брка резултат. Човекот во Јануари како што гледам ќе си преговара со некој тим од средината на табелата во Бундес. Ќе му падне формата на 0 а и којзнае на кое ниво му е моралот.
Тренерот е самиот прича за себе. Првин задоволен од тимот па после дека нема засилувања па нема заминувања а се се деси. Па сега тимот кога се сведе на 15 играчи него и даље не му требат играчи. Затоа прави вакви нубовски измени кога се брка резултат со Арбелоа и Кедира... измени што ни јас не ги правам на ФМ кога на клупата имам само дефанзивци и деструктивци.
Според мене нека се опаметат нека земат каков таков играч кој ќе го мења телето макар тоа бил и Дориан Бабунски и нека почнат да играат со дефанзивен играч за врска матер им ебам.
Кејлор
Карвахал - Варан - Рамос - Коентрао
Кедира
Модриќ - Крос
Бејл - Чичарито - Роналдо