Ди Марија замина оној момент кога отиде јавно со барање на подобар договор. Мислиш дека за џабе беа оние изјави кога пред светско изјавуваше дека не е сигурен дека ќе остане во Реал?
Хамес играше 3 утакмици на кои немаше конкретна позиција. Она што можам да го кажам сега е дека и те како е потребен, по заминување на Чаби.
Прошла сезона никој не очекуваше Иљара да биде толкава утка, така да не успеа да го замени Алонсо. Модриќ имаше замена во Кедира. Крилата ни беа Хесе, Бејл, Ди Марија, Иско~, напаѓачи Бензема, РОналдо, Мората. Значи имавме замени за сите играчи, но сепак квантитетни замени, не квалитетни.
Проблемот сега е што Карло знае со кои играчи си има работа. Знае дека Иљара не може да замени никого, знае дека Кедира сака да си оди од клубот, знае дека Иско нема конкретна позиција на теренот како и Хамес. Тоа му ги остава само Крос и Модриќ како сигурни средњаци. Од друга страна ја изгуби онаа острина на средината со заминувањето на Ди Марија.
Значи Карло треба да стартува од нула сезонава ако сака да има некаков ефект. Има комплетно нов тим на располагање. Да не си одеше Чаби единствена промена од лани ќе беше Крос на местото на Ди Марија, со тек на време ќе научеа како да играат заедно, а Хамес и Иско ќе добиваа минути против послаби екипи така да ќе имаше ротација помеѓу Крос, Модрич и Алонсо.
Вака сега ги имаме само Модриќ и Крос кои ќе треба да ги играат сите можни утакмици, околу 50+, треба да останат здрави, во форма, бидејќи ако изгубиме еден од нив тимот ослабува за 50%. Е сега треба да имаш слика зошто заминување на Чаби 3 дена пред истек на трансфер рокот е срање ситуација.