Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Кој Карло бе, он е безгласна буква кога е во прашање трансфер политикава, освен во зделката со Крос нема никаков удел во ниту едно доаѓање или заминување. Тој имаше на своја листа други играчи, ниту еден од тие не му донесоа. Флорентино и ложата си најдоа тренер кому може да му купуваат и продаваат секого, а тој да си ќути и да си работи.

hqdefault.jpg

hqdefault.jpg
 
Абе колку да звучи глупо, тоа се дешава во клубов веќе деценија. Истите гарнитури кои го наместија Калдерон, го избркаа Мурињо, го спасија Касиљас... поддржани од пола новинари кои го тупат мозокот на Шпанците, верувам дека се умешани и во ова што се дешава летово.

Ете еден пишал: Заминувањето на Алонсо е лошо за на терен, но добро за соблекувалната.

Немој да ме јебеш, баш обратно е. Уште лани кога се најавуваше заминување на Чаби јас бев помирен дека ќе замине и викав дека со тоа нема играчки да изгубиме многу (пошто го земавме Иљараменди лол), но ќе загубиме многу на мотивирачки план у соблекувалната, каде овој беше еден од тие на кои им остана пристапот кој го имаше Мурињо во поглед на мотивација. Истиот случај е и со Арбелоа, одма ќе најдеш подобар десен бек, ама тој нема да има влијание во соблекувалната ко овој.

Јебига, ја сум на став дека сето ова можеше да се реши со еден потег, пуштање на Касиљас, но они како и што се очекуваше го одбраа другиот и сега пак остануваме со раскарана соблекувална и играчи на кои очигледно им прекурчило од политиката и виделе не виделе ќе си заминат.

Единствено на што му замерувам е тоа што го одбрал Баерн, не мораше баш кај крвникот, али ете двајцата манекени со Гвардиола ќе снимаат заеднички рекалми сеа.
 
Добро бе у задњи пет минути од трансфер период, го даваш столбот на цел тим од изминатите 5 години. Пред два дена го дадовме моторот на тимот, а еве денес и мозокот.
И тоа каде си иде еј. Исто како во Барса да си отишол, ко што вика Дреин. Не можам да го замислам во тој дрес, а и не му ја сфаќам логиката да си замине. Освен дека не бил задоволен од трансфер политикава, па му прекурчило. После онаа радост во финалето, таков мотиватор на тимот да замине е апсолутно нелогично.

Што стои позади сево ова?
И на почеток реков дека е потребно освежување на тимов, со еден-највеќе двајца да дојдат(напаѓач, кој не ни дојде) и Крос. И да си замине Касемиро. А не да правиме цела реконструкција на шампионски тим.
А ние? Го зимаме Џејмс, тотално непотребен играч(со Иско ќе се бореа кој да седи на клупа), го зимаме факинг Кејлор, а го бркаме Лопез, еј Лопез. Го носат Крос што е оправдано, а го бркаат Ди Мариа и го бркаат Чаби, на сметка на Иљараменди да остане.

Кедира си бара нов тим, ако не сеа, може во јануари да го заборавиме веќе и Арбелоа си го спрема патот, пошто не му мириса и него добро иднината. На крајот и Иљара ќе го шибнат на позајмица во Билбао(сите зборите за ова, иако мене не ми е веројатно) и ќе го донесеме Фалкао? Даваш Мариа, Алонсо и веројатно еден од Кедира или Иљара и го носиш Фалкао после страшна повреда за ебени 60 МИЛИОНИ?
Се одјавувам.
 
Перез баш кур го боле шо ние мислеме и сакаме. На крај пак ќе купете дрес ид крос и џамес и ќе си свиркате и вие и тој.
 
Denes od 15 za 6..
I nagradata za najdobar fudbaler vo Evropa..

CR7 e nominiran
 
Работата е што освен Ди Марија никој не може да игра на местото на Ди Марија. Ројс нема шанси да дојде 3 дена пред истек на трансфер рок, Хамес е смешка на таа позиција. Ваљда може да се проба со Бејл, ама којзнае дали ќе го биде таму. Пред да почне сезоната Карло изјави дека 4-3-3 ќе биде стандардна позиција, и сега одеднаш го губи Чаби Алонсо, а пред неколку дена го изгуби Ди Марија.
Ја кур си сечам ако знае Карло што се дешава во тимот и дека има некакво си влијание во избор на играчи, Перез купува играчи и после им бараат позиција на теренот.
Горе доле да речеме дека ги имаме играчите кои ќе го заменат Алонсо. Меѓутоа ако еден од Модриќ или Крос се повреди тогаш сме го наебале. На квантитет сме ок, ама на квалитет не. Иљараменди е изгубен, Кедира си бара нов клуб. Значи остануваме со двајца квалитетни средњаци што не е ок. Алонсо да напуштеше порано ќе беше добро, бидејќи ќе имаше начин да му се бара квалитетна замена, овака у 5 до 12, според доста извори Пеп наводно го убедил после телефонски разговор, попичкарски од ова здравје. Нека си ебе матер, не пишувам веќе за него, ако Ди Марија и Озил биле пички тогаш ова копиле не треба ни да се спомене. Исто како во Барса да отишол.

А како беше прошла сезона со Чаби и Иљара, ем Кедира повреден беше? Што знам, од она што го видов, моментално Крос е класа над Чаби. Најголемата утка со трансферите е Хамес, не викам дека е лош играч, само е тотално непотребен во Реал. Најсилното оружје на Реал лани против големите тимови, во моменти кога беа во подредена улога или беа притиснати, беа контрите, не постои подобар човек од Ди Мариа ко организатор на контри, дистрибутер на топки и тркач за таа работа, и не само во Реал, туку и во Аргентина. Реал си го продаде најкорисниот играч, али тоа е кога трансфер политиката се креира според мислењето и расположението на претседателот, а не тоа што реално му е потребно на тимот. А моментално најпотребен му е напаѓач, зошто Бензема не може да задржи топка повеќе од 3 секунди кога е под притисок. Се ќе беше поинаку доколку плеснеше огомна сума за напаѓач пред светско, немаше ни Хамес да дојде, немаше ни Ди Мариа да замине.
 
Ди Марија замина оној момент кога отиде јавно со барање на подобар договор. Мислиш дека за џабе беа оние изјави кога пред светско изјавуваше дека не е сигурен дека ќе остане во Реал?
Хамес играше 3 утакмици на кои немаше конкретна позиција. Она што можам да го кажам сега е дека и те како е потребен, по заминување на Чаби.

Прошла сезона никој не очекуваше Иљара да биде толкава утка, така да не успеа да го замени Алонсо. Модриќ имаше замена во Кедира. Крилата ни беа Хесе, Бејл, Ди Марија, Иско~, напаѓачи Бензема, РОналдо, Мората. Значи имавме замени за сите играчи, но сепак квантитетни замени, не квалитетни.

Проблемот сега е што Карло знае со кои играчи си има работа. Знае дека Иљара не може да замени никого, знае дека Кедира сака да си оди од клубот, знае дека Иско нема конкретна позиција на теренот како и Хамес. Тоа му ги остава само Крос и Модриќ како сигурни средњаци. Од друга страна ја изгуби онаа острина на средината со заминувањето на Ди Марија.
Значи Карло треба да стартува од нула сезонава ако сака да има некаков ефект. Има комплетно нов тим на располагање. Да не си одеше Чаби единствена промена од лани ќе беше Крос на местото на Ди Марија, со тек на време ќе научеа како да играат заедно, а Хамес и Иско ќе добиваа минути против послаби екипи така да ќе имаше ротација помеѓу Крос, Модрич и Алонсо.

Вака сега ги имаме само Модриќ и Крос кои ќе треба да ги играат сите можни утакмици, околу 50+, треба да останат здрави, во форма, бидејќи ако изгубиме еден од нив тимот ослабува за 50%. Е сега треба да имаш слика зошто заминување на Чаби 3 дена пред истек на трансфер рокот е срање ситуација.
 
Трансферот на Хамес според мене го поремети цел клуб.Прво немаше никаква потреба од него а второ самата цена.Јас со 80те милиони фрлени за него потполно изгубив осет за цениве на играчиве и не знам што да очекувам во иднина.Ако сакаше ѕвезда подобро да купеше ѕвезда напаѓач кој што и стварно ни треба.Воопшто не ми се свиѓа ова сценарио кое и дојде некако неочекувано.Само со Крос и уште еден напаѓач ќе беа Реал пак фаворити во Европа појаки од лани ќе беа.Едино што се тешам е тоа што Анчелоти е на клупа и колку толку ми е поавторитетен од предходниците што беа.Нешто ми вика дека следи доста заебан период за Реал.
 
Ди Марија замина оној момент кога отиде јавно со барање на подобар договор. Мислиш дека за џабе беа оние изјави кога пред светско изјавуваше дека не е сигурен дека ќе остане во Реал?
Хамес играше 3 утакмици на кои немаше конкретна позиција. Она што можам да го кажам сега е дека и те како е потребен, по заминување на Чаби.

Прошла сезона никој не очекуваше Иљара да биде толкава утка, така да не успеа да го замени Алонсо. Модриќ имаше замена во Кедира. Крилата ни беа Хесе, Бејл, Ди Марија, Иско~, напаѓачи Бензема, РОналдо, Мората. Значи имавме замени за сите играчи, но сепак квантитетни замени, не квалитетни.

Проблемот сега е што Карло знае со кои играчи си има работа. Знае дека Иљара не може да замени никого, знае дека Кедира сака да си оди од клубот, знае дека Иско нема конкретна позиција на теренот како и Хамес. Тоа му ги остава само Крос и Модриќ како сигурни средњаци. Од друга страна ја изгуби онаа острина на средината со заминувањето на Ди Марија.
Значи Карло треба да стартува од нула сезонава ако сака да има некаков ефект. Има комплетно нов тим на располагање. Да не си одеше Чаби единствена промена од лани ќе беше Крос на местото на Ди Марија, со тек на време ќе научеа како да играат заедно, а Хамес и Иско ќе добиваа минути против послаби екипи така да ќе имаше ротација помеѓу Крос, Модрич и Алонсо.

Вака сега ги имаме само Модриќ и Крос кои ќе треба да ги играат сите можни утакмици, околу 50+, треба да останат здрави, во форма, бидејќи ако изгубиме еден од нив тимот ослабува за 50%. Е сега треба да имаш слика зошто заминување на Чаби 3 дена пред истек на трансфер рокот е срање ситуација.
На Чаби сигурно од небо не му паднало да си оди во 5 до 12, беше свесен дека покрај Крос ќе си грее клупа и дека Карло ќе го игра Крос на негова позиција. Плус тука е Иско кој е флексибилен и би прифатил да ротира, а и лично јас Чаби и Крос не би ги играл заедно.
 
http://www.elconfidencial.com/depor...i-y-arbeloa-abren-la-puerta-de-salida_181412/

http://www.elconfidencial.com/depor...iker-casillas-cena-a-tres-en-la-finca_181869/

и добар коментар:

Florentimo pasar por ser un tiburón blanco. Pero más bien me parece un fenicio sinuoso y traicionero. No actúa con nobleza. Sabiendo que Casillas fue el responsable de las filtraciones a la prensa, y estando en una baja forma indudable, le deja a él y echa a Diego López. A James le ficha para abrir puertas a ACS en Colombia y fuerza la salida ade Di María que cobraría menos que el colombiano. Ahora Xabi Alonso se va y el centro de campo queda en mínimos.

Прочитајте.

* Не ми скокајте дека е на шпански, разбирате, ако не има транслејт. :нинџ:

Очигледно е дека нешто пукнало. „Капитенот кој го продаде своето Ферари“ ги молел вториот капитен и најдобриот играч за поддршка. Јебига, решиле дека ќе ги чистат остатоците од Мурињо.

Летово е ко да го пишувал Џорџ РР Мартин. Освојуваш Ла Десима, со тоа очекуваш сите проблеми од минатите сезони ако не да се решат барем да се пикнат под тепих, компактната екипа да се задржи, да не се расфрла со нелогични трансфери, во втората сезона тимот да биде уште појак... тоа се дешава обратното. Очигледно е темпирано ова, сега имаат алиби, лани се освои Децима па ајде може уште три години да отпаднеме у осмина финале или слично. Нејќам да биде така, ама ова многу личи на трансфер рокот пред 10 години заради кој клубот патеше на резултатски план и константност 5-6 години.

На Чаби сигурно од небо не му паднало да си оди во 5 до 12, беше свесен дека покрај Крос ќе си грее клупа и дека Карло ќе го игра Крос на негова позиција. Плус тука е Иско кој е флексибилен и би прифатил да ротира, а и лично јас Чаби и Крос не би ги играл заедно.

Значи нема шанси Алонсо да заминал заради неиграње или слаба минутажа што ви е. Проблемот е на лична основа заради односи во соблекувалната, уверен сум. Слабата минутажа и останувањето на Кедира може да има удел, ама тоа не е клучното.
 
Арбелоа во Арсенал најверојатно, има вести околу тоа во шпанија.

Ни фалат играчи, а што е најлошо не не поврзуваат со никој моментално. Ја би радо напаѓач и дефанзивно ориентиран средњак под хитно.
 
10574472_677702175654688_738712803290432384_n.jpg

Неам срце веќе да го наречам господин.

Пс. Мора двајца играчи најмалку да се донесат во овие 3-4 дена.
 
Арбелоа во Арсенал најверојатно, има вести околу тоа во шпанија.

Ни фалат играчи, а што е најлошо не не поврзуваат со никој моментално. Ја би радо напаѓач и дефанзивно ориентиран средњак под хитно.

Де Шиљо, Луиз Густаво и Љоренте. Овој вториов е најблиску пошто се споменуваше и ако замине Кедира. За сите тројца нема време, за овој првиов и поарно шо нема...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom