- Член од
- 8 април 2007
- Мислења
- 16.034
- Поени од реакции
- 9.126
Модриќ никогаш не беше промашен трансфер. Уште од првиот ден се гледаше за што фудбалер станува збор и каде треба да игра. Самото тоа што немавме некоја добра пас игра туку Чаби - Роналдо префрлување на теренот го лимитираше неговиот потенцијал. Сега тоа што имаме солидна пас игра го истакнува неговото присуство на теренот.
Никој не го гони Иско од Реал, најмалку јас. Али тој самиот ќе си побара да си оди а мене ама баш ич нема да ми е жал. Сме губеле многу подобри играчи од него па сепак Реал преживеал.
Точно дека сите знаеја каков играч е Модриќ, ама ланската сезона му беше ептен лоша (што поради немањето подготовки, што поради лошата позиција, нова средина итн). Ама ете и на Иско не му е погодена позицијата, можда у наредниов период ќе се навикне на “лажна деветка“ па ќе го биде и него. Не верувам дека така лесно ќе се откаже.
А ако сам сака да си замине, мене па уште помалку ќе ми биде криво. Најлошо е да чуваш играч кој е незадоволен во клубот, па колку и да е добар истиот. Исти случај и со Озил.